Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Дневен хороскоп за понеделник – 24 февруари

by Уредник
23.02.2025
in Uncategorized
Дневен хороскоп за недела – 23 февруари

Овен

Не дозволувајте незавршените деловни обврски да ви го одвлечат вниманието од плановите кои ги имате со семејството.

Ако сте во брак, комуникацијата со партнерот денес ќе ви оди тешко.

Некои Овни ќе „откријат“ ново место за пиење кафе кое веднаш ќе им го препорачаат и на пријателите.

Бик

Наградата и напредокот на работа се сосема сигурни, само треба да почекате уште малку време.

Ако сте сингл, можно е лесно да влезете во врска, но исто така лесно и да ѝ ставите крај.

Денес опуштете се во друштво на вашите драги луѓе.

Близнаци

Само што помисливте дека можеби нема решение и дека залудно се обидувате, некој колега ќе ви помогне.

Денес дружете се што е можно повеќе, друштвото дури и на луѓето кои не ви се блиски ќе ви годи.

Некои Близнаци е можно да почувствуваат дека имаат проблеми со синусите.

Рак

Продолжете со стабилно темпо и работата што ја знаете најдобро, затоа што ќе имате можност за напредок.

Слободните Ракови е можно да почнат љубовна врска со личност што ја запознале преку работа.

Денес и во следните неколку дена се можни проблеми со циркулацијата.

Лав

Денес некои Лавови ќе влезат во конфликт со претпоставените поради разликите во ставовите и идеите.

Можно е да се заљубите, но и да страдате, бидејќи ќе мислите дека вашиот партнер не може да ги разбере вашите чувства и потреби.

Здравјето ви е променливо – можна е мала кашлица.

Девица

Денес ќе имате недоразбирање со колегите кои мислат дека сте премногу директни и искрени за нивниот вкус.

Дома избегнете сериозни дискусии, кои сигурно ќе ве доведат во конфликти со вашата сакана личност.

Недостигот на пари ве прави нервозни, но издржете уште некој ден до плата.

Вага

Желбата за промена на работното опкружување станува сè понагласена.

Слушајте ги вашите инстинкти во комуникацијата со некој сосед.

Љубовта ви се насмевнува со помлада личност – иако постои значителна разлика во возраста, ќе бидете задоволни и сполнети.

Скорпија

Некои Скорпии сериозно ќе размислат за дополнително школување или курс за дообразование.

Ако сте во искушение да влезете во тајна љубовна врска, размислете дали ќе повредите некого со тоа.

Не го прескокнувајте вежбањето – времето поминато во теретана ќе влијае добро на вашето физичко здравје.

Стрелец

Денес е особено поволен ден за работа, а напредок може да очекуваат оние што се занимаваат со уметност и хумани професии.

Повеќето Стрелци денес ќе ги очекуваат радикални промени на љубовен план.

Можни се мали проблеми со притисокот.

Јарец

Вашата енергија денес ќе ја насочите кон другите и грижата за нив, па нема да имате време за себе.

Ако сте сингл, со прифаќање на некој што е моментално пред вас, ќе си отворите нови видици и можности.

Денес не е најдобар ден за трошење пари – воздржете се.

Водолија

Денес пред вас ќе се појават некои нови деловни можности, кои ќе ви се добредојдени ако размислувате за промена на работното место.

Можно е да бидете сосема нетолерантни со партнерот, без да размислите за последиците.

Ќе се чувствувате „посилни“ – нагласено е подобрување на имунитетот.

Риби

Конечно ќе ви се зголеми ентузијазмот, ви се подобрува животната енергија, а вие ќе станете поотворени.

Искористете го овој ден за да ја подобрите комуникацијата со вашиот партнер.

Обрнете внимание колку внесувате шеќер во организмот, бидејќи е можно да имате вишок тежина, но и висок шеќер во крвта.

Next Post
Колач од јогурт и лимон, мек и сочен десерт кој ќе го обожавате

Колач од јогурт и лимон, мек и сочен десерт кој ќе го обожавате

Политички земјотрес во Германија: АфД со рекорден успех, Шолц поразен!

Препорачани Вести

Рускиот претседател Владимир Путин во незавидна положба, Трамп повторно му го сврте грбот – светот пред нова неизвесност, што ќе се случува?

Рускиот претседател Владимир Путин во незавидна положба, Трамп повторно му го сврте грбот – светот пред нова неизвесност, што ќе се случува?

7 months ago
[ФОТО] Се запали возило кај Билна аптека

[ФОТО] Се запали возило кај Билна аптека

8 months ago

Популарни Вести

  • Трамп тврди дека Путин се согласи на еднонеделен прекин на огнот во Украина поради студеното време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Запрена истрагата за 11 полицајци во „Пулс“ – Експертите предупредуваат дека обвинението создава магла, не правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Професорката Каракамишева најнов дел од тимот на премиерот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вкупен дневен промет од 25,9 милиони денари, стабилен обврзнички пазар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсење на граничниот премин Табановце – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.