Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Железницата се враќа во игра: Брз воз од Скопје до Солун за 2 часа!

by Уредник
24.02.2025
in Uncategorized

Во синоќешниот поткаст „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“ гостуваше директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски, кој најави амбициозен план за модернизација на железничкиот сообраќај во Македонија.

Тој истакна дека изминатите осум години инфраструктурата била занемарена, но новото раководство веќе работи на обновување и подобрување на железничките линии. Ивановски потенцираше дека дел од возовите не биле во функција поради тоа што немале тркала, што е резултат на долгогодишен институционален немар.

Но, сега Владата има јасна визија – до 2032 година, Македонија ќе има брз воз кој ќе овозможи патување од Скопје до Солун за неполни два часа и до Белград за нешто повеќе од два часа. Новите возови ќе достигнуваат брзина од 200 км/ч за патнички и 120 км/ч за товарен сообраќај.

„За жал, за осум месеци не може да се исправи сè што било запоставено осум години, но нема оправдувања – работиме напорно за да ја вратиме железницата во функција и да го поврземе регионот“, изјави Ивановски.

Со оваа модернизација, железничкиот транспорт ќе стане побрз, поекономичен и поеколошки, а Македонија конечно ќе биде дел од модерните железнички коридори во Европа.

Next Post

ОРБАН СПРЕМА ОФАНЗИВА: Нов закон ќе удри по странското влијание!

Ден Бонџино назначен за ЗАМЕНИК ДИРЕКТОР НА ФБИ – Мицкоски пред месец дена оствари средба со него

Препорачани Вести

99% од луѓето не можат да го пронајдат кучето на фотографијата: Доколку го забележите, имате совршен вид [ФОТО]

99% од луѓето не можат да го пронајдат кучето на фотографијата: Доколку го забележите, имате совршен вид [ФОТО]

9 months ago

САД подготвени за удар врз Венецуела, Мадуро предупредува на „насилна промена

5 months ago

Популарни Вести

  • Агресивно однесување при полициски претрес: Лишен од слобода 35-годишник од Тетовско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Меѓународните партнерства клучни за одржлива енергетска транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Уставни измени нема да има без гаранции за правата на Македонците во Бугарија и за ослободување од ново вето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ испраќа итна помош за Украина и Молдавија од 153 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски со убави вести за македонските професионални возачи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.