Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Галатасарај го обвини Мурињо за расизам, откриено што направил

by Уредник
25.02.2025
in Uncategorized
Галатасарај го обвини Мурињо за расизам, откриено што направил

Галатасарај го обвини Жозе Мурињо за расистички изјави и соопшти дека ќе поведе кривична постапка против тренерот на Фенербахче поради неговите коментари по ремито 0:0 во Супер лигата во понеделник.

Иако не беше јасно на кои изјави мислат во Галатасарај, Мурињо рече дека клупата на домашниот тим „скокаше како мајмунска и дека натпреварот ќе беше катастрофален доколку го водеше турски судија“.

Натпреварот во понеделникот го судеше Словенецот Славко Винчич, откако двата клуба побараа странски арбитер да ја преземе таа должност во исклучително жешкото дерби на турскиот фудбал.

Галатасарај објави на X дека Мурињо „постојано давал погрдни изјави насочени кон турскиот народ“ откако ја презеде својата улога во лигата.

„Денеска неговиот говор ескалираше надвор од обични неморални коментари во недвосмислено нехумана реторика. Со ова официјално ја објавуваме нашата намера да покренеме кривична постапка во врска со расистичките изјави на Жозе Мурињо и соодветно ќе поднесеме формални жалби до УЕФА и ФИФА“, соопшти клубот.

Поранешниот прв тренер на низа европски фудбалски великани, Португалецот Мурињо, претходно беше казнет и суспендиран поради неговите коментари за турски официјални лица на натпреварот. Португалецот на прес-конференцијата по натпреварот повторно беше критичен кон турските судии.

„Отидов во соблекувалната на судијата по натпреварот. Секако, таму беше четвртиот судија, турскиот судија“, изјави Мурињо на прес-конференција. „Му реков на Винчиќ – ти благодарам што дојдовте овде бидејќи доаѓате на голем натпревар и вие сте одговорни за овој голем натпревар. Се свртев кон четвртиот судија и му реков дека, да сте вие ​​судија, овој натпревар ќе беше катастрофа.

Мурињо го пофали и Винчич што не му дал жолт картон на дефанзивецот Јусуф Акчичек на почетокот на натпреварот и покрај жестоката реакција од клупата на Галатасарај, за која Португалецот рече дека е „мајмунска“.

Фенербахче во вторникот објави соопштение во одбрана на Мурињо, велејќи дека неговите коментари се извадени од контекст и намерно искривени.

„Како што секој разумен човек може да види и разбере, овие изрази со кои Жозе Мурињо ја опиша екстремната реакција на стручниот штаб на противничкиот тим на судиските одлуки за време на натпреварот, во никој случај не може да се поврзат со расизам“, се вели во соопштението на клубот.

„Обидот да се прикаже овој дискурс како расистички е целосно злонамерен пристап. Ја информираме јавноста дека ќе ги оствариме нашите законски права во врска со оваа патетична клевета која има за цел да ја истера конкуренцијата од теренот, да ја смени агендата и да манипулира со неа“, се додава во дговорот.

На контроверзноста се осврна и тренерот на Галатасарај, Окан Бурук, кој се потсмеваше на одговорот на Мурињо.

„Говорот на ‘Плачкото’ траеше малку предолго… Знаете, тој е познат по тоа што плаче, а сепак, овде плачеше долго. Тој плачеше внатре, влезе во собата на судиите и плачеше… па нека продолжи да плаче“, рече Бурук на прес-конференција во понеделникот.

Next Post

Општина Битола со нов инфраструктурен проект: Атмосферска канализација за подобра урбана средина

Димитриеска-Кочоска: Завршени консултациите со ММФ за економските перспективи на земјата

Препорачани Вести

МВР ги чисти своите редови: Кривична за 10 полицајци од Единицата за брзо распоредување

10 months ago

Одбележување на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

11 months ago

Популарни Вести

  • На Шар Планина се случила лавина од ЧЕТВРТИ СТЕПЕН на опасност – до овој момент нема пријави за исчезнати лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Агресивно однесување при полициски претрес: Лишен од слобода 35-годишник од Тетовско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Меѓународните партнерства клучни за одржлива енергетска транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Уставни измени нема да има без гаранции за правата на Македонците во Бугарија и за ослободување од ново вето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ испраќа итна помош за Украина и Молдавија од 153 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.