Connect with us

Македонија

Мицкоски најави мега-инвестиција: Гасни централи за решавање на проблемот со загадување, нула денари приклучок на домаќинствата, над 1 милијарда евра инвестиции во енергетика

По средбите со раководството на „Казанчи Холдинг“, која преку своите енергетски компании што работат под брендот „АКСА“, преставува еден од најголемите енергетски гиганти во својата област, премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција попладнево објави мега-инвестиција во македонската енергетика, со која се оди чекор напред кон решавањето на огромниот проблем со аерозагадувањето во Македонија.

Јас во минатото говорев, кога станува збор за решавање на проблемот со загадување на воздухот дека разговараме со инвеститори кои се заинтересирани за градење на когенеративни гасни централи кои всушност се единственото трајно решение за загадениот воздух. И дека се друго би значело ставање на проблемот под тепих. Станува збор за когенеративни централи со 500MW инсталиран капацитет кои произведуваат 4,1TWh електрична енергија и 720 GWh топлинска енергија на годишно ниво. Токму „Казанчи Холдинг“ е компанијата со која разговараме за изградба на секундарна мрежа на гас и топловодна мрежа која ќе стига до домаќинствата по исклучително поволни услови. Приклучоците на гасоводна и топловодна мрежа се предвидуваат на 0 денари за домаќинствата, а цената на природниот гас за домаќинствата ќе биде многу пониска од онаа цена која е на берзите, соопшти Мицкоски.

Целиот проект, како што објасни Мицкоски, вклучува изградба на секундарна гасоводна мрежа, топловодна мрежа и когенеративните централи и е димензиониран на инвестиција од над една милијарда евра.

Оваа инвестиција не е важна само за трајно решавање на проблемот со загадување на воздухот кој е еден од главните проблеми на граѓаните за кој што сум високо свесен и за кој што ќе ве излажам ако ви кажам дека има брзи решенија, туку и за енергетскиот потенцијал на државата. Инвестициите во ова поле се гаранција и зацврстување на нашата енергетска независност која во 21 век е всушност и зацврстување на сувереноста на државата во нејзиното одлучување и водење на политика. Разговараме за проекти кои се од темелно значење за животната средина, економијата, енергетската независност и стратешкото позиционирање на Македонија. Разговорите продолжуваат и сигурен сум дека за брзо време ќе се договориме и ќе има конкретни чекори во реализација на нивните планови. Само така работиме за иднината на сите граѓани, како премиер ќе дадам се од себе да се реализираат овие работи кои се од децениска и клучна важност за Македонија, рече премиерот.

Со повеќе од 25 години искуство, „АКСА Енерџи“ е водечка турска компанија во енергетскиот сектор и клучен глобален инвеститор во одржлива енергија. Компанијата располага со инсталиран капацитет од над 3.500MW во 8 земји. Додека мнозинскиот сопственик на „АКСА Енерџи“, „Казанчи Холдинг“ работи во 22 земји на четири континенти.

Advertisement

Македонија

Интервју на МИА со кардиохирургот Колев: Откажете се од пушењето итно и наеднаш, не постепено, а 30-45 минути пешачење за 50 отсто ви ја намалува опасноста да завршите на кардиохиругија

Во интервјуто со д-р Александар Колев, кардиохирург од Универзитетската клиника во Скопје, разговаравме и за проблемот што ги заплашува многу родители чии деца имаат отвор меѓу двете преткомори на срцето, а и за тоа дека 70-80 отсто од луѓето кои завршуваат со миокарден инфаркт немале некои посериозни здравствени проблеми кои ги пријавиле или ги чувствувале наназад се до тој период. Д-р Колев истакнува и дека многу анализи покажале дека 30 до 45 минути пешачење има и до 50 отсто влијание за намалување на опасноста од кардиоваскуларни болести во период од 10 години. Тој набројува и кои митови се најзастапени кај нашето население во поглед на кардиоваскуларното здравје, како што е тој дека со горен притисок од 160 единици може нормално да се живее

До 70-80 отсто од луѓето кои завршуваат со миокарден инфаркт немале некои посериозни здравствени проблеми кои ги пријавиле или ги чувствувале наназад се до тој период. Многу анализи покажале дека 30 до 45 минути пешачење има и до 50 отсто влијание за намалување на опасноста од кардиоваскуларни болести во период од 10 години. Популацијата над 40 години да прави редовни прегледи, како што се електрокардиограм, ехо на срце, лабораторија за следење на маснотии и шеќер во крв, вели во интервју за МИА, д-р Александар Колев, специјалист по кардиохирургија од Универзитетската клиника за државна кардиохирургија.

Тој посочува дека пушењето цигари е исклучително штетно за кардиоваскуларниот систем и препорачува не постепено, туку веднаш да се прекине, да се прават редовни прегледи, да се зема терапија, да се има физичка активност, поголемо движење, поголема социјализација и подолг престој во природа. 

Нагласува дека за некој брз период ќе се формира нов центар за третман на срцеви болести односно ќе се спојат Државната кардиохирургија и Универзитетската клиника за кардиологија и дека со иницијатива на Владата формирани се работни групи кои треба да овозможат поврзување во еден правен субјект. На тој начин, посочува, ќе се избегнат бирократски пречки и ќе се обединат дијагностиката, конзервативниот третман и пред оперативната подготовка на пациентите, оперативното односно хируршкото лекување, како и постоперативното лекување и натамошното следење на срцевите болни.

Тој истакнува дека на Клиниката се извршени десеттина минимално инвазивни операции каде нема класично сечење на градната коска и еден голем мутилантен рез, туку со рез кој е под пазувата од само четири сантиметри направиле неколку замени на аортна валвула, неколку операции на митрална валвула и тоа е насоката во која и натаму планираат да се развиваат.

-Извршени се меѓу 250 и 320 кардиохируршки операции. Покрај кардиохируршки операции на нашата Клиника се изведуваат и васкуларни хируршки операции, наведува д-р Колев.

Во врска со трансплантациите на срце тој вели дека е потребно малку поголема активност во делот на подигнување на свесноста и на јавноста и на медицинскиот персонал за донорството и за навременото препознавање на мозочна смрт, дијагностицирање и преземање на сите постапки понатаму за овозможување на срцеви донори.

– Охрабрувачки е на некој начин кога ќе се посетат едни поразвиени држави, поразвиени здравствени системи, односно во конкретниот случај болницата во Бордо, Франција, кога ќе видите дека нема многу разлика од тоа што ние го работиме во Македонија, во делот на оние стандардни кардиохируршки интервенции, потенцира д-р Колев. 

Во рамки на  престојот во Универзитетската болница во Бордо тој првпат имал искуство да види како изгледа роботизирана кардиохируршка операција, поконкретно пластика на една болна митрална валвула на срцето.

-За мене кардиохирургијата како дел од хирургијата е и наука, и вештина, помалку е уметност, но пред се е начин на живот. Кога избирате кариера како хирург не избирате само професија, туку избирате нешто што е животен повик. За да знаете да направите една операција на срце, еден бај пас или замена на валвула вообичаено потребно е тоа срце да го запрете да работи, пациентот да го поврзете на една машина која е вештачко срце и вештачки бели дробови кои го одржуваат во живот, на некој начин сето тоа е многу фасцинантно и да го имате во вашите раце срцето на пациентот е буквално како да го имате неговиот живот, посочува д-р Колев.

Во врска со тоа која иновација или техника во кардиохирургијата најмногу ќе го трансформира третманот на пациентите во следната деценија, посочува дека минимално инвазивните процедури кои се и сегашност во светот, но особено нивното комбинирање со роботизирани апарати и дополнително веројатно ќе има многу голем напредок и развој со развојот на вештачката интелигенција, која во поголема мерка се користи во дијагностицирањето на многу болести. Тој истакнува дека веќе се направени неколку операции кои комбинираат хируршка активност со роботизирана активност и со вештачка интелигенција.

-Минимално инвазивните процедури, комбинирањето на ендоваскуларните процедури кои се без отворена хирургија, со отворени операции, односно хибриден пристап кон третирањето на пациентите ќе биде исто нешто што ќе овозможи голем бенефит за кардиохируршките пациенти. Понатаму сигурно дека ќе има можност со развој на биотехнологии и со развој на 3Д принтање на биолошки материјали на органи, на ткива, што ќе помогне исто за третманот на пациентите со срцева слабост, нешто што звучи радикално меѓутоа се случи и веројатно многу ќе се работи на тоа и во иднина, а тоа е таканаречената ксенотрансплантација. Една проста споредба за нејзиниот ефект. Првиот трансплантиран пациент со срце од човек донор живееше 18 дена, првиот трансплантиран пациент со срце од свиња живееше два месеца. Со етичките дилеми кои постојат и веројатно ќе бидат тема, кардиохирургијата во третманот на пациентите со срцева слабост ќе се движи кон развојот на нови технологии, но и кон ксенотрансплантацијата, додава д-р Колев во интервјуто за МИА.

Целото интервју може да го прочитате на МИА.мк

Continue Reading

Македонија

Полицијата предупредува: Строги санкции за возачите кои поминуваат на жолто

Во интервју за „Република“, началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски, потсети дека жолтото светло не значи дозвола за забрзување и поминување, туку сигнал за подготовка за запирање. Тој истакна дека речиси сите скопски раскрсници имаат трепкачко зелено светло кое трипати најавува дека следува жолто.

Топаловски појаснува дека законот е јасен: кога ќе се појави жолтото светло, возачот треба да започне со сопирање. Исклучок е единствено ситуацијата кога возилото веќе е во минување на раскрсницата во моментот кога зеленото преминува во жолто — тогаш камерите нема да регистрираат прекршок.

„Камерите имаат прецизно дефинирана зона. За да се констатира прекршок, регистрацијата на возилото мора да се забележи во раскрсницата додека свети црвено. Тоа е непобитен доказ,“ објасни Топаловски.

Тој предупреди дека поминувањето на жолто создава опасни ситуации, особено ако истото го направи и возач од спротивната насока. Поради тоа, како што нагласи, правилото останува: на жолто се кочи и се подготвува за следното зелено.

Continue Reading

Македонија

Необично топол декември: високи температури и густа магла во котлините

Територијата на државата и во текот на наредната седмица ќе остане под влијание на силен антициклон и релативно топла воздушна маса од јужните предели, што ќе услови значително повисоки температури од вообичаените за овој период од годината. Според проценките на Метеоаларм, дневните температури ќе бидат за околу, а на места и над 10 степени повисоки од просекот, со максимум кој локално ќе достигне речиси 20 степени.

Иако деновите ќе бидат невообичаено топли, утринските часови ќе останат постудени, со минимални температури околу или неколку степени под нулата.

Стабилната атмосфера, слаб ветер и висок воздушен притисок ќе создадат услови за појава на магла и ниска облачност во котлините. На поединечни места маглата ќе биде густа и ќе се задржува во текот на целиот ден, што локално ќе резултира со пониски дневни температури. Скопската котлина исто така ќе биде подложна на чести магливи периоди, особено наутро и навечер.

Според актуелните метеоролошки модели, барем до 20 декември нема изгледи за зимски услови ниту за појава на снег, па така зимското време засега се одложува.

Во изминатите 24 часа земјата беше зафатена од влажен бран од југ кој донесе дожд низ сите региони, најмногу во западните и јужните подрачја. На планините над 1700–1800 метри дождот преминуваше во снег. Најголеми количини дожд се измерени во Маврово, каде до утринава во 7 часот се регистрирани 30 литри на метар квадратен.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг