Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Над 300.000 пензионери ќе се израдуваат

by
2025/02/26 09:35:44
in Uncategorized

Пензионерите веќе во април ќе земат повисоки пензии. Ветените 2.500 денари зголемување на пензиите за сите пензионери како во септември, така и во март ќе се реализираат со законско решение.

Со законски измени кои се доставени веќе во Собранието се предлага нов раст на пензиите во износ од 2.500 денари од 1 март 2025 година.

– Во Македонија задолжителното пензиско и инвалидското осигурување како област е уредено со Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кој ја уредува методологијата на усогласување на пензијата. Член 18 став (3) ја става вон сила системската одредба од Законот во периодот од 1 септември 2024 година до 31 август 2025 година. Во овој период пензиите се зголемуваат во фиксен износ од 2.500 денари на 1 септември 2024 година и 1 март 2025 година, се наведува во предлог измените. 

Растот на пензиите го потврди и премиерот Христијан Мицкоски. 

– Во новиот Буџет се предвидени зголемувања. Сега во мартовската пензија, односно која што ќе биде исплатена почетокот на април. Со што се заокружува она ветување, дека во првата година, линеарно пензиите ќе бидат зголемени за 5.000 денари. Ние за девет месеци еве тоа ќе го направиме, и мислам дека пензионерите се задоволни од оваа мерка, и мислам дека на некој начин успеваме тие пензионерски денови да ги олесниме како Влада, и ќе продолжиме во таа насока да работиме и во иднина. Повеќе од 300.000 пензионери ќе го добијат тоа покачување со мартовската пензија, објасни премиерот во неодамнешна изјава. 

За 2025 година, во Буџетот се предвидени 105,5 милијарди денари за исплата на пензиите.  

Next Post

Дваесет и една година од загинувањето на претседателот Борис Трајковски

policija tetovo

Тетово: Маж претепа сопруга, полицијата реагираше веднаш!

Препорачани Вести

Масовен судир по силна снежна бура, десетици возила заглавени

4 weeks ago

Мицкоски ќе присуствува на доделување на станови на социјално ранливите семејства во Општина Кочани

11 months ago

Популарни Вести

  • Македонските ракометари на проверка против Хрватска пред ЕП 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.