Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Ќе се обновува стара моликова шума на Пелистер, а паднатите дрва ќе се отстрануваат

by Уредник
26.02.2025
in Uncategorized
Ќе се обновува стара моликова шума на Пелистер, а паднатите дрва ќе се отстрануваат

Глетката на Пелистер е повеќе од вознемирувачка. Старата моликова шума на неколку локации не ги издржа снежните наноси и силните ветрови оваа зима.

Засега нема проценка колку молики се уништени или на колкава површина, но штетите се огромни. Експертите и вработените во НП Пелистер бараат начин како да се спаси она што остана, но и да се спречи болестите да ги заразат здравите стебла.

-Штетата која е настаната не е за потценување и не смееме така да ја оставиме. Целта на овој настан е да отпочнеме со еден процес на зачувување на најкомпакната моликова шума што ја имаме во регионот, вели Иванчо Тошевски, директор НП Пелистер.

Ваквата состојба е повеќе последица на популистички, наместо одгледувачки мерки, што понекогаш значи и сечење на старите стебла. Но, под притисок на јавноста, планот за ревитализација често не се применувал, или незначително се спроведувал, велат од НП Пелистер.

-Тој дел на Пелистер е туристичка зона, односно најпосетен е, секогаш во минатото се избегнувало според тие планови за одгледување да се спроведат некакви мерки, тоа резултира со ова што го имаме. Доколку би се спроведувале во минатото тие одгледувачки мерки немаше ова да биде од вакви размери, вели Зоран Пројчевски, НП Пелистер.

Инспекторатот за шумарство веќе издаде решение за отстрануавање на паднатите дрвја со конкретни рокови.

-Ќе се работи континуирано, без прекин бидејќи паднатата дрва маса е причина и за болести, затоа што веќе има појава на сушење на моликата, но, тие се голема опасност и при појава на пожари, Марјан Мицев, главен инспектор за шумарство.

Потоа ќе се обновува старата моликова шума, мерка која во изминатите години не се спроведувала редовно. Но, експертите смируваат Пелистер нема да остане без својата молика.

-Подмладни јадара значат создавање природна обнова од молика на истите места каде старите дрвја угинале, вели проф.др. Никола Велковски од Шумарски факултет УКИМ Скопје.

Планот за спас на моликата ќе се спроведува во неколку фази. Македонскиот бор како што му е и официјалното име е исклучително значен ендемичен вид, а тој е причина што Пелистер во 1948 година е прогласен за национален парк, прв во државата.

Емилија Мисирлиевски/Телма.мк

Next Post
Поведена постапка од Уставниот суд за измените на Изборниот законик – ограничени правата на граѓаните да се кандидираат за јавни функции

Поведена постапка од Уставниот суд за измените на Изборниот законик – ограничени правата на граѓаните да се кандидираат за јавни функции

Ангеловски за ТВ 24: Непријатно сме изненадени, вакво нешто не очекуваме

Препорачани Вести

Пукано во газда на локал во Нов Белград – со него беа жена му, детето и седум обезбедувачи

9 months ago
Борците на Хамас во Рафах одбиваат капитулација: „Тоа не постои во нашиот речник“

Борците на Хамас во Рафах одбиваат капитулација: „Тоа не постои во нашиот речник“

3 months ago

Популарни Вести

  • iran

    Трамп разгледува можни воени акции против Иран ако не се остварат преговорите за нуклеарната програма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Донаторска уметничка вечер го најавува почетокот на фондацијата „Фросина Кулакова“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нестабилно облачно време, локален дожд и снег на повисоките предели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без струја денес делови од Кисела Вода и Чаир

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на водоснабдувањето во Маџир Маало од 9:30 часот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.