Connect with us

Спорт

Идејата на Пике може засекогаш да го промени фудбалот: Дали во иднина ова може да стане правило во фудбалот?

Published

on

Поранешниот шпански репрезентативец, Џерард Пике, има идеја како да се направат натпревари уште поатрактивни за навивачите, и таа не звучи воопшто лошо.

Поранешниот фудбалер на Барселона во подкастот кај Икер Касиљас изнел предлог дека тимовите кои ќе одиграат натпревар без голови, треба да останат без бодови. Според него, тоа би било казна за таквиот пристап.

Тој додал дека му е апсурдно што навивачите трошат стотици евра за да присуствуваат на натпревар, а потоа да гледаат два тима кои не даваат голови.

Токму поради ова, тој мисли дека таков резултат треба соодветно да биде “награден” – со нула бодови за двајцата тимови.

„Не е фер да потрошиш 100, 200 или 300 евра за билет, а натпреварот да заврши 0:0. Нешто треба да се промени. Една од идеите е ако натпреварот заврши без голови, ниту еден тим да не добие бод. Тоа сигурно би влијаело да натпреварот биде отворен барем 70 минути“, смета Пике.

Бидејќи во фудбалот последниве години се воведуваат нови правила и се очекуваат нови за да се зголеми атрактивноста на самата игра, не би било изненадувачки ако еден ден предлогот на Пике биде разгледан и воведен во фудбалот.

Спорт

Реал Мадрид ја совлада екипата на Хетафе

Published

on

Реал Мадрид вечерва успеа да ја совлада тврдата екипа на Хетафе со 0:1 во натпревар од Ла Лига, одигран на тешко гостинско тло. Карло Анчелоти излезе со комбиниран состав, но неговите избраници сепак успеаја да ја завршат задачата.

Херој на „кралскиот клуб“ беше младиот Арда Ѓулер кој во 21-та минута ја затресе мрежата на Хетафе и го постигна единствениот гол на натпреварот. До крајот на мечот Реал мудро го чувал водството, без многу ризик и без многу шанси од двете страни.

Во последните шест минути „белите“ останаа со играч помалку, откако Едуардо Камавинга мораше да го напушти теренот поради повреда, а Анчелоти веќе ги имаше искористено сите замени.

Со оваа победа, Реал Мадрид останува во чекор со лидерот Барселона, сега со 72 освоени бодови, додека Хетафе е на 12. позиција со 39 поени.

Во другиот натпревар од вечерта, Алавес славеше против Реал Сосиедад со 1:0 благодарение на голот на Тенаља.

Continue Reading

Спорт

Навивачите на Барселона гневни, клубот реши да го продаде најдобриот играч?

Published

on

Барселона ризикува да ја направи најголемата грешка ова лето – Рафиња на излезна врата?

Иако Барселона оваа сезона игра веројатно најдобар фудбал во последните години и е сериозен фаворит за титулите во Ла Лига и Лигата на шампионите, клубот би можел да направи сериозна грешка – да се откаже од еден од своите клучни играчи.

Според шпанските медиуми, главниот кандидат за „Златната топка“, Рафиња, би можел да го напушти клубот на крајот од сезоната, и покрај тоа што игра фантастично. Бразилецот, кој пристигна во Барса во 2022 година од Лидс за 58 милиони евра, има сезона од соништата – 48 настапи, 30 голови, од кои 12 во Лигата на шампионите и 15 во домашното првенство.

И покрај ваквата статистика, клубот е подготвен да го пушти за понуда од најмалку 85 милиони евра. Претседателот Жоан Лапорта и спортскиот директор Деко веруваат дека сега е вистинскиот момент за профит, бидејќи се скептични дали Рафиња ќе може да ја задржи оваа форма и следната сезона.

Минатото лето тој беше блиску до заминување, но доаѓањето на Ханси Флик го задржа во тимот, и очигледно – не погрешија. Сепак, ова лето може да биде поинакво.

Навивачите се веќе гласни на социјалните мрежи – бараат Рафиња да добие нов договор, а не трансфер. За неговите услуги веќе сериозен интерес покажуваат Арсенал, Челзи и Ливерпул.

Барселона моментално е лидер во Ла Лига со 24 победи, четири ремија и пет порази – но во фокусот сега се не само резултатите, туку и одлуките зад кулисите.

Continue Reading

Спорт

Вардар во финалето на фудбалскиот Куп на Македонија првпат по 18 години

Published

on

Осумнаесетгодишното чекање на Вардар за финале во фудбалскиот Куп на Македонија заврши со ремито 1:1 со Брера во Струмица, со кое петкратниот освојувач на ова натпреварување ја зачува предноста од 3:0 во Скопје и избори меч за трофејот на 21 мај.

Најуспешниот учесник во Купот за противник ќе ја има Струга, која ремизира 1:1 дома со Шкендија и ја одбрани победата од 2:1 во Тетово.

Христијан Јанкулоски ги доведе во водство струмичани во 34. минута, а конечниот резултат го постави Михаил Талевски во 58. минута.

Финалето најверојатно ќе се одигра на Националната арена „Тодор Проески“ и за „црвено-црните“ тоа ќе биде седмо, а за стружани второ, по поразот на пенали од Македонија Ѓорче Петров пред две години.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк