Connect with us

Македонија

Кривични пријави за 10 поранешни вработени во КПУ Затвор-Скопје кои ослободувале криминалци

Published

on

Поранешен директор на КПУ Затвор Скопје Ф.А. и затворскиот полицаец С.К. денеска беа приведени поради сомнеж за злоупотреба на службена положба и овозможување бегство на лице лишено од слобода. Тие ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка, а во текот на денов полицијата извршила претреси во нивните домови. Против нив, и уште осум лица се поднесени кривични пријави.

Од Министерството за внатрешни работи излегоа со детали за денешната голема акција.

-На 24.02.2025 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава до ОЈО за ГОКК против десет лица и тоа: Ф.А. (42) за сторени кривични дела „противзаконито ослободување на лице лишено од слобода“ по член 373 од КЗ, „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од КЗ и „овозможување бегство на лице лишено од слобода“ по член 372 од КЗ, С.К. (53), П.А. (40), Ѓ.Р. (34), С.П. (48), Т.Н. (37), Е.О. (46), З.М. (35), К.В. (34) за сторени кривични дела „противзаконито ослободување на лице лишено од слобода“ по член 373 од КЗ и „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од КЗ, како и против С.К. (33) за сторено кривично дело „овозможување бегство на лице лишено од слобода“ по член 372 став 1 од КЗ, соопштија од МВР.

Пријавениот Ф.А., во својство на директор на КПУ Затвор Скопје, во период од март 2024 до 24.07.2024 со намера на противзаконит начин, привремено да ослободи осудени лица кои издржувале затворски казни во КПУ Затвор Скопје, злоупотребувајќи ја својата службена положба дозволил и наредил повеќе осудени лица од висок безбедносен ризик во повеќе наврати да добијат и да се стекнат со поволности кои не им следувале согласно судските одлуки, односно истиот одобрил молби поднесени од осудените лица повремено да го напуштат затворот, по што пријавениот П.А. од позиција на командир на затворска полиција, кој бил задолжен за спровод, иако знаел дека таквиот вид на спровод е спротивен на закон и процедурите за спровод, по добиената наредба од директорот Ф.А., изготвил наредба за спровод на осудените лица до нивните домови и други локации за приватни потреби, по што така изготвени биле одобрени од страна на директорот Ф.А., а во неколку наврати биле одобрувани од страна на С.К., вработен како затворски полицаец во КПУ Затвор Скопје, личен возач на Ф.А..

Потоа пријавениот П.А. одобрените наредби ги предавал на пријавените затворски полицајци Ѓ.Р., С.П., Т.Н., Е.О., З.М. и К.В. со цел извршување на незаконскиот спровод на осудените лица, иако истите знаеле дека таков спровод на осудено лице до домашна адреса врз основа на молба е спротивно на закон и процедурите и подзаконските акти на законот, сепак го извршиле спроводот, каде што ги ослободувале осудените лица да извршуваат приватни работи, а потоа откако ќе поминел одреден временски период (најчесто 8 до 10 часови) пријавените затворски полицајци ги враќале осудените лица назад во затворот. Кривичното дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ пријавените затворски полицајци го сториле така што за ваквите незаконски спроводи, биле користени службени возила на установата, за што било потрошено службено гориво, а притоа на дел од пријавените затворски полицајци директорот Ф.А. им одобрувал прекувремени работни часови (вкупно 44 часа исплатена прекувремена работа), со што согласно наведените незаконски дејствија била предизвикана штета на буџетот на Р.С.Македонија, а воедно и мала имотна корист за Ѓ.Р., С.П., Т.Н., Е.О. и З.М..

Пријавениот С.К. во својство на затворски полицаец кривичното дело „овозможување бегство на лице лишено од слобода“ предвидено и казниво по член 372 од КЗ го извршил така што со непреземање на должни мерки и активности при утврдување на бројна состојба на осудени лица, постапил спротивно на член 9, член 13, член 19, член 28, член 44 и член 45 од Правилникот за овластувањата на затворската полиција, начинот на вооружување и вршење на работите на затворската полиција, односно не пријавил одредена група на осудени лица при вршење физички проверки за бројна состојба, при што констатирал дека сите осудени лица биле присутни, односно немало отсутни. Додека при извршена контрола поради ненајавен вонреден надзор од страна на стручни лица на Управата за извршување на санкции, констатирано е дека група од 11 осудени лица не биле пријавени дека не биле присутни, а кои биле сместени во импровизирани простории и тоа: „Возен парк“, „Перална“, „Столара“ и „Котлара“.

Во врска со бегството на групата од 11 осудени лица кои казната затвор ја издржувале во КПУ Затвор Скопје, поради фактот дека пријавениот Ф.А. во својство на директор на установата, иако бил должен да преземе соодветни мерки, во однос на импровизираните простории кои не исполнуваат законски услови за сместување на осудени лица, истиот не ги презел наведените активности и им овозможил на осудените лица да бидат сместени во импровизираните простории без посебен надзор како што налага Законот за извршување на санкции, со што постапил спротивно на член 31 од истиот, а со неговите постапки создал и овозможил услови кои што довеле до бегство на 11 осудени лица, а со наведеното пријавениот Ф.А. сторил кривично дело „овозможување бегство на лице лишено од слобода“ предвидено и казниво по член 372 од КЗ.

На 27.02.2025 година извршени се претреси во домови кај Ф.А. и С.К, при што тие се лишени од слобода и ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка.

Македонија

Коцевски го побарал предметот за човекот кој ја прегази Теодора

Published

on

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски побарал увид во предметот кој се води во Вишото јавно обвинителство Гостивар, со цел детално да го испита текот на постапката против Менсур Пајазити, кој смртно ја прегази и усмрти Теодора Ристовска во Тетово, објави Телма.

Првичната казна од три и пол години затвор, која ја изрече тогашната судијка Верка Костовска (сега во пензија), не била обжалена од обвинителството. Подоцна, на седница на Апелацискиот суд во март минатата година, обвинителката Вјолца Елмази го изменила својот став – наместо претходното барање да се одбие жалбата на Пајазити, предложила изрекување поблага кривична санкција. Од Обвинителството нагласуваат дека висината на казната е исклучиво во надлежност на судот.

„Пред Апелацискиот суд, јавната обвинителка од ВЈО Гостивар на рочиште дала свој предлог во однос на попрецизно одмерување на казната, имајќи ја предвид пред се околноста дека обвинетиот непосредно пред завршување на првостепената постапка признал вина, како и претходната пракса во слични предмети. Меѓутоа, предлогот на обвинителката не е задолжителен за тричлениот совет од судии во Апелацискиот суд. Тој предлог во ниту еден момент не се однесувал на намалување на казната за речиси половина од првостепената пресуда, како што досуди Апелација во својата одлука. Јавниот обвинител на Република Северна Македонија веќе даде насоки и ќе го прибави предметот од Вишото јавно обвинителство Гостивар за да го разгледа во детали текот на постапката“, информира Јавно обвинителство.

Обвинителството сѐ уште го чека писменото образложение на пресудата, а според Судскиот совет, Апелацискиот суд во Гостивар можел или да ја потврди првостепената казна од две години затвор или да одлучи во корист на обвинетиот, но не и да изрече построга казна.

Continue Reading

Македонија

Детски џагор и песни го разубавија Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова

Published

on

Децата – гордост и иднина на Македонија: Претседателката Сиљановска-Давкова ги пречека дечињата во Кабинетот

Денеска Кабинетот на Претседателот на Република Македонија блескаше во детска радост и музика. Насмеани и распеани, учениците од основните училишта „Мирче Ацев“ од општина Ѓорче Петров и „Браќа Миладиновци“ од општина Аеродром, заедно со децата од градинката „Весели Цветови“ од општина Кисела Вода, беа гости на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Во нивна придружба, Претседателката со почит ја проследи Церемонијата на свечено менување на државното знаме – симбол што, како што рече, зборува повеќе од илјада зборови и го носи духот на татковината.

„Вие сте нашите сонца, нашите месечини и нашите ѕвезди,“ им порача Сиљановска-Давкова на најмладите, инспирирана од песните кои ги испеаја во чест на Македонија, Скопје и сонцето.

Децата не ја пропуштија можноста да ѝ постават низа љубопитни прашања – од омилената боја и храна, до тоа што значи да се биде претседател. Сиљановска-Давкова со насмевка одговори, споделувајќи дел од својот живот и обврските што ги носи највисоката државна функција.

На средбата се потенцираше важноста на националните симболи и потребата од нивно почитување. „Каде што е знамето – таму е државата,“ истакна Претседателката, подвлекувајќи ја силата на заедничката припадност и иднината која се гради преку љубов и знаење.

Continue Reading

Македонија

Продолжен притворот за сите осомничени за пожарот во Кочани, тројца одат во куќен притвор

Published

on

Основното јавно обвинителство Кочани побара од Судот да се продолжи притворот за сите осомничени во истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи на 16 март, а во кој загинаа 61 лице, а повеќе од 100 се повредени. За тројца од осомничените, Обвинителството бара мерката притвор да се замени со куќен притвор.

Во текот на денешниот ден до Основниот суд Кочани достави предлози за продолжување на мерките за обезбедување – притвор и куќен притвор за сите осомничени во истрагата за пожарот во кочанската дискотека. Само за тројца осомничени, согласно фазата на обезбедување докази и исполнетоста на законските основи се предлага замена за мерката притвор во куќен притвор. Тоа се двајца осомничени од Државниот пазарен инспекторат и еден припадник на обезбедувањето на дискотеката, соопштија од Обвинителството.

Од таму додаваат дека продолжуваат истражните дејствија во повеќе правци и во неколку институции со цел испитување на евентуална одговорност, за што јавноста ќе биде известена веднаш по донесувањето на соодветна јавнообвинителска одлука.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк