Connect with us

Република

Важно известување: Нов термин за рестрикција на вода во Тетово за време на Рамазан!

Published

on

Јавното комунално претпријатие „Шари“ од Тетово информира дека поради почитување на светиот месец Рамазан, времето на рестрикција на вода ќе биде променето. Наместо во вообичаените часови, рестрикциите ќе се спроведуваат од 23:30 до 01:30 часот.

ЈКП Шари – Тетово

Република

АМСМ: Од утре привремена промена во сообраќајот на делницата кон Тетово

Published

on

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Како што известува АМСМ, од утре ќе има привремена промена во сообраќајот на делот од државниот пат А2 – делница Желино – Тетово, помеѓу бензинската станица Макпетрол и северниот влез на Тетово. На овој дел од патот ќе се врши геодетско снимање и една сообраќајна лента ќе биде затворена во неколку фази. Работите ќе траат до нивно завршување.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Continue Reading

Република

Дел од Тетовско утре без струја поради планирани работи на мрежата

Published

on

evn

Утре, на 24 април (четврток), поради планирани интервенции на електроенергетската мрежа, повеќе села од тетовскиот регион ќе останат без електрична енергија во периодот од 09:00 до 14:00 часот.

Прекин на снабдувањето со струја ќе има во следните населени места:

Долно Палчиште – делови од селото во близина на бензинската пумпа „Нес Петрол“ Мала Речица – објекти во близина на Шулани Пирок – дел од селото кај влезот од автопатот ТЕ – ГВ Требош – делови во близина на центарот на селото

Од ЕВН апелираат до граѓаните да ги прилагодат своите активности согласно најавените прекини.

Continue Reading

Република

Општина Битола со силна финансиска поддршка за граѓанските организации и спортот во 2025 година

Published

on

Согласно записникот од седницата на Комисијата за финансии и буџет на Советот на општина Битола одржана на ден 01.04.2025 година, Општина Битола, ги објавува резултатите од објавените јавни повици за:

• Јавен повик за доделување на финансиски средства од Буџетот на Општина Битола на здруженија на граѓани и фондации за 2025 година

• Јавен повик за поддршка на проекти и програмски активности на здруженија на граѓани/фондации кои работат во областа на еднаквите можности за 2025 година

• Јавен повик за финансиска поддршка на спортски клубови, спортски здруженија и индивидуални спортисти за 2025 година

Резултатите од наведените јавни повици, може да ги видите на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/wp-content/uploads/2025/04/Rezultati.pdf.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк