Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Хаос во Атина синоќа: Приведени 30 лица по нередите!

by
2025/03/06 08:29:12
in Uncategorized

Во инциденти што синоќа се случија во центарот на Атина по протестот за железничката несреќа кај Темпи, приведени биле 30 лица, од кои седум се уапсени, повредени биле тројца полицајци, како што соопштија од грчката полиција, додека полесно повредени беа и двајца демонстранти.

Инцидентите започнаа по завршувањето на официјалниот дел, кога групи маскирани лица ја нападнаа полицијата со молотови коктели и разни предмети и запалија канти за отпадоци, а полицајците одговорија со шок бомби и солзавец.

Со повремени прекини инцидентите, што се проширија околу поширокиот дел на плоштадот Синтагма и околните улици, траеја речиси три часа и завршија околу полноќ.

Протестот за железничката несреќа кај Темпи беше организиран од организации, здруженија, работнички центри, синдикатот на Комунистичката партија, студентски здруженија и сл и беше во исто време со почетокот на тридневната расправа во Парламентот за предлогот на четири опозициски партии за гласање недоверба на Владата.

На почетокот на протестот со 57 хартиени фенери, што беа пуштени во воздух пред грчкиот Парламент организаторите им оддадоа почит на загинатите 57 лица во железничката несреќа.

Демонстрантите беше уште еднаш ја повторија нивната порака дека бараат правда и одговорност за несреќата.

Железничката несреќа кај Темпи се случи на 28 февруари 2023 година во директен судир на патнички и товарен воз, при што загинаа 57 лица.

Нови протести се закажани за утре, учениците и студентите организираат собири на пладне, додека пак демонстрации ќе се одржат и во попладневните часови, односно во исто време кога во Парламентот ќе се гласа по предлогот на опозициските партии за гласање недоверба на Владата.

Next Post

Детали за погребот на Саша Поповиќ

Нов руски напад врз Украина: Четири загинати и над 30 повредени во Кривји Рих!

Препорачани Вести

24-годишна девојка од Велес, осомничена дека извршила серија кривични дела во само пет дена

Апсење во Тетовско поради навреди кон полицаец!

1 month ago
Вучиќ: Згрешив што европратениците ги нареков „олош“, но мислам многу полошо за нив

Вучиќ: Згрешив што европратениците ги нареков „олош“, но мислам многу полошо за нив

4 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.