Денеска премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, оствари средба со Претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ. На средбата се разговараше за унапредување на билатералните односи помеѓу двете земји, како и за поддршката што Хрватска ја обезбедува за европскиот пат на Македонија.

„Хрватска продолжува да биде еден од нашите важни партнери и пријатели. Заедничките иницијативи ќе продолжат со цел да се зајакнат стабилноста и просперитетот на регионот и да се потврди взаемната поддршка помеѓу нашите земји“, изјави премиерот Мицкоски по завршувањето на средбата.
Средбата беше потврда на добрите односи помеѓу Македонија и Хрватска, а се очекува дека ќе доведе до интензивирање на соработката во повеќе области, особено во сферата на европските интеграции и стабилноста на регионот.










