Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Беџети: Не најавивме бојкот на локалните избори, но можна е политичка криза

by
2025/03/09 09:23:18
in Uncategorized

Ако се чепне Законот за јазиците, секако дека ќе дојде до политичка криза, вели Блерим Беџети од ДУИ. Тој смета дека во таква ситуација не би можеле да се одржат локални избори. На државата, според, него и се потребни и предвремени парламентарни избори. Беџети тврди дека нема комуникација со Артан Груби кој, според него, ако се огрешил пред законот треба и да одговара.

Господине Беџети, како ДУИ најавивте дека ќе нема локални избори доколку со нив паралелно не се одржат и парламентарни избори, ако се чепне законот за јазиците итн. Дали ова може да го толкуваме како бојкот, или како најава за политичка криза што ќе спречи воопшто да се одржат локалните избори?

Напротив, ние не сме најавиле никаков бојкот, ние секогаш сме биле и сме спремни за избори, и на последните парламентарни избори, изборниот легитимитет на етничките Албанци, и другите етнички заедници е кај Европскиот фронт. Предвремени парламентарни избори во Собранието како дебата се отвори од сите, почнувајќи од премиерот Мицковски. Но, факт е дека на државата и се потребни предвремени парламентарни избори, за да излезе од ситуацијава во која не е почитуван легитимитетот на втората етничка заедница во државата. Затоа што само така ќе се врати стабилноста, политичката стабилност, но и можноста во економската и сите други сфери во нашата држава да има стабилност и да се работи на прогрес и општо добро на граѓаните. Недозволиво е да се почитува само едниот легитимитет во државата од двете најголеми етнички заедници во државата, и затоа бараме предвремени парламентарни избори.

Целиот текст на Слободна Европа

Next Post

Крвави судири во Сирија: Над 1.000 загинати за два дена!

ВИДЕО: Пожар во стан во Скопје

Препорачани Вести

Осуммина, меѓу кои и полицаец и мајка му се уапсени, откако 31 дете се најдени во куќа во БиХ

Осуммина, меѓу кои и полицаец и мајка му се уапсени, откако 31 дете се најдени во куќа во БиХ

10 months ago

Димитровски: Со „Леб и сол“ ја отвораме летната магија во Битола

6 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.