Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Жестоки борби во Суджа: Руски војници се криеле под земја и во цевки, Кремљ со неочекувана тактика!

by
2025/03/09 12:27:48
in Uncategorized

Руската војска се обиде да го врати градот Суџа, кој е под контрола на Украина, во западниот руски регион Курск, испраќајќи војници преку гасовод, соопштија украински воени власти.

Генералштабот на украинската армија доцна синоќа соопшти дека руските сили биле „навреме откриени“ од тим за воздушно извидување и одбиени со проектили, артилерија и со дронови, пренесе ДПА.

Информациите не можат да се потврдат од независни извори. На руските воени блогови претходно беше јавено за обид за напад врз Суџа.

Гасоводот што се користел, наводно, бил дел од системот што ја снабдувал Европа со руски гас до почетокот на годинава. Цевките се со дијаметар од 1,4 метри.

Прорускиот воен блогер роден во Украина, Јуриј Подољак, изјавил дека руските специјални сили поминале околу 15 километри долж главниот гасовод и дека некои од нив поминале неколку дена во цевката пред да ги изненадат украинските сили во близина на Суџа. Во Суџа се наоѓаат главните мерења на гасоводот што пренесувал руски природен гас во украинскиот гасен транспортен систем за понатамошен транспорт во Европа.

Прорускиот воен блогер Two Majors изјавил дека се води голема битка за Суџа и дека руските сили ги изненадиле украинските војници влегувајќи во градот преку главниот гасовод. Руски Телеграм канали прикажале специјалци во гасни маски и со светла, со нешто што изгледало како голема цевка, објави хрватски Вечерњи.

„Борбите продолжиле цела ноќ во Суџа. Борбите не престанале“, рекол Подољак.

Друг воен блогер, Јуриј Котенок, изјавил дека украинските сили ја префрлуваат опремата од Суџа кон границата.

„Во овој момент нашите единици напаѓаат североисточниот дел на Суџа и се борат во областа на улицата Ломоносов и во индустриската зона на Суџа“, изјавил Котенок.

Украинскиот упад во Курск минатото лето бил најсериозниот напад на руска територија од нацистичката инвазија на Советскиот Сојуз 1941 година. Во последните недели и месеци руските сили ги истиснаа украинските сили од Курск, ставајќи десетици илјади украински војници во опасност од опколување.

Русија лансирала 119 дронови во напад врз Украина

Руските сили продолжуваат да окупираат приближно една петтина од територијата на Украина.

Најмалку 6 лица загинале во руски напади врз Украина во последните 24 часа, соопштија регионалните власти.

Русија во текот на ноќта лансирала 119 дронови врз Украина, а украинската противвоздушна одбрана соборила 73.

Гувернерот на регионот Доњецк, Вадим Филашкин, соопшти дека 2 лица загинале во градовите Покровск и Сиверск, додека, пак, 23 лица се повредени.

Во регионот Харков, 14-годишно дете загинало во руско гранатирање на селото Кившаривке, потврди регионалниот гувернер.

Според гувернерот на Херсонската област, Олександр Прокудин, во напади во областа Херсон загинале 3 лица, а девет се ранети.

Украина се соочува со сериозни предизвици поради прекинот на разузнавачката соработка со САД

Украина 3 години се брани од руска инвазија. Минатото лето, украинските сили зазедоа делови од регионот Курск во ненадеен контранапад. Меѓутоа, во последниве месеци, тешките борби ги потиснаа назад.

Украинските трупи во регионот, наводно, се соочуваат со дополнителни тешкотии, веројатно поради прекинот на размената на разузнавачки информации од страна на САД, вклучително и сателитски снимки.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја нарече офанзивата на Курск важен адут во потенцијалните преговори со Москва.

Next Post

Драма пред Белата куќа: Тајната служба застрела вооружен маж!

Маск предупредува: Без „Старлинк“, украинскиот фронт ќе се распадне!

Препорачани Вести

Indonesia’s Largest Fleet Of Taxis Teams Up To Beat Ride-hailing Apps

2 months ago
Дневен хороскоп за среда – 7 мај: Оваа среда ќе биде среќна за овие хороскопски знаци

Дневен хороскоп за четврток – 2 октомври: Подобрување на финансиската состојба за еден хороскопски знак

3 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.