Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

КОЊАНОВСКИ: ТРЕБА ДА РАЗГРАНИЧИМЕ МЕЃУ ЃУБРИШТЕ И СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД

by
2025/03/11 08:27:34
in Uncategorized

На денешната вонредна седница на Советот на Општина Битола се обрати градоначалникот на Битола, Тони Коњановски. Пред почетокот на седницата во изјава за медиуми кажа за што се работи и која е целта на овој проект.

„Денес треба да разграничиме два термини. Едниот е ѓубриште кое го имаме во Битола, во градот, тоа е ткн. депонија „Мегленци“, која не ги исполнува критериумите по ниту еден стандард за депонија, другата страна е имаме можност за систем за управување со отпад, воспоставување систем за управување со отпад, она што сите го бараме.

Проектот е отпочнат 2018 година, тогаш сме биле во опозиција, сме изгласале и одлука на Совет за формирање на таков регионален центар на пелагонискиот регион, едногласно, без дискусија исто како на минатата седница тоа беше прифатено од советниците.

Несакам да се воспостави еден однос меѓу граѓаните, советниците и Советот, треба сите да сфатиме дека денешната состојба со која се соочуваме секој ден е неиздржлива. Цела Македонија воопшто и како држава и како град  се повеќе сме затрупани со диви депонии, со ѓубришта, сметишта, како сакате наречете ги, но не е организиран систем.

Од друга страна ги прифаќам и размилсувањата и стравовите, загриженоста на граѓаните. Можеби целиот овој систем не бил доволно објаснет, иако многу дебати се воделе и од страна на Министрството за животна средина, отворени јавни дебати, на кои била повикувана јавноста, меѓутоа еве денеска сме тука да дискутираме на темата, повторно напоменувам, се надевам дека сите советнички групи ќе го прифатат, една отворена дискусија, со факти, со аргументи, едноставно да предочиме на јавноста дека конечно треба да влеземе во организиран систем за справување со отпад.

Ги уверувам граѓаните дека тоа е она што треба, ако сакаме кон Европа, тоа е она што останатите земи го прават од седумдесетите години, систем на селектирање прво на отпадот од своите домови, систем на организирано собирање, организирано носење на организирана депонија, онака како што треба да биде по сите тие стандарди.

Да кажам дека проектот е поддржан и е фактички кредит од Европската банка за обнова и развој, Швајцарската асоцијација за економија и со голем надзор и мониторинг на европските авторитети, така што нема тука импровизации.

Сакам да ги уверам граѓаните дека во било кој момент нешто од она што е укажано, од она што е договорно се отстапи, во секој случај тука сме да реагираме како Совет.

Ова ви го зборувам и како градоначалник и како родител, како дедо, меѓутоа пред се како лекар, знаејќи ги многу добро последиците од  загадувањето кое го чувствуваме сите, дали се работи за отпадните води, дали се работи за цврстиот отпад со кој  сме секојдневно затрупани, се работи за загадување на почвата, воздухот и ткн“ рече Коњановски.

Next Post

Брнабиќ ги повикува студентите во блокада да не користат насилство и да не заземаат институции

Почнува изградбата на граничниот премин Маркова Нога во Преспа

Препорачани Вести

МИЛИОНСКА ОШТЕТА НА БУЏЕТОТ Тетовски бизнисмен 10 години не плаќал данок преку неговите 4 фирми

МИЛИОНСКА ОШТЕТА НА БУЏЕТОТ Тетовски бизнисмен 10 години не плаќал данок преку неговите 4 фирми

10 months ago
Овие делови од Скопје утре ќе останат без струја

Утре дел од Тетово и три тетовски села без електрична енергија

2 weeks ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.