Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Пари: Банките со 282,8 милиони евра профит, државата добива само 38,8 милиони од даноци – еве што откри анализата

by
2025/03/12 09:04:30
in Uncategorized
pari

Банките во Македонија минатата година одработиле и заработиле 282,8 милиони евра. Износот ја претставува вкупната добивка остварена во банкарскиот сектор, во чиј состав, заедно со државната Развојна, се 13 банки. Резултатот е за 21,7 проценти подобар од профитот што ја одбележа претходната 2023 година. Креиран е во „услови на сериозни предизвици и неизвесности, проследени со неповолни движења“, посочуваат банките во своите извештаи. И, повторно потврдија дека се отпорни на надворешните и на внатрешните случувања и влијанија.

Во системот има пет големи, три средни и пет мали банки. Од нивното успешно функционирање, во ќар е и државата. Од нив наплатила 38,8 милиони евра на име данок на добивка. За 60,33 насто повеќе во однос на 2023 година, кога била инкасирана сума од 24,2 милиони евра. Пред да се намират давачките кон државата, вкупниот износ на профитот за 2024 година е 321,6 милиони евра, се гледа од податоците и показателите за банкарскиот систем што ги објави Народната банка, кои ги анализира порталот Пари.

Од аспект на групите банки, забележани се следните постигнувања: големите банки имаат профит од 284,7 милиони евра бруто и 249,69 милиони евра нето; средните – 27,07 милиони евра бруто и 24,32 милиони евра нето; малите банки9,77 милиони евра во бруто и 282,76 милиони евра во нето-износ. Остварувањата се засновани, во најголем дел, врз зголемената кредитна активност, но и врз растот кај депозитната база.

Во сето ова, најголем е придонесот на трите најголеми – Комерцијална банка, Стопанска банка и НЛБ банка. Доминантната тројка на домашниот банкарски пазар лани оствари заедничка добивка од 191,2 милиони евра.

Пресметаните и наплатени камати на банките им обезбедиле приливи од вкупно 459,1 милион евра. Станува збор за нето-износ, кој споредено со нивото од претходната 2023 година, е повисок за 12,3 проценти. Подетално, само од каматите банките приходувале 576 милиони евра. Но, по таа основа имаат и трошоци, односно на клиентите им исплатиле 116,8 милиони евра. Од кои, на домаќинствата и на физичките лица – 104,5 милиони евра.

Целиот текст може да го прочитате на Пари.мк

Next Post

Ѓорѓиевски со уште една мерка за младите: Општина Кисела Вода ќе субвенционира возачки дозволи за матуранти

Весна Дамева со чанта од околу 5.000 долари?

Препорачани Вести

Полицијата во акција – пронајдено нелегалнo оружје

7 months ago
Македонија до 21 поразена од Белорусија

Македонија до 21 поразена од Белорусија

9 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.