Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Манев сведочи за убиството на Панче: Палевски му испука куршум во слепоочницата, па го превртуваше во дупката

by
2025/03/12 11:05:33
in Uncategorized
Манев сведочи за убиството на Панче: Палевски му испука куршум во слепоочницата, па го превртуваше во дупката

Велибор Манев, еден од обвинетите за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, денеска сведочеше во Кривичниот суд и откри значителни детали околу организацијата на грабнувањата и односите помеѓу сочесниците во нив.

Се познавал со Боре Видевски од основно училиште, немале никакви проблеми. Со Љупчо Палевски се познавал од 2018 година, се запознале преку „Фејсбук“, па подоцна пристапил на неговото движење „Трета“. Со Влатко Кешишев се знаел две и пол години. Бил готвач и домаќин, му готвел и служел на Палевски без никаква надокнада. Со Александар Ѓорчевски не се знаел.

– Панче Жежовски го знам, работев на неговата куќа и не ми плати за работата. Бараше клесан камен кој е скап, ми остана должен 1500 евра. Се скаравме и му ги извадивив бекатон плочките. Полицијата направи записник и откако ме искараа кренав раце. Подоцна ме избрка од неговата фризерница и сакав да го натепам, но не го сторив тоа. Јас ја однесов полицијата до местото каде што беше пронајден. Јас ја копав дупката со Кешишев, целта беше таму да се чуваат додека не се изврши наплата. Целта беше таму да се чува тој додека се грабнува жена од 38 до 40 години со неговото возило. Земуницата е копана една година претходно. Првично баравме објект за чување на грабнатите, но не најдовме. Палевски ми предложи да го оставам мобилниот во канцеларија и ми предложи да најдеме земуница каде што може да ги чуваме грабнатите. Одлучи тука да ја ископаме самата да се покрие со лисја. Еден месец пред грабнувањето Палчо бараше, некоја кола за грабнување но не најде. По негов предлог баравме некој сам пензионер. Ми дојде на ум борчот од Жежовски кон мене. Му кажав за тоа на Палчо и оти би можеле да го искористиме. Копавме јас, Палчо и Влатко. Предложив и Боре да разговара со Палчо и да ни се приклучи, сведочи Манев.

Жежовски го грабнале на 23 ноември.

– На 22 ноември дојдоа вечерта кај мене за да го проверат местотото Палчо и Кешишев. Отидовме до местото и одлучи следната вечер да го грабнеме. Утрото околу 6 часот тргнавме кон неговата куќа. Снимките што ги гледавме не се совпаѓа со времето. Јас, Боре и Палчо отидовме кај Панче. Кешишов не чекаше кај пругата. Не излезе сам надвор. Палчо со моторола рече да се влезе но јас не влегов оти ме знае. Боре влезе со тропна, го турна и видов како Палчо влезе. Палче викаше и му стави трака да не вика. Бевме со маски. Почнав да му ги врзувам рацете. Палчо му го зема мобилниот од Панче, клучевите од колата, ја извади церадата од возилото и го стартуваше автомобилот а јас и Боре го ставивме Панче во гепек. Отидовме кај Кангуто во кое беше Кешишев. Ставивме гориво во Цитроенот. Палевски го фрли телефонот на Панче во долот. Отидовме кон земуницата за да го спуштивме доле. Меѓу себе комунициравме со Мотороли. Тргнавме и поминавме покрај хотелот Романтик и селото Рудник. Пред нас возеше, пикапот во која беа Палчо и Кешишов. Јас ја возев колата на Панче. Кога стасавме, го изнесовме и го донесовме пред земуницата и ископаните скали. Го одврзавме, Палевски беше со нас. Веднаш му испука куршум во слепоочницата без зборови. Се тресев од тоа што го видов. Палевски го превртуваше Панче во дупката. Го прашав зошто ова не требаше вака: вака е почисто, нема зошто да се секираш. Ме потурна со раката и ми рече-да не расипуваме пријателство имаш убава фамилија, сведочи Манев.

Sitel.mk

Next Post

Драма во судница: Таткото на Вања во лоша состојба, Манев со шокантно сведочење!

Синот на Јахоски има бизнис со зетот на Али Ахмети, тежок 167 милиони евра, велат од ВМРО ДПМНЕ

Синот на Јахоски има бизнис со зетот на Али Ахмети, тежок 167 милиони евра, велат од ВМРО ДПМНЕ

Препорачани Вести

Кина разви „дрон-комарец“ за тајни мисии и шпионажа

Кина разви „дрон-комарец“ за тајни мисии и шпионажа

6 months ago

Пешак тешко повреден во сообраќајка во центарот на Тетово

5 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.