Connect with us

Македонија

Божиновска: Соработка и договори во енергетиката со Азербејџан

-Првин треба да има потрошувачка, ние не трошиме многу, кога ќе се изгради конекторот ќе има можност за транзит што за нас ќе биде поголема можност, долгорочно и подобри цени, а бидејќи ќе бидеме на влез на Централна Европа и транзитни количини на гас, рече Божиновска.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска го информирала нејзиниот азербејџански колега Парвиз Шахбазов за стартот на претстојниот инвестициски проект за изградба на конекторот за гас, што, како што оцениле на вчерашната средба, отвора многу можности и потпишување договор со Азербејџан.

-Вчера имав многу добра средба со министерот за енергетика Шахпазов и неговиот заменик. Го запознав со работата на нашето Министерство, дека е ново и дека работиме моментално на легислатива. Го известив дека месецов очекуваме потпишување и изградба на конекторот за гас што е за нив многу важна информација и дека за околу 20 месеци ќе биде завршен. Кажаа дека се спремни да потпишеме договор, дека работат со 12 европски земји од кои 10 се членки на ЕУ и би сакале да се вклучат и во Македонија, изјави министерката Божиновска при престојот во Баку каде имаше средба со министерот Шахбазов и премиерот Али Асадов.

Како што јавува известувачот на МИА од Баку, таа информира дека добила покана да учествува на претстојниот министерски Состанок на советодавниот совет за јужниот гасен коридор, како и за третиот министерски состанок на Советот за зелена енергија.

Како што рече, ќе се разговара за можноста да се вклучиме во планираниот зелен коридор и да потпишеме договор на една година или долготрочно на 25 години.

– Ме поканија на министерски состанок следниот месец каде ќе бидат присутни останатите министри. Ќе има уште една средба бидејќи ќе прават зелен коридор, едниот ќе завршува до Унгарија, а другиот до Бугарија и ќе разговараме за можноста Македонија да се вклучи, со тоа што можеме да потпишеме договор за една година и секако долгорочно до некои 25 години. Покажаа голема спремност и за посета на нивната државна компанија СОКАР со која веќе потпишавме Меморандум за соработка, изјави Божиновска.

Во однос на дали ваквите иницијативи и најави ќе значат поголеми колични азербејџански гас ии транзит, посочи дека тоа зависи од нас.

– Првин треба да има потрошувачка, ние не трошиме многу, кога ќе се изгради конекторот ќе има можност за транзит што за нас ќе биде поголема можност, долгорочно и подобри цени, а бидејќи ќе бидеме на влез на Централна Европа и транзитни количини на гас, рече Божиновска.

Како што информираа вчера од Министерството за енергетика на средбата на Бжиновска и Шахбазов е оценето дека  Македонија е важен транзитен центар за гас до Европа и оти  Азербејџан  е подготвен веднаш да соработува

На тет-а-тет средбата, која се одржа во Министерството за енергетика на Азербејџан, била истакната заедничката заложба за зајакнување на партнерството во областа на снабдување со гас. Разговорите се фокусираа на можностите за долгорочни договори за снабдување со гас, како и на потенцијални инвестиции во гасната инфраструктура во Македонија.

Посебен акцент е ставен на можната соработка меѓу државната енергетска компанија Електрани на Македонија (ЕСМ) и азербејџанската државна нафтена компанија СОКАР. Партнерството помеѓу ЕСМ и СОКАР е клучно за нашата енергетска трансформација. Во таа насока, договоренa e средба за интензивирање на активностите во рамки на склучениот меморандум за соработка што беше потпишан за време на КОП 29 самитот во Баку. (МИА)

Advertisement

Македонија

Тошковски откри кои прекршоци ќе бидат на удар на „Безбеден град“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска истакна дека системот „Безбеден град“ ќе се спроведува со прецизно дефиниран праг на толеранција, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и јавниот простор, а не казнување по секоја цена.

Тошковски појасни дека системот ќе биде насочен кон препознавање и санкционирање на сериозни и опасни прекршоци, особено оние кои директно го загрозуваат животот и безбедноста на граѓаните. „Целта е да се воспостави ред и превенција, а не репресија без разум“, рече тој.

„Ќе има јасни правила, транспарентност и точно утврдени критериуми. Граѓаните ќе знаат што се санкционира и зошто. Системот нема да биде лов на прекршители, туку алатка за заштита на човечки животи“, нагласи министерот.

Проектот предвидува користење на современи технолошки решенија, вклучително камери и софтвер за следење на сообраќајот, со цел подобрување на контрола и намалување на бројот на сообраќајни незгоди.

Министерството најави дека имплементацијата ќе се спроведува фазно, со претходна информираност на јавноста и соодветен период за прилагодување, за граѓаните да се запознаат со новиот систем и неговото функционирање.

Continue Reading

Македонија

Пораст на нивото на реките: Пчиња, Вардар, Треска и Црн Дрим со зголемен водостој

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) алармира за значително зголемување на водостоите кај клучните реки, надминувајќи го просекот за декември.

Реката Вардар, нашиот најголем воден пат, е видно „нарасната“ долж нејзиниот тек – од Јегуновце, преку Скопје и Велес, па сѐ до Демир Капија. Слична слика се бележи и на Пчиња кај Катлановска бања, Треска кај Македонски Брод, Црн Дрим кај Ложани и Сатеска кај Ботун.

Од друга страна пак, нивото на Брегалница кај Берово и Штип, Пчиња кај Пелинце и Црна Река кај Новаци, се под просечните декемвриски граници.

Во однос на природните езера, ситуацијата е стабилна и без отстапувања. Водостоите на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро се во рамки на просекот за овој период од годината, ветувајќи мирување и покрај раздвижениот речен систем.

Continue Reading

Македонија

Пролетни температури во декември: Сончевото топло време во текот на целата седмица

Продолжува доминацијата на високиот воздушен притисок, односно Антициклонот, кој и оваа седмица ни носи пролетно време.

Заборавете на студената зимска идила – времето останува стабилно и суво, а деновите ќе бидат натпросечно топли, иако утрата ќе бидат спартански ладни. Термометрите на повеќе места наутро ќе се спуштаат до минусни температури, што налага внимателно облекување пред изгрејсонце.

Сепак, не секаде ќе биде сончево. По котлините и речните долини, особено во текот на ноќта и утрото, маглата и ниската облачност ќе создаваат густа завеса. Овој феномен нема да ја заобиколи ниту Скопската котлина, каде што во утринските часови се очекуваат значително отежнати услови за сообраќај.

Дневните температури се вистински шок за декември. На повеќе места тие упорно ќе надминуваат 10 степени, додека во југоисточните предели живата може да скокне и до околу 15 степени. Ова значи само едно: невообичаено високите температури за овој период од годината продолжуваат да го одбележуваат целиот работен и празничен дел од седмицата.

Меѓутоа, оваа стабилна доминација се чини дека ќе биде прекината кон крајот на седмицата. Во сабота, на 20 декември, се очекува позначителна облачност и појава на повремен локален дожд. Подгответе се за мала промена на плановите за викендот.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг