Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Македонски Концепт: Бугарија со стопирање на Коридорот 8 ја загрозува безбедноста на НАТО во регионот

by Уредник
14.03.2025
in Uncategorized

Македонски Концепт изразува длабока загриженост поради одлуката на бугарската влада да го стопира проектот за железничко поврзување со Македонија, како дел од Коридорот 8. Според информациите, средствата наменети за оваа инфраструктура се пренасочени кон завршување на домашни железнички проекти.

Овој потег претставува сериозен удар врз регионалната соработка и интеграцијата на Западен Балкан во евроатлантските структури. Коридорот 8 е од стратешко значење за поврзување на Јадранското и Црното Море, а неговата реализација е клучна за економскиот развој и стабилност на регионот. Со запирање на проектот, Бугарија директно ги поткопува овие напори и ја загрозува безбедноста на НАТО во регионот.

Потсетуваме дека во октомври 2024 година, Македонија и Бугарија во Брисел се согласија заеднички да продолжат со изградбата на железничката пруга на Коридорот 8. Оваа одлука на бугарската влада е во спротивност со тогашните заложби и ја доведува во прашање довербата меѓу двете земји.

Ги повикуваме бугарските власти да ја преиспитаат оваа одлука и да се вратат на патот на соработката и исполнување на преземените обврски. Само преку заеднички напори можеме да обезбедиме стабилност, просперитет и безбедност за целиот регион, во согласност со интересите на НАТО и Европската унија.

Македонски Концепт останува посветен на промовирање на добрососедските односи и интеграцијата на нашата земја во евроатлантските структури.

Со почит,
Центар за комуникации и анализа
Македонски Концепт

Next Post
Москва се огласи после состанокот на Путин и Виткоф: Што е договорено во моментов?

Москва се огласи после состанокот на Путин и Виткоф: Што е договорено во моментов?

Манекенката не крие колку е горда на своето тело – повторно се расоблече (ФОТО)

Манекенката не крие колку е горда на своето тело - повторно се расоблече (ФОТО)

Препорачани Вести

Дневен хороскоп за среда – 7 мај: Оваа среда ќе биде среќна за овие хороскопски знаци

Дневен хороскоп за недела – 20 јули: Денес е ден за уживање и одмор!

6 months ago
Идејата на Пике може засекогаш да го промени фудбалот: Дали во иднина ова може да стане правило во фудбалот?

Идејата на Пике може засекогаш да го промени фудбалот: Дали во иднина ова може да стане правило во фудбалот?

11 months ago

Популарни Вести

  • Битола воведува електронско гласање во Советот – прв пример во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слукан: Западен Балкан е еден од најдинамичните пазари со висок раст за Binance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: Хрватска е силен поддржувач на македонската европска перспектива

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ски сезоната на Копанки започнува оваа недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Платите лани се покачија за 9,2% – Славески вели дека околу растот на платите треба одговорно планирање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.