Connect with us

Спорт

Македонските лавови од Престон на дофат до титулата!

Published

on

Судир на врвот на табелата во Првата лига на Викторија!

Престон, гордоста на македонската заедница во Австралија, се соочува со Авондејл во пресуден дуел кој може да ја одлучи шампионската трка! Со неверојатна база на лојални македонски навивачи и тим што игра со срце и страст, Македонските лавови се подготвени да го направат последниот чекор кон заслужената титула!

Натпреварот ќе се одигра утре во 05:00 часот по Македонско време.

Спорт

Нејмар сепак нема да игра за Бразил, откриена главната причина за оваа одлука

Published

on

Нејмар доби повик од селекторот Доривал Жуниор, но поради повреда ќе мора да го откаже своето учество во предстојните квалификациски натпревари.

„Во последните неколку дена, по повикот од 6 март, медицинскиот тим на бразилската репрезентација, предводен од д-р Родриго Ласмара, ни достави информации за состојбата на сите играчи, особено за Данило, Нејмар и Едерсон. Наместо нив, повикани се Лукас Пери од Лион, Алекс Сандро од Фламенго и Ендрик од Реал Мадрид“, изјави селекторот.

Во претстојниот репрезентативен „прозорец“, Бразилците ги очекуваат два голема натпревари – дуелот со Колумбија, кој ќе се одигра во ноќта меѓу четврток и петок по наше време, и гостувањето на најголемиот ривал Аргентина во Буенос Аирес, во ноќта меѓу 25 и 26 март.

Continue Reading

Спорт

Изгласан новиот состав на Управниот одбор на ФФМ

Published

on

На Редовното Изборно Генерално Собрание на Фудбалската федерација на Македонија беше изгласан новиот состав на Управниот одбор.

Управувачкиот орган на Фудбалската федерација на Македонија е во следниот состав:

Масар Омерагиќ – претседател на ФФМ

Агим Ибраими (Тетово – поранешен капитен на репрезентација на Македонија) на предлог на претседателот на ФФМ

Владимир Гашевски (Скопје) на предлог на претседателот на ФФМ

Славе Костов (Велес) на предлог на претседателот на ФФМ

Дарко Костовски – претседател на ОФС Гази Баба на предлог на претседателот на ФФМ

Златко Талевски – ОФС Битола

Светозар Станковски – ОФС Гази Баба

Берат Исмаили – ОФС Гостивар

Сашко Тасев – ОФС Кавадарци

Игор Франговски – ОФС Кисела Вода

Станко Манчевски – ОФС Кочани

Добре Иванов – ОФС Кратово

Борче Лазаревски – ОФС Куманово

Абдула Сакипи – ОФС Липково

Марјанчо Стојковски – ОФС Прилеп

Горан Гаврилов – ОФС Пробиштип

Ѓорѓи Угриновски – ОФС Ресен

Џевад Дибрани – ОФС Струга

Димитар Џонов – ОФС Штип

Управниот одбор на ФФМ донесе одлука Ристо Божинов (поранешен македонски репрезентативец и фудбалер на Слога Југомагнат, Вардар, Силекс…) да биде советник на претседателот на ФФМ за спортски прашања на местото на Агим Ибраими.

Потоа, Тони Ивановски – советник за финансиски прашања, Ружица Николовска – советник за правни прашања, Виктор Илоски – советник за економски прашања и инвестиции.

Continue Reading

Спорт

Масар Омерагиќ едногласно избран за претседател на ФФМ до 2029 година

Published

on

Масар Омерагиќ беше единствен кандидат и едногласно и со акламација беше избран од највисокото тело на ФФМ за претседател на Фудбалската федерација на Македонија. 

Во продолжение, говорот на првиот човек на македонскиот фудбал откако ја доби довербата од делегатите на Изборното Собрание на ФФМ. 

Масар Омерагиќ – претседател на ФФМ: 

Не сме овде само да зборуваме за проблемите од минатото – туку да погледнеме напред, кон новата визија и стратегија за македонскиот фудбал. Фудбалската федерација на Македонија има обврска да постави јасен правец, да создаде систем кој ќе гарантира долгорочен развој и да ја врати довербата кај сите што се дел од овој спорт.

Нашата визија е јасна: Силен, организиран и конкурентен македонски фудбал на сите нивоа.

Младински категории кои ќе бидат столбот на идните успеси;

Современа инфраструктура која ќе им овозможи на фудбалерите да напредуваат;

Федерација која работи транспарентно, професионално и во интерес на фудбалот; 

Работиме на нова генерална стратегија: План за иднината!

Без силни млади категории, нема иднина. Ќе вложуваме во подобри услови за тренинг, селекција на таленти и едукација на тренери. Нашата цел е да создадеме млади фудбалери кои повторно ќе бидат конкурентни во европските квалификации.

Во таа насока, една од битните работи е создавањето на скаутинг систем во рамки на нашата федерација кои ќе има единствена цел – македонските таленти од странство да имаат еден избор – дресот на Македонија. 

Подобрување на инфраструктурата

Фудбалот не може да напредува без квалитетни терени. Ќе инвестирамево изградба и модернизација на терените ширум Македонија и тренинг-центри, со реални проекти и јасна финансиска стратегија.

Финансиска стабилност и транспарентност

Секој денар во федерацијата ќе биде инвестиран во вистински проекти. Заврши времето на непродуктивно трошење – парите ќе одат таму каде што се најпотребни. На оваа позиција доаѓам како поранешен фудбалер и успешен бизнисмен, фудбалот доволно ми има дадено, време е да му вратиме за добро на сите. 

Поддршка за клубовите

Клубовите се крвотокот на фудбалот. Новата стратегија предвидува конкретни програми за финансиска и стручна помош, за да им помогнеме да растат и напредуваат. Да бидат конкурентни во Европските натпреварувања или барем на повисоко ниво од тоа што денеска го имаме. 

Унапредување на меѓучовечките односи и професионализација

Федерацијата мора да биде модел на професионалност, транспарентност и ефикасност. Ќе градиме култура на соработка, почит и јасни одговорности.

Фудбалската федерација ќе обезбеди целосна логистичка, стручна и финансиска поддршка за двете најважни селекции – А репрезентацијата и репрезентацијата до 21 година. Впрочем, за нас ќе бидат важни селекциите од најмала возраст до најдобрата репрезентација. 

А репрезентацијата е лицето на македонскиот фудбал, нашиот најголем амбасадор на меѓународната сцена. Ќе направиме сè за да имаат најдобри услови за подготовкии поддршка за големи натпреварувања.

Селекцијата до 21 година е нашата иднина – тие се играчите што ќе ја предводат А репрезентацијата во годините што доаѓаат. 

Затоа, ќе вложуваме во нивниот развој, ќе им обезбедиме врвни услови за тренинг, подобра координација со клубовите и можности за меѓународни искуства.

Многу важен дел од новата Стратегија ќе биде целосната реформа во структурата на Општинските фудбалски Сојузи и реформа на организациската структура на Фудбалската федерација на Македонија. 

Оваа исклучително битна реформа во Општинските фудбалски Сојузи ќе ја работиме во соработка и целосен мониторинг на УЕФА. Со проверка на легитимитет на клубовите кои настапуваат во Општинските фудбалски Сојузи ќе го утврдиме и легитимитетот на самите Општински Сојузи. Мораме да имаме јасна слика за тоа кои клубови учествуваат во организираниот систем на Општинските Сојузи, а потоа и во натпреварување на ФФМ.

Ова не е само моја визија – ова е наша заедничка мисија. Само со чесна работа и со јасен план, можеме да го издигнеме македонскиот фудбал на ниво кое сите го посакуваме.

Време е за нов почеток. Време е за резултати.Одиме напред – за македонскиот фудбал“!

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк