Connect with us

Македонија

Македонски Концепт изразува загриженост за предложените измени на Законот за медиуми

Published

on

Македонски Концепт ја повикува Владата, Собранието, асоцијациите на медиуми и новинари и целокупната јавноста да посветат големо и длабоко внимание во врска со предложените измени на Законот за медиуми, нагласувајќи ја важноста на зачувувањето на слободата на медиумите како темел на демократското општество.

Македонски коцепт повикува на внимателна, редовна и широка процедура за измените на овој закон. Потребна е јавна расправа за да можеме да дојдеме до соодветни решенија.

Македонски концепт цени дека наметнување на обврската за минимум три редовно вработене во порталите кои ќе сакаат да бидат медиуми не оди во полза на никого, ниту на државата, ниту на слободата на медиумите, ниту на граѓаните.

Медиумската слобода и отворениот медиумски пазар се клучни за информирање на јавноста, промовирање на плурализам и обезбедување на демократски процеси. Секоја регулација во оваа област треба внимателно да се разгледа и да биде во функција на поттикнување на слободна конкуренција, без непотребни ограничувања кои би можеле да предизвикаат несакани ефекти, како концентрација на медиумската моќ или намалување на квалитетот на информирањето.

Ги повикуваме надлежните институции да пристапат со транспарентност, инклузивност и дијалог при разгледувањето на овие измени, со цел да се обезбеди дека сите заинтересирани страни ќе бидат вклучени во процесот. Нашата заедничка цел треба да биде создавање на средина во која медиумите ќе работат слободно, одговорно и без притисок, а граѓаните ќе бидат правилно и објективно информирани.

Веруваме дека само преку заеднички и добронамерни напори може да се постигне рамнотежа помеѓу регулациите и слободата на говорот, обезбедувајќи здрава и функционална медиумска сцена во Македонија.

Со почит,

Центар за комуникации и анализа

Македонски Концепт

Македонија

Осуммина членови на бендот на ДНК загинаа во пожарот во Кочани

Published

on

Осум лица од тимот на „ДНК“ се помеѓу загинатите во пожарот во Кочани.

Покрај Андреј, починати се и музичарот Филип Стевковски, гитаристот Андреј Коларов, тапанарот Ѓорѓи Ѓорѓиев, придружниот вокал Сара Пројковска, тонецот Игор Велков, бит-боксерот Мартин Атанасовски – Буцо и Александар Ефремов, фотограф на „ДНК“.

Пејачот на „ДНК“, Владимир Блажев-Панчо има изгореници на лицето и на раката и е во болница.

Continue Reading

Македонија

Ургентен има потреба од постелнини, чаршафи, кебиња и пижами – кој може да донира

Published

on

На социјалните мрежи се шири апел за помош од донации, бидејќи ургентниот центар при Клиничка болница Скопје има недостаток на постелнини, чаршафи, кебиња и пижами.

Доколку сте во можност да донирате, поставен е штанд на Црвен Крст пред ургентен во Скопје.

Continue Reading

Македонија

(Видео): Кочани во црно – Граѓаните палат свеќи за загинатите

Published

on

Жална слика во градот кој жали најмногу. Телевизија Кочани објави неколку снимки на кои може да се види редица луѓе кои во Паркот на револуцијата чекаат да запалат свеќа за жртвите во страотниот пожар во дискотеката „Пулс“. Пожарот предизвикан од пиротехнички средства зеде 59 животи, додека 155 лица се хоспитализирани.

По кратка блокада на Кочанската болница роднините на загинатите решија да се повлечат и да дозволат телата на нивните деца да бидат однесени на обдукција.

Голем дел од родителите на хоспитализираните лица ноќта ќе ја поминат во Скопје бидејќи повеќе од 80 лица беа хоспитализирани во скопските клиники. Десетици лица со потешки повреди веќе беа пренесени во соседна Бугарија, Србија и Грција со итна помош од соседните земји за да добијат соодветен третман таму.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк