Connect with us

Македонија

Во затворот во Прилеп, пронајдени таблети, прашкаста материја и дигитална вага

Published

on

На 14.03.2025 во 11.30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Прилеп биле пронајдени таблети, прашкаста материја и дигитална вага.

Полициски службеници извршиле увид и предмети биле подигнати за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Македонија

Осуммина членови на бендот на ДНК загинаа во пожарот во Кочани

Published

on

Осум лица од тимот на „ДНК“ се помеѓу загинатите во пожарот во Кочани.

Покрај Андреј, починати се и музичарот Филип Стевковски, гитаристот Андреј Коларов, тапанарот Ѓорѓи Ѓорѓиев, придружниот вокал Сара Пројковска, тонецот Игор Велков, бит-боксерот Мартин Атанасовски – Буцо и Александар Ефремов, фотограф на „ДНК“.

Пејачот на „ДНК“, Владимир Блажев-Панчо има изгореници на лицето и на раката и е во болница.

Continue Reading

Македонија

Ургентен има потреба од постелнини, чаршафи, кебиња и пижами – кој може да донира

Published

on

На социјалните мрежи се шири апел за помош од донации, бидејќи ургентниот центар при Клиничка болница Скопје има недостаток на постелнини, чаршафи, кебиња и пижами.

Доколку сте во можност да донирате, поставен е штанд на Црвен Крст пред ургентен во Скопје.

Continue Reading

Македонија

(Видео): Кочани во црно – Граѓаните палат свеќи за загинатите

Published

on

Жална слика во градот кој жали најмногу. Телевизија Кочани објави неколку снимки на кои може да се види редица луѓе кои во Паркот на револуцијата чекаат да запалат свеќа за жртвите во страотниот пожар во дискотеката „Пулс“. Пожарот предизвикан од пиротехнички средства зеде 59 животи, додека 155 лица се хоспитализирани.

По кратка блокада на Кочанската болница роднините на загинатите решија да се повлечат и да дозволат телата на нивните деца да бидат однесени на обдукција.

Голем дел од родителите на хоспитализираните лица ноќта ќе ја поминат во Скопје бидејќи повеќе од 80 лица беа хоспитализирани во скопските клиники. Десетици лица со потешки повреди веќе беа пренесени во соседна Бугарија, Србија и Грција со итна помош од соседните земји за да добијат соодветен третман таму.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк