Connect with us

Црна Хроника

Андреј од дуото ДНК го загуби животот во пожарот во Кочани

Андреј Ѓоргиески дел од дуото ДНК за жал го загуби животот по пожарот кој се случи синоќа во Кочани, откако им подлегнал на повредите здобиени во пожарот. Веста за неговата смрт Телма ја дознава од неговото семејство. Според нашите информации Андреј од Штип бил пренесен во Скопје каде им подлегнал на повредите.

Исто така музичарот Филип Стевановски од Куманово- придружен член на дуото ДНК загинал во пожарот што ја зафати дискотеката „ Пулс“ во Кочани, јавува штипската телевизија Тв Стар.

Стевановски беше продуцент, пијанист, тромбонист и композитор , а магистрирал jazz музика. Работеше во Државниот музички училишен центар „ Сергеј Михајлов“ во Штип, велат од Тв Стар.

Во несреќата загинал и тапанарот на ДНК, Ѓорѓи Ѓорѓиев од Струмица.

Ах бре убаво дете, во сите списоци, во сите болници баравме за да те најдеме, само да ни кажат дека си тука… Со неизмерна тага ја примив веста за трагичната загуба на нашиот сограѓанин, Горги Горгиев, кој го загуби својот живот во страшниот пожар во Кочани. Струмица загуби талентиран музичар, пријател и човек со големо срце, кој преку својата музика ширеше радост и емоции. Во овие тешки моменти, моите мисли и молитви се со неговото семејство, најблиските и сите кои го познаваа и сакаа. Нека почива во мир, а неговата музика и споменот за него вечно да живеат во нашите срца“, соопшти струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов.

Според најновите информации, загиналe и фотографот на групата ДНК и придружниот вокал, Сара Пројковска.

24инфо.мк

Advertisement

Црна Хроника

Уапсен главен уредник на турска телевизија

Главниот уредник на едниот од највлијателните турски телевизиски канали, „Хабертурк ТВ“, Мехмет Акиф Ерсој, е приведен во Истанбул како дел од проширена истрага за дрога што ги таргетира медиумските и забавните кругови, пренесуваат турските медиуми.

Канцеларијата на главниот јавен обвинител во Истанбул соопшти дека биле издадени налози за апсење на осум лица под сомнение за купување, поседување или употреба на дроги и стимуланси за лична употреба, како и за обезбедување простор за нивна употреба.

Меѓу приведените, покрај Ерсој, е и уредничката за меѓународни вести на „Хабертурк“, Елиф Каланч.

Телевизијата во кратко соопштение потврди дека Ерсој е приведен во рамки на истрагата на истанбулското обвинителство и дека е суспендиран „за да се обезбеди целосна објективност“. Одлуката за неговата суспензија ја донесе државниот Фонд за гаранција на депозити (ТМСФ), кој од септември ја управува матичната компанија на „Хабертурк“ како судски назначен стечаен управник во друга истрага за перење пари.

Овој најнов случај е дел од поширока акција во Истанбул, во која претходно беа приведени и неколку ТВ-водители под сомнение за употреба на дрога, но тие подоцна беа ослободени.

Истрагата привлекува дополнително внимание поради тоа што, за разлика од минатите случаи насочени кон критичарите на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, сега под удар се медиумски фигури и деловни структури што се сметаат за блиски до власта, меѓу кои и „Хабертурк“.

Continue Reading

Црна Хроника

Пијан мопедист заврши во болница по излетување од пат кај Дојран

Ноќта на регионалниот пат Стар Дојран – Нов Дојран, на потегот „Калдрма“, 22-годишниот Д.Б. од Нов Дојран изгубил контрола врз мопед „Хамачи“ и излетал од коловозот. Во незгодата се здобил со телесни повреди, по што бил пренесен во Општата болница во Гевгелија.

Полициската контрола покажала дека возачот бил под дејство на алкохол – измерени 1,60 промили. За настанот е известен јавен обвинител од ОЈО Гевгелија, а по целосно документирање ќе следи пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Continue Reading

Црна Хроника

Опожарен автомобил на паркинг во Скопје

kola gori

С.Ф. (62) од Скопје пријавил в полиција ноќеска дека на паркинг простор на подрачјето на Бит Пазар било опожарено неговото патничко возило „тојота рав 4“ со скопски регистарски ознаки.

Повредени лица нема, а од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат.

Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг