Connect with us

Македонија

Најголем дел од жртвите во дискотеката загинале во стампедото борејќи се за своите животи

Директорката на општа болница со проширена надлежност Кочани, Кристина Серафимова, изјави дека повредените и починатите лица кои биле донесени кај нив биле на возраст од 16 до 24 години и се од Скопје, Штип, Пробиштип и од Кочани вклучително и од селата на кочанскиот регион. Наголем дел од настраданите загинале како последица на стампедо предизвикано од паниката по избувнувањето на пожарот во дискотеката.

„Пациентите беа на возраст од 16 години до 24 годишна возраст. Најмногу имаше со изгореници и со интоксикација на јаглероден моноксид. Тука се направи првата тријажа на пациентите кои беа препратени до Клиничка болница Штип првично. Тука многу ни помогнаа од соседните здравствени домови, како и од Клиничка болница Штип, која испрати свое возило, како и од брзата помош од Скопје. Пациентите беа пренесени во најкус можен период откако веќе беше тријажата направена во болницата. Оние пациенти што беа со помали изгоренци од прв степен беа задржани во кочанската болница, сите други се препратени првично во Клиничката болница во Штип, од каде што пациентите со изгореници од трет и од четврт степен беа препратени до скопските клиники“, рече др. Серафимова.

Таа посочи дека во раните утрински часови во 2:48 чсот бил примен првиот повик на бројот 194 на брза помош со назнака дека во дискотеката непосредно во индустрискиот дел на Кочани имало пожар. За 15 до 30 минути биле мобилизирани сите специјалисти во болницава, медицински сестри кои се јавиле на работа иако не биле на смена.

Др. Серафимова подвлече дека, кај лицата кои биле донесени најмногу од повредите ги добиле како последица од стампедото кое настанало по избувнување на пожарот.

„За жал повеќето повреди биле добиени од стампедото, особено кај пациентите што се починати. Тие починале од стампедото како последица на паничниот напад кај присутните кои почнале да излегуваат од влезот на дискотеката, во која се наоѓале 1.500 лица“, кажа др. Серафимова.

Моментално во Болницата во Кочани се хоспитализирани 12 пациенти и сите се во стабилна состојба.

Сите останати се испратени во Кличничка болница Штип и во болниците во Скопје.

Advertisement

Македонија

МВР со известување до граѓаните за „Безбеден град“

Ги известуваме граѓаните дека од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци. Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.

Исто така, граѓаните по електронска пошта на bezbedengrad@moi.gov.mk ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните.

Continue Reading

Македонија

Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), на граничниот премин Ќафасан, спречија увоз на над 26 тони замрзнат пилешки батак без коска поради неисполнување на условите за увоз. Пратката со 2167 пакувања по 12 килограми замрзнато пилешко месо, по донесеното Решение за забрана за увоз од официјалните ветеринари на АХВ, вратена е во земјата извозник – Бразил.

Забраната за увоз е изречена бидејќи пратката била во спротивност со донесеното решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло од Бразил заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенса (птичји грип) според кое, забранет е увозот на пратки кои се добиени од животни кои се заклани, натоварени и сертифицирани пред 1 август 2025 година.

Continue Reading

Македонија

Љупчо Коцевски ја поднесе оставката како јавен обвинител

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски,само еден час пред собраниската расправа за негово разрешување денес, поднесе неотповиклива оставка. На прес-конференцијата, Коцевски порача дека функцијата ја извршувал чесно, но дека си заминува разочаран од системот.

„Заминувам со гордо крената глава, но и со горчина поради непочитувањето на основните принципи на правната држава“, изјави тој. Коцевски го обвини Собранието за „процедурален линч“, откривајќи дека поканата за седницата ја добил во последен момент, без воопшто да му биде доставен предлогот за разрешување. Според него, овој политички маневар е опасен преседан кој директно ја урива независноста на обвинителството.

Наместо да чека политичка пресуда во собраниските клупи, републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска избра достоинствено повлекување. Со поднесувањето на неотповикливата оставка, тој фрли сериозна дамка врз транспарентноста на власта, тврдејќи дека неговото разрешување е базирано на политика, а не на факти или закони.

„Немам на што да се произнесам, бидејќи предлогот за мое разрешување воопшто не ми е доставен“, истакна Коцевски, нагласувајќи го апсурдот на ситуацијата во која поканата ја добил само 60 минути пред почетокот на седницата. Неговото заминување по помалку од две години мандат отвора нови прашања за тоа колку е навистина „независно“ македонското правосудство од политичките влијанија.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг