Connect with us

Македонија

Тошковски: Осомничени се повеќе од 20 лица

Published

on

Министерството за внатрешни работи во коррдинација со јавното обинтиелство, до овој момент, во врска со овој кривично-правен настан, има осомничено, повеке од 20-тина лица. Околу 15 лица се во полициска станица, дел од осомничените за предизвикување на овој насан се почанти согласно сомненијата кои ги имаме досега, од аспект на осомничени,  дел се во болница. Четири лица имаме момнетално обезбедено во болница.

Два члена на бендот, син на сопственик на дискотека и управител на правното лице која што ја менаџирало дискотиката. Дел од приведените лица, коишто моментално се во полициска станица, се луѓе кои имаат директна вина со овој настан согласно доказит осбрани, односно приведено едно лице коешто е организатор на настанот и за коешто имаме сомнение дека еден од оние кои имаат дирекнта вина за овој настан Исто така приведени се, поранешен државен секретар на министерство за економија, поранешен/ сгеашен раководител на еден сектор во рамки на министерство за економј,а приведен е пораншен директор на дирекција и спасување и тројца вработени во рамките на дирекцијата. Дел од приведените кои се во Кочани, с елуѓе кои биле организатори на самиот настан, дел биле вклуено во обезбедување, а дел во други активности кои се случувале вечерта. Разговор од страна на полициските службеници, со очевидци на настанот е извршен со повеке од 25 лица и се продолжува со собирање на доказо за самиот настан. Легална лицеца овааза работа оваа фирма нема. И оваа лиценца како и многу други работи во минатото во Макеоднија е е поврзана со мито и  корупција.

Сакам да и напоменам на македонската јавност, за разлиак од претходно, во овој случај имаат име и презиме оние кои се одгооври за издавање на лиценцата и ке одговараат. Досега се утврдени повеке од 20 повредени малолетни лица и ти починати малолетни лица. Во идкостеката имао околу 500тина лица. Некаде околу 250 карти се продадени согласни информациите. Имињата на починатите, по завршувањето ке бидат доставени дос емејствата. Поголемиот дел се идентификувани. Сите тела се извадени од лице место. о критична сосотјба имаме 22 лица и дел од овие лица ке бидат пренесиени во труција, бугарија, грција и истите ке им биде даден соодветен третман за лекување. Денес Македонија плаче, ама одговорност ке има. За секој еден од корумпираните неодговнорите и скеој еден којшто има директна или посредно влијание за настанување на овој кривично правен настан. Овие ифнормации се за досега утврдената ситација согласно доказите. – реше Панче Тошковски на прес конференцијата.

Македонија

ССМ на 2 април излегува на протест

Published

on

Претседателот на Сојузот за синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов денеска на прес-конференција најави дека на 2 април ќе одржат протест на улиците во Скопје. Ова доаѓа откако во вторникот Владата ја усвои информацијата дека минималната плата ќе се зголеми за 1.800 денари во нето износ, а според ССМ, одлуката е незаконска.

-ССМ излегува на улица на 2-ри април, онака како што ветивме пред еден месец. Часот кога ќе почне јавната седница на органите и телата на ССМ, вклучително и синдикатите здружени во ССМ, е 12:05, имајќи во предвид дека 5 до 12 одамна помина, а 12 часот помина тогаш, кога Владата одлучи еднострано да усвојува информација, и со информација да утврдува износ на минимална плата на штета на работниците во Македонија, не прифаќајќи ги нивните предлози за утврдување на висината на износот на минималната плата, рече Трендафилов.

Тој напомена дека до сега, ниту со поголемиот дел од гранските синдикати здружени во ССМ не се преговара, не се разговара за висините на платите на вработените во јавниот сектор, онака како што е предвидено во општиот колективен договор.

-Не се преговара и не се разговара за висините на платите на вработените во јавниот сектор, онака како што е предвидено во општиот колективен договор, а тоа е да добиеме функционерски плати, просечна плата по коефициент на сложеност или зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 12,6 проценти во нето, или 12, 9 проценти во бруто, додаде Трендафилов.

Тој обвини дека од последната прес-конференција се засилиле нападите кон синдикатите здружени во ССМ и кон Сојузот на синдикатите на Македонија од политичка партија.

-Се засилија нападите како од политичка партија така и од политички поставени директори кои примаат плата од нашите плати, кои ги плаќаме како даноци во државата, не ги плаќаме за да ги минираат процесите за да ги намалуваат платите и за да не ги остваруваат барањата и заложбите на работниците, не ги плаќаме за жестоко да се борат со закани, со уцени за отказ од работни места, за намалување на плата, за суспендирање на наши синдикални активисти, со една цел да направат друг Синдикат репрезентативен на штета на работниците, додаде Трендафилов.

Како што информираше, денеска почнала со работа Комисијата за утврдување на репрезентативност, и посочи дека само Сојузот на синдикатите на Македонија бара утврдување на репрезентативност на ниво на територија, ниту еден друг синдикат нема поднесено барање.

-Само Сојузот на синдикатите на Македонија бара утврдување на репрезентативност на ниво на територија, со што ќе се овозможи негово учество во економско социјалниот совет, во Комисијата за утврдување за репрезентативност како и во други трипартитни социјални партнерства, органи и тела на државата, вклучително и барање за утврдување на репрезентативност во јавниот и приватниот сектор и ниту еден друг синдикат ја нема ниту бројката, ниту има поднесено барање, а жестоко се борат против ССМ за да не ја добие репрезентативноста, со која уште погласно ќе ги кажува барањата на работниците, посочи Трендафилов.

Continue Reading

Македонија

OJO: Покренато обвинение против Васил Јованов кој на „Партизанска“ во Скопје ја усмрти Фросина Кулакова

Published

on

По целосно спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик, соопшти Обвинителството.

Во рок од два месеци од трагичниот настан, надлежниот јавен обвинител ги прибра сите докази и вештачења кои укажуваат дека обвинетиот го сторил ова најтешко дело против безбедноста во сообраќајот за кое е запретена максимална затворска казна до 20 години, велат од институцијата.

Согласно доказите, на 29 јануари, 15 минути пред полноќ, обвинетиот, без воопшто да поседува возачка дозвола, управувал патничко возило „Пежо 207“ сопственост на неговиот татко.

Не се придржувал кон прописите и со тоа свесно го довел во опасност животот на луѓето. Автомобилот го управувал под дејство на алкохол, односно со 0.80 промили алкохол во крв, но и со брзина на движење од 91 km/h што е речиси двојно поголема од дозволената.

Кога дошол пред обележан пешачки премин на крстосницата меѓу булеварот “Партизански одреди” и улицата “29-ти Ноември“ продолжил со движење на вклучено црвено светло на семафорот кој сигнализирал забрана за минување и со предниот лев дел од возилото кое го управувал удрил во телото на пешакот Фросина Кулакова, која поминувала на обележан пешачки премин и зелено светло за пешаци.

Од силата на ударот, оштетената се издигнала во воздух и удрила во семафор, поставен на разделното пешачко стојалиште, па се здобила со тешки телесни повреди од кои починала на лице место.

„Во конкретниот случај постојат околности што го оправдуваат стравот на опасност од бегство и основан страв дека ќе го повтори кривичното дело. Дополнително, имајќи ја предвид возраста на обвинетиот, објектот на заштита, сериозноста и тежината на кривичното дело и другите факти, јавниот обвинител процени дека се уште опстојуваат законските основи поради кои на обвинетиот му беше определена мерка притвор, па од Судот побара притворската мерка да биде продолжена“, се истакнува во соопштението.

Continue Reading

Македонија

Таравари: Уште осум пациенти од трагедијата во Кочани пуштени на домашно лекување, а деветмина се враќаат од странство

Published

on

Нови осум пациенти повредени во пожарот во Кочани од скопските клиники се пуштаат на домашно лекување, а деветмина се враќаат од странство, информира денеска на прес-конференеција министерот за здравство Арбен Таравари.

На клиниките во Скопје, според него, ќе останат само 14 пациенти, додека на лекување во странство остануваат 91 пациент. Осумте пациенти кои денеска треба да стигнат, тројца од Унгарија, двајца од Италија и по еден од Атина, Белград и Шведска, според протоколите на Кризниот штаб, ќе останат најмалку 24 часа на скопските клиники на дополнителни проверки. Една пациентка од Бугарија, појасни, веќе е во хотел и оди само на амбулантски прегледи.

– И за четворицата критични пациенти добиваме добри вести, дека иако се сеуште во тешка состојба, но во подобрена во однос на вчерашниот ден. Оптимисти дека и тие ќе почнат да се подобруваат, да нема други компликации. Одредени лабараториски параметри покажуваат дека има подобрување- изјави Таравари.

Тој најави дека утре треба да се вратат нови двајца пациенти по еден од Литванија и Шведска, а во меѓувреме може да се донесе одлука и за други.

На Клиниката за токсикологија, додаде министерот, има шест пациенти, двајца се на пластична хирургија , шест во стара Градска болница, пет во „8 Септември“ и тројца во приватната болница „Систина“.

Директорот на Клиниката за токсикологија Андон Чибишев појасни дека шесте пациенти кои се на Клиниката во моментот се оние кои вчера се вратија од лекување во странство и оти кај сите токсиколошките анализи биле во референтни вредности.

– Сите се во добра општа здравствена состојба со стабилни клинички параметри. Денеска земавме дополнителни клинички иследувања кои се нормални. Тројца пациенти се со инхалаторни повреди стабилни, другите имаат и инхалаторни и изгореници, кои се во санација, згрижени се. Сите се видени од токсиколог, анестезиолог и психијатар, согласно нашиот став од Кризниот штаб и денеска сите ќе ги пуштиме дома со одредени препораки. Дел од нив ќе треба да дојдат и на контрола во наредните денови-истакна Чибишев.

Таравари уште еднаш повтори дека лекувањето на пациентите од пожарот во Кочани во земјава и странство е бесплатно.

– Ќе повторам за сите пациенти лекувањето е бесплатно. За сите пациенти за двајца членови од семејствата е обезедено авионска карта или ако отишле со друг транспорт и сместувањето. Владата ги покрива сите трошоци на сите пациенти од лекување, престој на родителите и транспорт на пациентите и на родителите во двата правци. Комплетно се е покриено- потврди Таравари.

Финансиска проценка за тоа колку ќе чини процесот на лекување на пациентите во странство Министерството немало, но Таравари нагласи дека пациентите нема да платат ниту еден денар. Деведесет и девет отсто од трошоците, според него, се покриени од државите кои им помогнале, а мал процент ќе покрие Фондот за здравство.

Во однос на недостатоците на здравствениот систем во земјава, тој забележа дека во светот не постои идеален здравствен систем, но и оти покрај наследените недостатоци успеале релативно добро да ја изменаџираат состојбата со пациентите настрадани од пожарот во Кочани, нагласувајќи дека немало мртви по 11 дена од трагедијата. Посочи  дека идната недела ќе почнат да се тестираат 200-250 специјализанти, 1.200 медицински сестри и друг помошен персонал, а недостигале и околу 100 амбулантски возила.

– Оваа ситуација ни покажа дека Клиничкиот центар треба да биде интегриран. И затоа набргу ќе инсистирам во координација со сите релевантни политички фактори барем да почнеме со хирургија, а потоа цел Клинички центар да биде една единица. Многу подобро би се организирале да имаме еден диригент отколку десет- заклучи Таравари.

За отварање на центар за изгореници кажа дека разговарале со директорот на „8 Септември“, ковид центарот да биде пренаменет, но за тоа дополнително биле потребно човечки ресурси.

Министерот информира и дека со двата синдикати за здравство денеска потпишале спогодба во однос на коефициентот за исплаќање на платите, проблем за кој преговарале и во 2017 година.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк