Connect with us

Македонија

Ургентен има потреба од постелнини, чаршафи, кебиња и пижами – кој може да донира

Published

on

На социјалните мрежи се шири апел за помош од донации, бидејќи ургентниот центар при Клиничка болница Скопје има недостаток на постелнини, чаршафи, кебиња и пижами.

Доколку сте во можност да донирате, поставен е штанд на Црвен Крст пред ургентен во Скопје.

Македонија

Притвор за Крешник Бектеши, судот го прифати предлогот на Обвинителството

Published

on

Поранешниот министер за економија на РСМ, Крешник Бектеши, ќе биде во притвор во наредните 48 часа, исто како и поранешниот директор на Пазарниот инспекторат, откако судот го прифати барањето на Обвинителството.

Судот во Кочани го прифати предлогот за „краткотраен притвор“ за Бектеши и уште седум други осомничени, а сè уште се очекува да биде одредено во кој затвор ќе биде спроведен.

Инаку, освен Бектеши и поранешниот директор на Пазарниот инспекторат, ниту еден друг осомничен не беше пренесен од Скопје во Кочани со лисици на рацете и снимен пред камерите.

Притвор од 48 часа му е одреден и на Беким Максути, поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување.

Извор: tetovanews

Continue Reading

Македонија

Зимата се врати: Забрана за камиони на два патни правци, еве каде вее во моментов во Македонија

Published

on

Јавното претпријатие „Македонија пат“ вечерва информира дека поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража и на патниот правец Маврово – Дебар.

Од 22:50 часот е воведена забраната на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража во двата правци, а од 23 часот и на патниот правец Маврово – Дебар.

Continue Reading

Македонија

Горан Милевски: Во Љубљана слета авионот со македонските патници

Published

on

Вечерва во Љубљана пристигна првиот воен авион со двајца повредени пациенти од несреќата во Кочани.

Пациентите се успешно транспортирани и згрижени во Универзитетскиот клинички центар во Љубљана.

Во вакви тешки моменти, најважно е да останеме обединети и да си помагаме едни на други, информираше на социјалните мрежи амбасадорот на Македонија во Словенија, Горан Милевски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк