Connect with us

Македонија

ЛЕКУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО: Ноќеска и рано наутро осум лица во Хрватска и во Романија, можно е и во Словенија, Унгарија и Австрија

Published

on

Објавата на директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Клековски, на неговиот фејсбук профил, ви ја пренесуваме во целост:

“Згрижени над 140 настрадани

Денес се згрижени над 140 настрадани. Во земјава се 90 повредени и тоа Клинички центар 20, ГОБ 8 септември 20, Св. Наум Охридски 21, КБ Штип 20, ОБ Кочани 7, Токсикологија 2. Има пациенти и во Аџибадем Систина и Жан Митрев.

Во странство се прифатени 44 повредени и тоа Србија 17, Бугарија 14, Турција 9 и Грција 4. Бројките се менуваат поради пренесување на повредените во други болници. Ноќеска и рано наутро ќе заминат 8 повредени, за Хрватска 4 и за Романија 4.

Има можности за Словенија и Унгарија по 4 лица и Австрија 6 лица.

Од раните утрински часови во Клинички центар функционира Кризниот штаб на Министерството за здравство, во одлична координација со МВР и МНР. Состојбата на сите пациенти се набљудува и конзилијарно се одлучува за понатамошните постапка. Вечерва пристигна еден тим од ВМА Белград, а во очекување сме на тимови од Чешка, Израел и Белгија.

Сите, сите повредени се згрижени најдобро што можеме!”, стои во објавата на Сашо Клековски на социјалната мрежа Фејсбук.

Македонија

Свети ВМРО да е, ако направил грешка, ќе одговара, рече Мицкоски за градоначалникот на Кочани

Published

on

Колкава е одговорноста на градоначалникот на Кочани ќе утврди Обвинителството, рече премиерот Христијан Мицкоски денеска одговорајќи на прашање дали Папазов ќе сноси одговорност во врска со пожарот во дискотеката.

Мицкоски рече дека надлежните во текот на денот ќе ги проверат сите документи во Општината.

Посочи дека никој нема да биде заштитен и секој што има каква било вина во врска со настанот ќе одговара.

„Градоначалникот во својата оставка напиша дека стои на располагање за сѐ. Не бега. Тука е. Денеска, колку што јас знам, истражните органи ќе влезат и во Општината. Ќе ги проверат сите документи. Ако вие сега пледирате дека тој е ВМРО-ДПМНЕ, па ние го штитиме, не, се лажете. Никого нема да штитиме. Свети ВМРО да биде, и јас да сум, родена сестра, брат да ми е, ќе одговара ако има каква било вина“, рече Мицкоски.

Кривична одговорност, според него, ќе има за сите и посочува дека не треба да се шпекулира.

„Кривична одговорност ќе има за сите. Ако е потребна морална или политичка, удрете на мене. Јас сум тука, јас ќе се справам со целиот предизвик, но првин ќе ги поразам, како што многупати сум ги поразил, а потоа на избори граѓаните ќе судат дали и кој треба да сноси одговорност. Само, ве молам, да не шпекулираме, да не креираме информации што немаат никаква врска со вистината. Свети ВМРО да е, ако направил грешка, ќе одговара. Тоа сме го покажале и докажале во овој период“, порача Мицкоски. 

Continue Reading

Македонија

Мицкоски најави законски измени за заострување на условите за добивање лиценца за кабаре

Published

on

На новинарско прашање, зошто Пазарниот инспекторат по издавањето на лиценците не излегувал на терен да провери дали објектите ги исполнуваат условите пропишани во законот, Мицкоски вели дека по измените на Законот за угостителска дејност во 2007 година, не е пропишано дека Инспекторатот треба да излезе на терен, освен ако за тоа претходно нема пријава

Во измените во Законот за угостителска дејност од 2007 година со кои само со изјава на барателот се добива лиценца за кабаре премиерот Христијан Мицкоски го гледа проблемот што одредени локали се стекнале со ваков документ и што никој не проверувал дали ги исполнуваат условите.

Одговарајќи на новинарски прашања по денешната посета на пациенти од пожарот Кочани во Градската општа болница „8 Септември“, премиерот најави дека овој пропуст ќе се надминува со нови измени во Законот, за што ќе се формира и работна група.

Инаку, на оваа тема вчера пишуваше и „360 степени“, односно проверувавме колку е лесно или тешко да се извади лиценца за кабаре.

Мицкоски, денеска изјави дека со акцијата што ја почнал Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) за откривање негелагални лиценци ниту еден објект кој не ги исполнува минимум техничките услови, нема да биде оставен да функционира.

„Се истражува и бидете сигурно дека ниту еден објект којшто не ги исполнува согласно законот минимум техничките услови нема да бдие оставен да функционира, со сиот ризик и критика којашто Владата потоа ќе ја трпи“, рече премиерот.

Во однос на издавањето лиценци премиерот кажа дека согласно Законот за угостителство се лиценцираат кабареа, отворени и затворени дискотеки.

„Во 2007 е сменет Законот. Во тие измнени на Законот документите коишто ги доставува правното лице коешто бара лиценца тврди под морална, материјална и кривична одговорност дека ги исполнува условите. Проблемот е што ex officio не се проверени тие документи. Така што oвој објект од 500 и нешто метри квадратни (објектот во Кочани) не може по ниту една основа да биде кабаре и да бара лиценца за кабаре. Тука има дополнителен правен проблем, затоа што за дискотеките надоместокот шт треба да се плати е поголем визави овие коишто се лиценцираат како кабареа. Жалам што досега сето ова се толерирало и жалам што луѓето во Министерството за економија дури и кога ги добивале документите под полна материјална, морална и кривична одговорност ex officio не ги проверувале“, рече премиерот.

Говорејќи во таа насока, тој додаде, оти жали што за 15 минути, за одредена сума на надомест биле давани овие лиценци.

„Но, тоа е она коешто можеме денеска да го кажеме. Кога би бил семоќен и кога би можел да го вратам времето неколку години наназад би било сè поинаку, но за жал не сум. Тоа што можам да го направам сега како прв човек на Владата, а го правам, и во текот на вчерашниот ден, а и денеска ќе го правам на сама седница на Влада е робусна акција, робусна контрола, жестока контрола и сите коишто не ги исполнуваат условите согласно закон ќе бидат затворени и санкционирани“, рече тој.

На новинарско прашање, зошто Пазарниот инспекторат по издавањето на лиценците не излегувал на терен да провери дали објектите ги исполнуваат условите пропишани во законот, Мицкоски го повтори истите наводи од законот, наведувајќи по измените во 2007 година не е пропишано дека Инспекторатот треба да излезе на терен, освен ако за тоа претходно нема пријава.

„До 2007, година, до измените во 2007 година Пазарниот инспекторат е тој што како институција којшто утврдува дали се исполнети минимум техничките услови. Со измените, правното лице доставува со изјава под полна материјалн, морална и кривична одговорност дека се исполнети минималните технички услови, такви се измените. Пазарниот инспекторат не е точно, не шпекулирајте, не кажувајте лажни работи, пазарниот инспекторат постапува по пријава. Не е должен во временски период, ниту по стекнување на дозволата да излезе на терен“, изјави премиерот.

Во врска со конкретниот објект во Кочани, кажа дека лиценцата за првпат е издадена во 2021 година, а локалот роботел од 2014 година. Втората лиценца (за кабаре, кои се издаваат со важност до една година), рече премиерот, е издадена во 2023 година, а онаа која што е фалсификувана е од 2024.

Во врска со лиценцата на локалот „Пулс“ во Кочани, тој сподели и дополнителни детали кои се однесуваат на лиценцата, конкретно посочувајќи дека станува збор за два документи.

„До ден пред да се случи овој настан, тој поседувал важечка лиценца, на хартија, со печат, печатирана, потпишана, значи да дојде инспекција тој ќе ја извади лиценцата и ќе рече не е точно овој има лиценца. Но, ако го погледнете архивскиот број и го проверите во архивата, која што ја проверува сега министерот за економија ќе видите дека станува збор за некое барање на некој хотел во Охрид и втората фалсификувана лиценца е коресподенција со странски инвеститор и нема никаква врска со лиценца. Тоа не е проблем дали некој е политички заштитен, тоа е криминал, тоа е растурен систем, тоа се поединци коишто мислат дека се над системот. Тоа е проблемот и тие денеска се во притвор и за ова ќе одговараат и нема горна граница на пропишаната казна, јас го слушнав обвинителот дека ќе бараат највисока можна запретена казна од 20 години“, кажа Мицкоски.

Премиерот даде уверување дека набргу може да се очекува измена на овој Закон и не само на него, за што рече дека вчера биле формирани комисии во рамките на повеќе државни органи.

 „Апсолутно да. И не само на тој закон, веќе и другите органи вчера формираа комисии во рамките на своите институции да се проверат сите можни лиценци во државата, не само оваа институција, туку и сите други“, рече премиерот.

Прашан за коментар на новинарска забелешка околу тоа што луѓе од угостителскиот бизнис со години се чувстуваат комотно бидејќи се поврзани со агенции за обезбедување кои пак имаат конекции со политички структури, Мицкоски рече оти отфрла и демантира дека било која агенција за обезбедување има врска со ВМРО-ДПМНЕ.

Отфрлам. И тоа најостро го демантирам и ве молам да не растураме пердуви во јавноста со ваков тип констатации коишто се тотално невистинити. Еве јас тврдам со сета своја морална, фактичка, кривична одговорност дека не постои агенција за обезбедување којашто има некаква врска ВМРО-ДПМНЕ, партијата на која што сум јас претседател. Ако ми дадете еден доказ јас утре ќе поднесам оставкам, ако не да се извините“, рече премиерот.

Continue Reading

Македонија

Избегната поголема трагедија: Склад за гориво имало во близина на дискотеката „Пулс“

Published

on

Склад за гориво имало во близина на дискотеката „Пулс“ каде во неделата рано сабајле во пожар загинаа 59 лица, а над 150 се повредени. Резервоарот за нафта бил на друг објект, а бил откриен од страна на крим техника.

Од Противпожарната бригада на Кочани за МИА потврдија дека во близина на дискотеката има резервоар за нафта, но дека тој бил на друг објект. Оттаму не знаат точно дали и колку нафта имало во резервоарот.

Информацијата ја потврдија и од Обвинителството.

– При увидот е констатирано дека постоел склад за гориво во близина на објектот. Сите други околности се испитуваат, информираа од Обвинителството

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк