Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Имаме ли ние Црква?

by
2025/03/18 08:41:51
in Uncategorized

Неделата цел ден. Понеделникот цел ден… Еве, сега е пладне од третиот ден по најголемата македонска трагедија во која исчезна една генерација млади кочанчани, а македонските владици никаде ги нема. Никој, од прв до последен.

Од досега видливото, сосема јасно е дека Бугарскиот патријарх покажа поголема грижа за жртвите во Македонија, отколку Архиепископот на МПЦ-ОА, чиј народ и верници се во шок.

Во неделата, дури во 14 часот МПЦ-ОА испрати текстуално соопштение со сочувство и толку. Малку подоцна надлежниот митрополит во Брегалничката епархија, во чиј град се случи трагедијата, го прошири соопштението и толку. Црковниот портал само ги споделува соопштенијата за сочувства од другите цркви, без каква било активност на МПЦ-ОА.

Кочани вчера беше оставено на едно младо попче, кое и покрај огромниот револт на кочанчани, успеа за момент да го смири гневот, за момент да ја исконтролира ситуацијата, повикувајќи ги граѓаните в црква на молитва. И толку.

Во Кочани се подготвуваат нови гробишта за генерацијата млади, а Владиката, Архиепсикопот, никаде ги нема.

Една Литургија за помен на жртвите и молитва за повредените досега нема. Нема одлука за сеноќни бденија и молитви по црквите и манастирите на МПЦ-ОА, што е во опис и попис на работата на владиците. Нема никаква иницијатива за каква било помош.

Еден Оливер од Драчево во неделата самоиницијативно делеше вода и чаеви на семејствата чии деца се по болниците. Еден Оџа беше пред болниците и од позиција на муслиман, утехи споделуваше. Македонските владици ги немаше. Никој никаде.

Во неделата, иако веќе од 6 наутро цела Македонија знаеше за трагедијата, надлежниот митрополит Брегалнички, служел ллитургија во Каменица. Разбирам, било однапред договорено, но таа литургија тој ден се служеше во Кочани.

Архиепископот истиот ден, таму негде после 9 часот, служел Литургија во Света Петка во Скопје и замислете, неговиот кабинет не соопштува ниту дали на крајот од литургијата е служен помен за загинатите, ама пишува дека се одржала духовна академија.

Цела Македонија се организира, институции, невладини, нудат превози, сместувања, организираат краводарителски акции, над 70 македонски млади граѓани се испратени низ државатите во регионит за лекување, македонските владици ги нема. Црквата никаде ја нема. Ја нема ниту на збор да понуди каква било помош.

Што е улогата на Црквата, ако не да биде утеха токму сега и токму за вакви ситуации? Како вие воопшто ја разбирате молитвата? Како воопшто ја сваќате црквата? Зошто ве нема меѓу луѓето? Не знаете ли што да им кажете? Не знаете ли како да ги утешите?

Нема човек кој не ме праша, дали ние имаме црква. И навистина овој текст не сакав да пишувам. Но, човече покажувате тотална бесчуствителност. Тотална неорганизираност. Тотална неспособност да бидете Црква.

И, да, не се правдајте со велигденските пости, бидејќи и постот го сведовте на јастози, октоподи и шкампи.

Извор: religija.mk

Next Post

Австриски медицински лет згрижи двајца повредени од Кочани

Доктор Трајковски: Последиците од азбестот се страшни и предизвикуваат разни проблеми

Препорачани Вести

[ВИДЕО] Драма во Франција: Се урна хеликоптер за гаснење пожари

[ВИДЕО] Драма во Франција: Се урна хеликоптер за гаснење пожари

4 months ago

Тешка несреќа во Тетово: Автомобил удри малолетник на тротинет

8 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.