Connect with us

Балкан

Двајца тешко повредени пациенти од трагедијата во Кочани пристигнаа во Загреб

Published

on

Две лица повредени во пожарот во дискотеката во Кочани утрово се пренесени на лекување на Клиниката за трауматологија на КБЦ „Сестри милосрдници“, соопштија од болницата во вторник наутро, додека транспортот на двајца пациенти се очекува денеска.

Двајца пациенти кои утринава се примени на трауматолокото одделение имаат изгореници и повреди од вдишување на респираторниот тракт, па обезбедени се респиратори за механичка вентилација.

Покрај нив, во Загреб на лекување во текот на денот треба да пристигнат уште повредени пациенти од Кочани, а премиерот Андреј Пленковиќ вчера изјави дека со македонските власти е договорено денеска со хеликоптери хрватската армија да ги превезуваат преостанатите пациенти.

Владата во Загреб утрово извести дека хеликоптер на хрватската армија денеска и утре ќе превезува уште четворица пациенти, кои исто така ќе бидат згрижени во хрватските здравствени установи.

Во акцијата за помош, задачата за лекување на повредените Македонци и е доверена на Клиниката за трауматологија при Клиничката болница „Сестри милосрдници“, каде најпрвин ќе се утврди степенот на изгорениците и повредите на други телесни функции, со оглед на тоа што преживеале тешка психофизичка траума.

За место на лекување е избрана Клиниката за трауматологија бидејќи има Оддел за изгореници, посебно одделение за изгореници со посебна операциона сала и одделение за интензивна нега. Таму има и банка за ткиво каде што се одгледуваат трансплантации на кожа, кои се неопходни за тешки изгореници.

За здравствената состојба на пациентите и нивниот понатамошен тек на лекување лекарите ќе известат во 11 часот, на прес-конференција пред болницата.

Во пожарот во импровизираната дискотека во Кочани, кој избувна во ноќта кон неделата, загинаа 59 млади лица, а повеќе од 150 се повредени. Неколку десетици тешко повредени лица се транспортирани или се подготвуваат за транспорт во соседните земји, меѓу кои Бугарија, Грција, Србија, Литванија, Хрватска и Турција.

Балкан

Утре во Солун минута молк за загинатите во Кочани

Published

on

Со минута молк утре во 12 часот Солун ќе им оддаде почит на 59-те трагично загинати во дискотеката „Пулс“ во Солун.

Во трагичниот пожар на 16.03.2025 година загинаа 59 лица, околу 200 се повредени. Во текот на вчерашниот ден беа погребани сите починати, најголем дел во Кочани, но погреби имаше и во Штип, Скопје, Виница, Македонска Каменица, Чешиново и Облешево, Струмица…

Во Македонија беше прогласена седумдневна жалост. 

Continue Reading

Балкан

Драма во Србија: Политичарот што објавуваше видеа од киднапираниот Вања се предаде!

Published

on

Срѓан Ного беше сослушан во Вишото јавно обвинителство во Белград поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело Повикување на насилна промена на уставниот поредок од член 309 од Кривичниот законик.

Обвинителството по рочиштето му предложи на судијата на претходна постапка да му одреди мерка притвор на осомничениот за да се спречи во краток рок да го повтори кривичното дело.

Постојат основи за сомневање дека Срѓан Ногму се заканувал на претседателот на Република Србија со смрт, како и дека ги повикувал граѓаните да убиваат припадници на Министерството за внатрешни работи.

Ного во македонската јавност стана познат кога минатата година на својот Јутуб канал објави снимки и теории за исчезнувањето и убиството на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевски. Тој тврдеше дека таткото на Вања, Александар е наместен од страна на полицијата.Според Ного, Александар, а не полицијата практично открил кој ја киднапирал Вања. Ного меѓу првите објави и снимка од „цитроенот“ на Панче Жежовски.

Голем дел од неговите тврдења во снимките поврзани со таткото на Вања се покажаа како точни.

Continue Reading

Балкан

Притворениот градоначалник на Истанбул Имамоглу ја повика нацијата да се спротивстави на „злото“

Published

on

Имам доверба во чесното турско судство. Не можете и не смеете да молчите, напиша тој.

Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој е приведен поради обвиненија за корупција и тероризам, го повика турскиот народ да застане против, како што рече, „злото“.

– Како нација мораме да застанеме против ова зло. Ова е мојот повик до мојот народ, напиша Имамоглу денеска на Х.

Како што пренесе ДПА, тој ја обвини владата на претседателот Реџеп Таип Ердоган дека го таргетира неговото семејство и имотот, повикувајќи ги јавните службеници и судството да се спротивстават на каква било злоупотреба на власта.

– Имам доверба во чесното турско судство. Не можете и не смеете да молчите, напиша тој.

– Умот што ми ја одзеде дипломата ќе го конфискува вашиот имот, вашата чест, вашиот имот и ќе изврши секакви узурпации и напади, додаде Имамоглу.

Еден ден пред да биде притворен, Универзитетот во Истанбул ја поништи универзитетската диплома на Имамоглу, акредитив неопходен за претседателска кандидатура, со што го спречи да му биде евентуален противкандидат на Ердоган на изборите закажани за 2028 година.

Според државната новинска агенција Анадолија, властите заплениле и градежна фирма во косопственост на Имамоглу.

Неговото приведување предизвика протести низ целата земја и предизвика остри критики од опозициските фигури и групите за права.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк