Connect with us

Црна Хроника

„Лекувај ги сите со рацете, но и со душата. Тоа е она што го правеше најдобро“: Голема е тагата по Стефи

Published

on

Студентката по медицина Стефанија Соколовa меѓу жртвите од пожарот во кочанската дискотека

Стефанија Соколовa, студент по медицина и активен член на кочанскиот Црвен крст е една од загинатите во пожарот што избувна во клубот „Пулс“ во кој досега загинаа 59 лица, а 163 се повредени.

Помеѓу стотиците објави на социјалните мрежи во потрага по исчезнати млади момчиња и девојки кои биле во дискотеката таа кобна вечер, се појавил и апел за Стефанија. Од неа немаше ни трага ни глас, па нејзините роднини, пријатели и познаници панично и загрижени бараа каква било информација.

Веста не беше ветувачка, со оглед на тоа што таа не се јавуваше на мобилниот телефон, а не беше ниту во болниците каде се превезуваа повредените…

Драмата што ја доживеаја со стотици други загрижени членови на семејството ќе им остане засекогаш врежана во сеќавањата, но болката во градите откако дознаа дека нивната Стефанија е на црната листа на жртви, вечно ќе ги следи.

Детали за нејзината смрт се уште не се познати. На социјалните мрежи може да се прочитаат бројни срцепарателни простувања со Стефи, како што ја нарекуваа.
„Девојко наша, гледај нè одозгора. Помагај им на сите, исто како што правеше овде. Лекувај ги сите со рацете, но и со душата. Тоа е она што го правеше најдобро. Облечи ја твојата носија и танцувај, а ние ќе плачеме, не замерувај ни. Засекогаш ќе сме тажни по тебе“, стои во едно од збогувањата, придружено со фотографија на која Стефанија позира со насмевка. Од неа се простија и нејзините колеги од Црвен крст Кочани.

„Сакаше дружење, помагање на луѓето и медицина, а нејзината светла иднина беше прекината на 16 март, три часа по полноќ, кога избувна пожар на настап на групата ДНК.

Македонија поради трагедијата е во седумдневна жалост.

Извор: Женски Магазин 

Црна Хроника

ТЕПАНАТА ЖЕНА ОД ВИДЕОТО НА ТИК-ТОК НЕ САКА ДА ГО ГОНИ НАСИЛНИКОТ ОД РАДОВИШ Ја обвинува мајка си дека сака да ѝ го растури бракот

Published

on

Жената која е жртва на насилство прикажано во видео објавено на Тик-ток, во кое се гледа како маж од Радовиш физички ја напаѓа, одбива да поднесе кривична пријава против насилникот.

Таа во разговор со полицијата изјавила дека видеото, кое според неа датира од јули 2024 година, било објавено без нејзина согласност од нејзината мајка, со цел, како што тврди, да ѝ го уништи бракот.

Министерството за внатрешни работи информира дека случајот бил пријавен на 23 март 2025 година (недела) во 08:25 часот од страна на мајката на жртвата.

По пријавата, СВР Струмица веднаш презела мерки, а лицето А.А. (35) од Радовиш истиот ден во 09:20 часот бил лишен од слобода и задржан во полициската станица Радовиш.

Со жртвата бил извршен службен разговор, во присуство на социјален работник од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Радовиш, при што таа изјавила дека не сака да поднесе предлог за гонење, поради лични причини.

Иако постои сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ по член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот закон, а согласно став 5 од истиот член, за да се гони делото потребен е предлог од жртвата. Бидејќи таа одбила да го поднесе, постапката продолжила по насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш.

На 25 март 2025 година, од страна на ОВР Радовиш до обвинителството е поднесена кривична пријава против А.А. поради постоење на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. Како што информираат од МВР, се преземаат понатамошни дејствија за целосно расчистување на случајот.

Continue Reading

Црна Хроника

Сообраќајка во Скопје: Едниот учесник со „Аудито“ избегал од лице место, повредена е девојка

Published

on

На 25.03.2025 во 19.20 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на ул.„Јустинијан Први“ во Скопје, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел“ со германски национални ознаки, управувано од Ј.С.(30) од с.Долно Количани, скопско, и патничко возило „ауди а4“ со скопски регистарски ознаки, кое по незгодата го напуштило местото на настанот, информира МВР.

Во незгодата со телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило „опел“ С.К.(27) од с.Количани, скопско, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Continue Reading

Црна Хроника

Лихвари изнудиле 292.520 евра од жител на охридско, заемите ги давале преку невенчаната сопруга

Published

on

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривични пријави против четворица охриѓани – А.С. (34), А.Б. (28), Е.Б. (30) и Н.Ј. (33) – осомничени за сторување на продолжено кривично дело „лихварство“, согласно член 260 од Кривичниот законик.

Заемите биле давани преку невенчаната сопруга

Според официјалните информации од Министерството за внатрешни работи, осомничените му давале пари на едно лице од охридско, но заемите ги реализирале преку неговата невенчана сопруга. Во текот на овој незаконски процес, осомничените добивале несразмерна имотна корист.

Од страна на охридската полиција е потврдено дека вкупниот износ кој бил изнуден изнесува 17.990.000 денари, што претставува приближно 292.520 евра.

Осомничените договорувале високи камати

Осомничените, според СВР Охрид, на оштетениот му позајмувале пари со високи камати и договорувале услови што значително отстапувале од правичните финансиски практики, со што се стекнале со незаконска корист на негова сметка.

Следува кривична постапка

Против сите четворица осомничени е поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство. Очекувањата се дека во наредниот период ќе започне и истражна постапка, а полицијата не исклучува можноста дека ќе бидат откриени и дополнителни оштетени лица или соучесници.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк