Connect with us

Балкан

Приведен е градоначалникот на Истанбул, главниот политички ривал на Ердоган

Притворот на Имамоглу доаѓа еден ден откако Универзитетот во Истанбул објави дека му ја одзема универзитетската диплома поради неправилности

Турските власти го приведоа главниот политички ривал на претседателот Реџеп Таип Ердоган, градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, како дел од истрагата за поврзаност со корупција, пренесува турската државна новинска агенција Анадолу.

Советникот за медиуми на градоначалникот, Мурат Онгун на социјалната платформа Икс потврди дека Имамоглу е приведен, не не приложи повеќе детали за случувањата.

Притворот на Имамоглу доаѓа еден ден откако Универзитетот во Истанбул објави дека му ја одзема универзитетската диплома поради неправилности. 

„Ќе ја однесеме оваа незаконска одлука на суд и ќе се бориме против неа“, рече Имамоглу, додавајќи дека одлуката на Универзитетот е незаконска.

Со тоа, се нанесува голем удар на неговата амбиција да се кандидира за претседател на следните избори во земјата.

Услов да се кандидира за претседател е кандидатот да има високо образование.

Универзитетот соопшти дека ги прогласува дипломите и на други 28 лица, вклучително и Имамоглу, како „неважечки“ поради „очигледна грешка“.

Имамоглу е популарен опозициски политичар од левичарската Републиканска народна партија (ЦХП). Овој викенд требаше да биде номиниран како кандидат за претседател на државата на неговата партија. 

Имамоглу двапати е избиран за градоначалник на Истанбул, во 2019 и 2023 година, победувајќи ги кандидатите од владејачката конзервативна партија Правда и развој на Ердоган.

Владата на Ердоган негира дека врши политички притисок врз судовите и тврди дека судството е независно.

Advertisement

Балкан

По промената на ставот на Франција, Црна Гора добива зелено светло за затворање пет поглавја со ЕУ

Црна Гора направи значаен чекор напред во пристапните преговори со Европската унија, откако Франција го промени својот претходен резервиран став, што овозможи земјата да затвори пет преговарачки поглавја до крајот на годината.

Според информациите од европски дипломатски извори, Париз дал поддршка за напредокот на Подгорица, оценувајќи дека се постигнати доволни резултати во реформите, особено во делот на владеењето на правото, јавната администрација и усогласувањето со европското законодавство.

Оваа одлука се смета за важен сигнал за целиот регион, бидејќи Црна Гора останува најнапредната земја кандидат во процесот на проширување на ЕУ. Европските институции посочуваат дека напредокот на земјата е резултат на континуиран реформски ангажман и политичка стабилност.

Од црногорската влада порачуваат дека затворањето на поглавјата претставува дополнителен мотив за продолжување на реформите и дека целта останува што поскоро целосно усогласување со европските стандарди и членство во Унијата.

Во исто време, од Брисел нагласуваат дека и покрај позитивниот исчекор, реформскиот процес мора да продолжи со ист интензитет, особено во чувствителните области како што се правосудството и борбата против корупцијата.

Continue Reading

Балкан

По повеќе од 30 години, во Хрватска регистриран изолиран случај на лепра

По речиси три децении, во Хрватска е потврден редок и изолиран случај на лепра – хронична заразна болест позната уште од античките и библиските времиња. Станува збор за странски државјанин кој престојувал во земјата, а здравствените власти уверуваат дека нема опасност за пошироката јавност.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, случајот е навремено детектиран и пациентот е ставен под соодветен медицински надзор и терапија. Надлежните институции нагласуваат дека сите потребни здравствени протоколи се спроведени и дека ситуацијата е целосно под контрола.

Министерството за здравство информира дека лепрата денес е болест што успешно се лекува со современа терапија и дека ризикот од пренос е исклучително низок, особено кога станува збор за изолиран случај.

Од здравствените служби апелираат граѓаните да останат смирени, истакнувајќи дека нема причина за паника и дека хрватскиот здравствен систем е подготвен да реагира во вакви ретки ситуации.

Continue Reading

Балкан

Блокадите низ Грција продолжуваат, земјоделците ја одбија поканата за средба со Мицотакис и бараат конкретни мерки

Протестите и блокадите на патиштата во Грција продолжуваат, откако земјоделците одлучија да не ја прифатат поканата на премиерот Кирјакос Мицотакис за средба. И покрај повиците за дијалог од страна на владата, земјоделските здруженија оценуваат дека понудените разговори не носат конкретни решенија за нивните барања.

Земјоделците и понатаму ги држат блокирани клучните сообраќајници, автопати и гранични премини, инсистирајќи на итни мерки за намалување на трошоците за производство, поволни даночни услови и поддршка за справување со зголемените цени на горивата и енергенсите. Тие нагласуваат дека без јасни и обврзувачки гаранции, средбите со владините претставници би биле само формалност.

Од друга страна, грчката влада порачува дека е отворена за дијалог и дека веќе се разгледуваат одредени олеснувања, но предупредува дека долготрајните блокади нанесуваат штета на економијата и ја нарушуваат секојдневната мобилност на граѓаните.

Синдикалните организации на земјоделците најавуваат дека протестите ќе продолжат и во наредните денови, доколку не добијат конкретни предлози што ќе одговорат на нивните барања. Во меѓувреме, состојбата на патиштата низ земјата останува променлива, со периодични затворања и засилени полициски контроли.

Протестите на земјоделците во Грција траат веќе неколку недели и се дел од поширок бран незадоволство поради економските притисоци врз земјоделскиот сектор, кој се соочува со сериозни предизвици во услови на инфлација и раст на трошоците.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг