Connect with us

Европа

Украина и Русија ја извршија една од најголемите размени на воени затвореници

Published

on

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска соопшти дека 175 украински војници биле ослободени од руско заробеништво, додека дополнителни 22 војници, вклучувајќи тешко ранети, се враќаат дома. Според Зеленски, овие разменети борци ќе добијат неопходна медицинска и психолошка помош.

„Денес е важен ден за Украина, кога нашите војници се враќаат дома. 175 украински борци се ослободени, а уште 22 се враќаат благодарение на други договорени мерки. Меѓу нив се и тешко ранетите и оние кои биле прогонувани од Русија за наводни злосторства“, изјави Зеленски.

Претседателот истакна дека ова е една од најголемите размени на затвореници досега и дека украинските војници кои се вратени дома доаѓаат од различни фронтови, вклучувајќи Мариупол, Азовстал, Донбас, Херсон, Харков и Миколаив.

Во исто време, руското Министерство за одбрана информираше дека 175 руски војници биле ослободени од украинските сили. Русија нагласи дека војниците се наоѓаат во Белорусија, каде им е обезбедена медицинска и психолошка поддршка. Тие ќе бидат транспортирани во Русија за понатамошно лекување и рехабилитација.

Еден ден порано, рускиот претседател Владимир Путин го информираше американскиот претседател Доналд Трамп за размената на затвореници, нагласувајќи дека ова е „гест на добра волја“, кој вклучува и пренос на тешко ранети украински војници во Киев.

Европа

Одобрено: Германија започнува сериозно да се вооружува

Published

on

Горниот дом на германскиот парламент, Бундесрат, денеска го одобри со двотретинско мнозинство потребното изменување и дополнување на Основниот закон, што го овозможи планираното задолжување за одбрана и инфраструктура.

Ова беше последната парламентарна пречка за проектот кој предвидува попуштање на „кочницата на долгот“, поголема потрошувачка за одбрана и посебен фонд од 500 милијарди евра за инфраструктура и заштита на климата, пренесува Билд.

Двотретинското мнозинство во Бундесратот долго време се сметаше за неизвесно, бидејќи не беше јасно како ќе гласаат владите на германските сојузни покраини во кои има претставници на Левицата (Die Linke), FDP, Слободните гласачи и Сојузот на Сара Вагенкнехт (BSW).

Конзервативните демохристијани (CDU/CSU) и социјалдемократите (SPD) претходно со двотретинско мнозинство, со помош на Зелените, ја одобрија реформата во долниот дом на германскиот парламент, Бундестагот. Фаворитот за позицијата канцелар на Германија, Фридрих Мерц, тогаш изјави дека планираното зголемување на германската потрошувачка за одбрана и економски раст претставува пресврт за европската безбедност.

„Години живеевме во лажно чувство на безбедност“, изјави Мерц во обраќањето пред Бундестагот.

Тој нагласи дека одлуката за зајакнување на одбранбената подготвеност претставува „прв голем чекор кон нова европска одбранбена заедница“ во која можат да бидат вклучени и земји надвор од Европската унија.

Continue Reading

Европа

Путин со “барање” до украинците кои живеат во окупираните територии: “Имате рок до 10 септември”

Published

on

Рускиот претседател Владимир Путин започна да врши притисок врз Украинците во Русија и на окупираните територии во Украина да прифатат руско државјанство или да се преселат на друго место, известија британските разузнавачи во саботата.

Путин потпиша указ во четвртокот кој ги обврзува украинските граѓани кои живеат на окупираните територии да го „решат својот правен статус“ до 10 септември, или ќе бидат принудени да ја напуштат областа, според најновите разузнавачки информации на британското Министерство за одбрана.

„Целта на указот е веројатно да се принудат украинските граѓани кои одбиваат да прифатат руски пасоши да ја напуштат окупираната украинска територија“, се вели во извештајот објавен на „X“.

Кремљ продолжува со политиката на „русификација“ на нелегално окупираните украински територии, што е дел од долгогодишните напори за уништување на украинската култура, идентитет и државност, се додава во соопштението.

Русија го смета за свој Крим, кој го анектираше нелегално пред повеќе од десет години, како и делумно окупираните региони Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон.

Continue Reading

Европа

Филмска потера во Париз заврши со 10 повредени полицајци: Објавена првата снимка од потерата која заврши со страшна несреќа (ВИДЕО)

Published

on

Меѓу повредените се 10 полицајци, возачот и двајца сопатници во автомобилот.

Возачот на автомобилот одбил да застане во 14-тиот арондисман во Париз околу 5:45 часот, пренесува француската телевизија БФМ, повикувајќи се на полициски извор. Полицијата започнала потера и го следела возачот во 15-тиот арондисман, каде на крајот бил уапсен по судир со три полициски возила, објави ЛеМонд.

Двајца патници од автомобилот исто така биле уапсени.

Полицајците кои учествувале во потерата се полесно повредени и сите се пренесени во болница со релативно полесни повреди. Три лица кои се наоѓале во автомобилот исто така биле пренесени во болница, но нивните повреди не се опасни по живот.

Судските органи ќе спроведат истрага за инцидентот.

Погледнете го видеото

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк