Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Муцунски од Загреб: Што можеме да направиме за вас, ни рекоа хрватските пријатели кобното утро

by
2025/03/20 13:28:55
in Uncategorized

„И додека течеа формалностите за активирање на Европскиот механизам за цивилна заштита, што го активиравме веднаш како Влада, нашите хрватски пријатели ми рекоа – не мора да го чекаме тоа, можеме да направиме сè што треба за пациентите согласно нашиот билатерален договор“, рече шефот на македонската дипломатија пред болницата во Загреб

Тука сум како претставник на земја која жали за 59-те изгубени животи, но и како претставник на земја која од сè срце е благодарна за искрената солидарност што ја покажа Хрватска по трагедијата во Кочани во неделата, изјави денеска шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски, кој е во посета на Загреб.

Во Загреб на лекување се пренесени петмина потешко повредени во т.н. дискотека во Кочани, од кои четворица се хоспитализирани на Клиниката за трауматологија, а еден пациент е на Клиниката за детски болести.

Муцунски, во изјава за медиумите пред болницата во Загреб, рече дека не постојат соодветни зборови со кои може да се опише таква трагедија, додавајќи дека првите повици што тој и премиерот Христијан Мицкоски ги добиле кобното утро биле од хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и од министерот за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман.

„Тоа утро разговарав со вашиот премиер и министерот за надворешни работи. Ме прашаа што можеме да направиме за вас. И додека течеа формалностите за активирање на Европскиот механизам за цивилна заштита, што го активиравме веднаш како Влада, нашите хрватски пријатели ми рекоа – не мора да го чекаме тоа, можеме да направиме сè што треба за пациентите согласно нашиот билатерален договор“,изјави Муцунски, пренесе ХРТ.

Шефот на хрватската дипломатија рече дека Хрватска е ужасната од трагедијата во Кочани и оти е тешко да се најдат зборови за утеха бидејќи родителите кои ги загубиле децата вечно ќе ја носат таа болка и тешко ќе им се врати насмевката на лицата.

„Но, Хрватска може да покаже солидарност, една од најважните компоненти на помошта – покажување емпатија кон соседот и пријателот“,рече тој, додавајќи дека Република Хрватска ѝ понудила на Северна Македонија сè што може да понуди и дека се испратени и хеликоптери на Министерството за одбрана.

Министерка за здравство Ирена Хрстиќ изјави дека Хрватска може да обезбеди врвен третман конкретно на пациентите кои имаат проблеми со последици од изгореници. Таа рече дека пациентите се лекуваат во болницата „Сестрите на милосрдието“ на одделот за изгореници, кој има одличен и искусен кадар, специјализиран за вакви повреди. Рече дека пациентите ќе се лекуваат со најсовремени методи, потенцијално вклучувајќи и трансплантации со помош на банка за ткиво.

„Пациентите се во сигурни, професионални раце. Им посакуваме безбедно закрепнување“, нагласи Хрстиќ.

Шефот на македонската дипломатија вчера беше во Белград, каде што се хоспитализирани повеќемина повредени во пожарот, а ден претходно заедно со министерот за здравство Арбен Таравари беа во Софија и во Солун, каде исто така се пренесени дел од повредените на лекување.

Во пожарот кој во неделата (16 март) рано наутро се случи во супстандардната дискотека „Пулс“ во Кочани, животите ги загубија 59 лица, а повеќе од 150 се повредени.

Најмладите жртви во пожарот имале 16 години, а најстарата жртва била на 48-годишна возраст, соопшти денеска Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, објавувајќи го официјалниот список со бројот на починати и нивната возраст.

Од вкупно 178 повредени, како што информираа вчера од Министерството за здравство на земјава, 64 пациенти се лекуваат во јавните здравствени установи во земјава и се во релативно стабилна состојба. Во приватни здравствени установи се лекуваат 13 пациенти, а во странски медицински центри 101 пациент.

Денеска во повеќе градови во земјава се одржуваат погребите на 59 загинати во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Најголем дел од загинатите ќе бидат погребани во Кочани, а погреби ќе се одржат и во Штип, Пробиштип, Облешево, Скопје и Струмица.

Next Post
policija tetovo

Тетовец мислел ќе се сретне со жена со која се допишувал, но го начекале две лица и го нападнале

За Андреј од ДНК отворена Книга на жалост во Т.Ц. Лептокарија

Препорачани Вести

Зоран Давитков и понатаму дава исказ во полиција – Обвинителството најавува детали во текот на денот

Зоран Давитков и понатаму дава исказ во полиција – Обвинителството најавува детали во текот на денот

6 months ago

Трагедија во Грција: Двајца убиени, десетина повредени во семејна пресметка

2 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.