Connect with us

Црна Хроника

Тетовец мислел ќе се сретне со жена со која се допишувал, но го начекале две лица и го нападнале

Published

on

policija tetovo

Дваесет и седумгодишен тетовец пријавил дека бил напднат од две лица, кога пристигнал во село Арнакија, скопско.

Според информацијата од МВР, тој тука стигнал по претходен договор за средба со женско лице со кое се допишувал преку социјални мрежи, бил физички нападнат од две лица кои му упатувале и закани со огнено оружје, а потоа едниот од нив со тврд предмет (кундак од автоматска пушка) му го оштетил неговото патничко возило „фолксваген голф 5“ со тетовски регистарски ознаки.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Црна Хроника

Пронајдено оружје во Скопје

Published

on

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.Ј.(28) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

– На 15.12.2024 во Скопје, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени рамка за пиштол и куршуми со калибар 9 мм, соопштија од полицијата. 

Continue Reading

Црна Хроника

Масовна тепачка во Скопје, интервенирала полицијата

Published

on

policija

Еден од нападнатите е малолетен, а нападот во полиција го пријавила нивната мајка.

Повеќе лица вчера попладне во Гази Баба нападнале двајца браќа, од кои едниот малолетен и со метален предмет им го оштетиле возилото.

Нивната мајка го пријавила нападот во полиција.

„На 29.3.2025 година околу 2.13 часот во СВР Скопје, Р.Х. пријавила дека на 28.3.2025 околу 18 часот на подрачјето на Гази Баба, нејзините синови на возраст од 22 и 16 години биле физички нападнати од повеќе лица, кои употребиле метален предмет со кој го оштетиле нивното возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата.

Continue Reading

Црна Хроника

Драма во Скопје: Голф изгоре во пламен среде ноќ, пожар и во куќа во Арачиново!

Published

on

pozar kola

Ноќеска во Скопје, на паркинг во Бутел, се случил инцидент со опожарено возило. Патничкиот автомобил „Фолксваген Голф“, кој има скопски регистарски ознаки, бил зафатен од пламените јазици околу 3:00 часот. Пожарот веднаш бил изгаснат, а за среќа нема повредени.

Сопственикот на возилото, 50-годишниот А.И. од Скопје, го пријавил случајот на полицијата, истакнувајќи дека пожарот се случил некаде помеѓу 23:00 часот на 28 март и пријавувањето во полицијата. Екипа од СВР Скопје го направила увидот на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Исто така, вчера во СВР Скопје беше пријавен и пожар во куќа во Арачиново. За среќа, нема повредени лица, а пожарот бил успешно изгаснат. Сопствениците на куќата се Р.А. (31) и С.А. (35). По настанот, екипа од СВР Скопје извршила увид.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк