Connect with us

Свет

ХАМАС ИСПУКА РАКЕТИ КОН ТЕЛ АВИВ

Речиси 600 луѓе загинале откако Израел ги обнови борбите во Газа во вторникот, според министерството за здравство, водено од Хамас.

Хамас ги испука првите ракети кон Тел Авив откако по двомесечното примирје повторно почнаа борбите во Газа и цивилите пак мораат да бегаат. Израел кажа дека една ракета била пресретната, а останатите 2 паднале во ненаселено подрачје, објави Би-Би-Си.

Речиси 600 луѓе загинале откако Израел ги обнови борбите во Газа во вторникот, според министерството за здравство, водено од Хамас.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) синоќа кажаа дека почнале копнена операција на палестинската територија.

„Нашите војници почнаа да спроведуваат копнени активности во Рафа, како и во централниот и во северниот дел на Газа. Целта е да се растури терористичката инфраструктура“, соопшти ИДФ.

Израелската војска претходно кажа дека спроведува ограничена копнена операција за да се создаде делумна тампон зона меѓу северот и југот на Газа.

Портпаролот на израелската влада, Давид Менцер, го обвини Хамас за продолжувањето на насилствата и дека ја изнудил оваа ескалација поради одбивањето на сите договори за ослободување на заложниците. Според Израел, Хамас држи уште 59 заложници, од кои 24 се живи.

Во исто време, премиерот Бенјамин Нетанјаху го смени шефот на националната безбедносна служба Шин Бет, Ронен Бар, бидејќи не успеал да го предвиди нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година. Тој кажа дека помеѓу нив веќе нема доверба. Ова е првпат во историјата на Израел владата да го смени шефот на Шин Бет.

Advertisement

Свет

Дали руската одбрана ќе успее да ја сопре новата украинска ракета?

Главниот дизајнер на украинската компанија „Фајр Поинт“, Денис Штилерман, во изјава за BBC Украина откри дека новата балистичка ракета FP-7 е во завршна фаза и дека до крајот на годината ќе бидат комплетирани сите формални процедури за нејзино воведување во употреба.

FP-7 е развиена како високобрза ракета чија задача е да одговара на нивото на рускиот ПВО-комплекс С-400 и да ги пробива заштитните системи околу Москва. Проектот, според Штилерман, е конципиран така што Украина да не мора да се потпира на политичките одлуки на партнерите за користење ваков тип оружје.

Ракетата ќе влегува во целта со суперсонична брзина од над 1.200 метри во секунда, што во комбинација со композитни материјали значително ќе го отежнува пресретнувањето од страна на руската воздушна одбрана. Компанијата самостојно го реконструирала дизајнот на еден од модулите на С-300/С-400, развила сопствен мотор и ги произвела потребните погонски системи, со што, како што велат, успеала целосно да ја создаде ракетата.

FP-7 е во процес на кодификација во научните институции на украинското Министерство за одбрана. Доколку државата ја одобри нарачката, сериското производство може да започне напролет 2026 година, со капацитет од неколку стотици ракети месечно.

Техничката директорка Ирина Терех истакна дека Украина веќе може да распореди стотици FP-дронови, но додаде дека производствениот максимум на FP-1 дронови за еден ден е околу 300, далеку под илјадниците кои би биле потребни за поголеми операции.

Паралелно со тоа, украинските сили развиваат нови тактики на користење беспилотни летала против руската пешадија. Дронови со звучници се употребуваат за создавање лажни сигнали на бојното поле и принудување на непријателот да ги активира сопствените извидувачки уреди. Има и копнени беспилотни системи кои од прикриени позиции детектираат руска опрема.

Украинскиот амбасадор во Полска, Василиј Боднар, најави дека Варшава би можела да добие украински беспилотни летала во замена за испорака на ловци МиГ-29, но без дополнителни детали поради чувствителноста на информациите и ризикот од руско пресретнување.

Continue Reading

Свет

Трамп собира сојузници против Кина

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја објави формирањето на нова коалиција насочена кон ограничување на кинеското влијание во клучните минерали и напредните технолошки сектори, вклучувајќи вештачка интелигенција.

Пет земји – Сингапур, Австралија, Јапонија, Јужна Кореја и Израел – потпишаа Декларација за „Pax Silica“, со цел заеднички да ги решаваат недостатоците во пристапот до критични ресурси и да ја намалат предноста на Кина во стратегиски индустрии, јавува американскиот портал Политико.

Заменик-државниот секретар за економски прашања, Јакоб Хелберг, истакна дека декларацијата отвора пат за заеднички истражувачки и развојни проекти, производство и инфраструктурни решенија како одговор на кинеската иницијатива „Еден појас, еден пат“. Иницијативата го истакнува значењето на кинескиот речиси монопол во секторот на ретки метали, кој е клучен за цивилните и воените индустрии.

Пекинг во минатото ја искористи доминацијата во секторот со воведување ограничувања на извозот како одговор на американските царини, додека САД сега сакаат да ја ширaт коалицијата и да вклучат дополнителни земји со минерални и технолошки капацитети.

Потпишувањето на декларацијата ја означи и почетокот на еднодневниот самит „Pax Silica“, на кој учествуваат и претставници од Европската Унија, Канада, Холандија и Обединетите Арапски Емирати. На самитот ќе се дискутира за напредно производство, преработка на минерали и логистика, а целта е коалицијата да стане за вештачката интелигенција она што Г7 беше за индустриската ера.

„Сакаме да соработуваме за хармонизирање на извозните контроли, проверка на странските инвестиции и справување со дампингот, но и проактивно да обезбедиме клучни точки во глобалните синџири на снабдување“, рече Хелберг.

Continue Reading

Свет

Хибридни напади во Германија – Итно повикан рускиот амбасадор

Германското Министерство за надворешни работи денеска го повика рускиот амбасадор поради зголемените и загрижувачки хибридни активности на Русија, кои вклучуваат дезинформациски кампањи, шпионажа, кибер напади и обиди за саботажа, јави ДПА.

„Утринава го повикавме рускиот амбасадор и јасно му нагласивме дека внимателно ги следиме активностите на Русија и дека ќе преземеме мерки против нив“, изјави портпаролот на министерството.

Германските власти ги припишуваат овие активности на руската мрежа „Штура 1516“, која е специјализирана за манипулации и е поврзана со обиди за нарушување на федералните избори што треба да се одржат во февруари.

Портпаролот додаде дека владата подоцна ќе одлучи за натамошните дипломатски чекори. Претходно, германските власти го припишаа кибер нападот врз безбедносните системи за воздушен сообраќај во август на руската хакерска група APT28, објави „Гардијан“.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг