Connect with us

Европа

Орбан: Сите гледаат дека војната во Украина е изгубена

Published

on

„Ќе дојде момент кога ставот на Унгарија ќе стане став на мнозинството“, изјави премиерот Виктор Орбан за радио Кошут, откако Унгарија стави вето на уште една заедничка изјава на Европската Унија за Украина.

Тој нагласи дека не треба да се плаши од моментите кога Унгарија има различен став од останатите 26 членки на ЕУ, бидејќи, според него, ќе дојде време кога ставот на Унгарија ќе биде поддржан од мнозинството. Орбан зборуваше за ситуацијата во Украина и начините за нејзино решавање, како и за последиците по Европската Унија.

Премиерот потсети на позицијата на Унгарија во врска со миграцијата, изградбата на оградата и спротивставувањето на Брисел, истакнувајќи дека денес неколку лидери на други земји го повторуваат ставот на Унгарија кој беше изразен пред десет години. „Не се плашете ако понекогаш сме сами. Понекогаш се покажува дека сме во право“, изјави Орбан, поврзувајќи го тоа со ставот на ЕУ кон Украина.

Тој додаде дека, иако Унгарија сè уште не е во мнозинството, поддршката за продолжување на војната повеќе не е толку силна како што беше претходно. „Сите можат да видат дека оваа војна е изгубена. Влегувањето во неа би било лоша одлука“, изјави Орбан.

Неговата изјава следуваше по првиот ден од самитот на Европскиот совет во Брисел, каде што повторно го изрази противењето на Унгарија на „провоената“ политика на ЕУ.

Орбан најави дека Унгарија ќе организира референдум за можноста Украина да стане членка на Европската Унија, нагласувајќи дека неговата земја нема да го поддржи ставот на Брисел за тоа додека не се добие одговор од унгарскиот народ.

Тој истакна дека Унгарија одбива да ги носи економските последици од војната во Украина и повика европските лидери да ја поддржат мировната иницијатива на САД, наместо да се впуштаат во, како што рече, воени авантури.

Европа

Папата излезе од болница, се појави во јавноста првпат по пет седмици

Published

on

Папата Франциско беше отпуштен од римската болница „Џемели“ во неделата по повеќе од пет седмици хоспитализација поради двостано воспаление на белите дробови.

„Ви благодарам на сите“, рече тој со тивок глас за време на краткото појавување во инвалидска количка на балконот на болницата „Џемели“ пред да биде отпуштен од болница.

Папата Франциско, кој има 88 години, беше хоспитализиран на 14-ти февруари поради тешка респираторна инфекција.Тоа е неговата најсериозна здравствена криза за време на неговото дванаесетгодишно папство.

Лекарите на папата во саботата рекоа дека ќе му треба „многу повеќе време“ за целосно да закрепне и му наредија да помине дополнителни два месеци одмарајќи се во Ватикан.

Автомобилот во кој се наоѓаше папата Франциско ја напушти болницата во неделата рано попладнето, придружуван низ Рим од конвој полициски возила.

Папата Франциско во неделата повика на „итно“ запирање на израелските напади врз Појасот Газа, како и продолжување на дијалогот за да се постигне ослободување на „сите заложници“ и „дефинитивен прекин на огнот“.

„Тажен сум поради обновувањето на интензивното израелско бомбардирање на Појасот Газа, кое предизвика толку многу смртни случаи и повреди“, напиша папата Франциско во својата неделна молитва Ангел Господов.

Папата ги повика и Ерменија и Азербејџан да го потпишат неодамна преговараниот мировен договор „што е можно поскоро“ по децении конфликт.

Continue Reading

Европа

Украинските војници во паника побегнале од руската област Курск

Published

on

Украинските сили побегнале од руската област Курск во паника по молскавичниот продор на руските сили во нивната одбранбена линија, пишува „Волстрит журнал“.

Според весникот, теренските команданти на украинските единици им наредиле на своите подредени да се повлечат, дури и пред да добијат наредби од повисоките офицери.

Ситуацијата била критична за украинските сили во Курск, и тоа уште пред маневрите на руските војници во близина на гасоводот. „Не можевме повеќе да издржиме“, изјавил еден од украинските наредници за весникот.

Украинските лекари забележуваат дека, поради големиот број руски беспилотни летала, многумина при брзото повлекување заборавиле да ја проверуваат подлогата, што довело до тоа да бидат повредени или убиени од мини.

Continue Reading

Европа

Украинците ги објавија официјалните бројки: Колкави се загубите на Русија? Досега бројките се загрижувачки

Published

on

Русија изгубила 903.480 војници од почетокот на инвазијата на Украина, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина.

Таа бројка, како што додаваат, вклучува 1.470 руски загуби во последните 24 часа.

Според податоците од генералштабот на украинската армија, украинските сили од почетокот на војната уништиле повеќе од 10,412 тенкови од кои 9 во последните 24 часа. Украинските сили од почетокот на војната собориле 30.495 беспилотни летала од кои 157 во последните 24 часа.

Украинците исто така потврдија дека уништиле 3121 крстаречка ракета но и повеќе од 25.000 артилериски системи, 28 воени бродови, 1 подморница, повеќе од 41.000 возила и резервоари за гориво, 1116 против-воздушни системи, но и разновидна специјална опрема.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк