Connect with us

Балкан

Грција: Дете се задушило јадејќи портокал на училиште, лекарите се борат да го спасат

Published

on

Лекарите во Грција се борат за животот на деветгодишно момче, кое почнало да се гуши додека јадело портокал за време на ручекот во училиште, пишува „То вима“.

Според медиумите, инцидентот се случил околу пладне во основно училиште во Лариса. Среќа што наставниците брзо реагирале и веднаш повикале екипи за итна помош.

По пристигнувањето на лекарите, било утврдено дека детето не дише. Извршена е реанимација, по што момчето веднаш било пренесено во болница.

Детето е во критична состојба и е хоспитализирано на одделението за детска интензивна нега.

Балкан

Д-р Аргирова од Софија: Луѓе од нашиот персонал ги прекинаа одморите за да помогнат на настраданите од Кочани

Published

on

Настраданите во кочанската трагедија, кои се згрижени во бугарската болница „Пирогов“, се во стабилна, но сѐ уште тешка состојба. Некои од нив започнуваат да се подобруваат.

Третманот за лица со сериозни изгореници може да трае месеци и бара специјализиран тим и строга организација.

Ова го објасни професорката Маја Аргирова, која раководи со Клиниката за изгореници во Пирогов. Таа сама презема третман на девет пациенти повредени во дискотеката, а истовремено се грижи и за други пациенти со тешки изгореници од цела Бугарија.

„Пациентите со обимни изгореници бараат долготраен третман. Современите методи го скратуваат времето, но тоа трае од еден месец до месец и половина, а понекогаш и два или три месеци. Тоа е огромен предизвик за целиот тим на клиниката. Во такви моменти, сите се посветуваат и го прекинуваат одморот. Членовите на тимот кои не се на распоред веднаш реагираат“, изјави професорката Аргирова за БТВ.

Continue Reading

Балкан

На денешен ден: Масакрот во Загоричани – трагедија што не смее да се заборави

Published

on

На 25 март 1905 година, во селото Загоричани, Костурско, се случил еден од најкрвавите настани во историјата на македонскиот народ во Егејска Македонија. Грчки вооружени чети, познати како андарти и фанариоти, извршиле масакр врз локалното македонско население, при што биле убиени околу 100 жители, меѓу кои жени, деца и старци. Овој напад бил дел од пошироката стратегија за елиминирање на македонскиот идентитет во регионот на егејска Македонија.

Знаме на Цариградската патријаршија и Каравангелис

Костурскиот митрополит Германос Каравангелис, кој бил митрополит на Цариградската патријаршија, одиграл клучна улога во организирањето на овој напад. Неговата соработка со грчките националистички чети и османлиските власти резултирала со насилства врз македонското население кое не ја прифаќало грчката црковна и национална пропаганда. Каравангелис бил познат по своите напори за елинизирање на македонските села и спречување на нивното преминување кон новоформираната Егзархија. Митрополитот на Цариградската патријаршија Германос Каравангелис бил своевиден водач на четите пратени од Фанар и од стара Грција.

Овој трагичен настан оставил длабоки траги во колективната меморија на македонскиот народ. Во спомен на масакрите во Загоричани создадена е македонската народна песна „Народе македонски“. Песната повикува на будење и освестување на македонскиот народ, истакнувајќи ја потребата за зачувување на националниот идентитет и достоинство. Таа ги опишува страдањата на населението во Загоричани и ги повикува Македонците да се сетат на своите корени и да не дозволат повторување на такви трагедии.
Песната „Народе македонски“ останува важен дел од македонското културно наследство и често се изведува како потсетник на историските страдања и борбата за слобода и самобитност.

Познати изведувачи како Симеон Гугуловски, Александар Сариевски и Васка Илиева ја имаат интерпретирано оваа песна, пренесувајќи ја нејзината порака до новите генерации. Денес, се сеќаваме на жртвите од овој трагичен настан и ја истакнуваме важноста на зачувувањето на историската вистина и сеќавањето на страдањата на македонскиот народ во борбата за својата национална самобитност.

Continue Reading

Балкан

(Фото) Мистериозна сина светлина над Балканот, граѓаните шокирани, што вештачката интелигенција вели дека всушност виделе на небото

Published

on

Бројни граѓани од Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија синоќа на социјалните мрежи масовно споделија слики и видеа од необичен феномен на небото – спирално сино светло кое исчезна толку брзо како што се појави! Во примарниот недостаток на идеи за тоа што би можело да биде, беше прашана и вештачката интелигенција и одговорот се совпадна со теоријата на голем број луѓе.

Појавата, во најмала рака, предизвика голем интерес кај оние кои го забележаа, но и кај оние што ја видоа необичната снимка благодарение на фотографиите на Интернет.

Теориите беа многубројни, а немаше недостиг од емоции, почнувајќи од шок, страв, до целосно задоволство. Некои отидоа дотаму што рекоа дека им е „чест да бидат присутни на тоа“.

Некои, пак, не сакаа да останат без решение на мистеријата, па се обратија за помош на вештачката интелигенција.

“Овој феномен на небото се појавува како спирала од светлина, што може да биде резултат на лансирање ракета или сателит. Таквите спирали често се гледаат кога горивото или издувните гасови од ракетните мотори ја рефлектираат сончевата светлина во горниот дел од атмосферата. Слични феномени се забележани по лансирањето на ракетите SpaceX или други вселенски летала. Ако фотографијата е направена неодамна, можно е да е поврзана со едно од поновите лансирања“, се наведува во одговорот.

Ваквото објаснување дефинитивно им одговара на дел од граѓаните кои мислеа дека токму тоа е во прашање.

Имено, според Business Insider, со оглед на описот и претходните слични појави, многу е веројатно дека станува збор за истекување гориво од неодамна лансирана ракета SpaceX од Флорида. Имено, „SpaceX“ ја лансираше својата ракета „Falcon 9“, а лансирањето се случи од базата на вселенските сили во Калифорнија. Последното вакво лансирање се случи во саботата, кога слични појави беа забележани и на небото.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк