Connect with us

Црна Хроника

Млад возач прегази жена во Тетово

Published

on

policija

Вчера во 13.10 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосница од улица „Благоја Тоска“ со улица „Киро Ристовски Дрнц“ во Тетово, товарно возило „пежо“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(20) од село Мала Речица, тетовско, удрило во пешакот Ф.Д.(43) од Тетово.

Во несреќата со тешки повреди се здобила Ф.Д., констатирани во Клиничка болница Тетово.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Тетово. 

Црна Хроника

Ќерката на газдата на ,,Дискотеката на смртта” ја подигнала лажната лиценца, уапсена е и сопругата

Published

on

Сопругата и ќерката на сопственикот на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов – Деко, синоќа се приведени, неофицијално објавуваат повеќе медиуми.

Во акцијата при приведувањето одземени се пет телефони, а тие сѐ уште се наоѓаат во полиција.

Според информациите, фалсификуваната лиценца за работа на дискотеката која што е издадена во времето на министерот за економија Крешник Бектеши, ја земала ќерката на Јованов.

Полицијата врши претреси во другиот објект сопственост на газдата на дискотеката „Пулс“ и влезе за претрес во службените простории на Државен пазарен инспекторат во Кочани.

Дејан Јованов-Деко, кој сега е притвор, беше закупец на дискотеката Пулс во која во пожарот животот го загубија 59 млади лица. Тој го управуваше и кафулето „Класик“ во трговскиот центар во Кочани, како и со подружницата на Карго експрес за Кочани и Виница.

Извор: expres.mk

Continue Reading

Црна Хроника

Шокантната вест се прошири пред малку: Притворен Дени Масев!

Published

on

Поранешниот македонски репрезентивец Дени Масев пред една недела завршил во притвор, информира „Слободен печат“.

Извори за „Слободен печат“ потврдуваат дека Масев во моментов се наоѓа во притвор, а според неофицијалните информации, тој се поврзува со групата на Раде Трајковски – Штекли, кој беше уапсен на почетокот на годинава под сомнение за трговија со дрога.

Масев беше разрешен од ФФМ во октомври минатата година од страна на претходното раководство, но на почетокот од јануари оваа година повторно беше именуван за директор на А-репрезентацијата на Македонија. Сепак, по акцијата на МВР во која бил притворен, како што дознаваме, Масев сега повторно е разрешен од функцијата спортски директор на А-репрезентацијата, воопшто не приклучувајќи се ниту на актуелниот собир на националниот тим.

Како што пренесува „Слободен печат, засега нема официјални информации од Обвинителството за што точно е осомничен Дени Масев.

Continue Reading

Црна Хроника

Приведени сопругата и ќерката на сопственикот на дискотеката „Пулс“ во Кочани

Published

on

Сопругата и ќерката на сопственикот на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов – Деко, синоќа се приведени, неофицијално дознава Нетпрес. Одземени се пет телефони. Тие сѐ уште се наоѓаат во полиција.

Според информациите што ги имаме, фалсификуваната лиценца за работа на дискотеката која што е издадена во времето на министерот за економија Крешник Бектеши, ја земала ќерката на Јованов.

Полицијата утрово врши претреси во другиот објект сопственост на газдата на дискотеката „Пулс“ и влезе за претрес во службените простории на Државен пазарен инспекторат во Кочани.

Дејан Јованов-Деко, кој сега е притвор, беше закупец на дискотеката Пулс во која во пожарот животот го загубија 59 млади лица. Тој го управуваше и кафулето „Класик“ во трговскиот центар во Кочани, како и со подружницата на Карго експрес за Кочани и Виница.

Извор: НетПрес

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк