Connect with us

Македонија

Муцунски: Во 14 европски држави се хоспитализирани 116 пациенти, продолжуваме со целосна поддршка

Published

on

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска одржа прес-конференција на која информираше за тековните активности и мерки преземени од Министерството во врска со згрижувањето и поддршката на македонските граѓани повредени во пожарот во Кочани, кои во моментов се хоспитализирани во 14 европски држави.

„Преку Кризниот штаб и нашите дипломатско-конзуларни претставништва направивме сè што е во рамките на нашите надлежности и можности – и ќе продолжиме со истата посветеност сè додека не обезбедиме најдобра можна помош и грижа за нашите сограѓани повредени во трагичниот настан во Кочани“, истакна министерот Муцунски.

Тој информираше дека вкупно 116 пациенти се хоспитализирани во 14 држави, од кои за 38 лица медицинската грижа е обезбедена преку Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија, активиран веднаш по несреќата од страна на Владата на Република Северна Македонија.

Министерот изрази посебна благодарност за брзата и ефикасна реакција на Кризниот штаб во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, кој во координација со дипломатските мисии и сите надлежни институции овозможи транспорт на пациентите до странски болници во најкус можен рок и според највисоките медицински стандарди.

Според податоците што беа презентирани, во Србија се лекуваат 31 пациент, во Бугарија 15, во Турција и Грција по 12, во Шпанија 7, во Австрија и Унгарија по 6, во Хрватска 5, а по 4 пациенти се згрижени во Белгија, Литванија, Италија, Словенија и Шведска. Во Полска се лекуваат 2 пациенти. Дополнително, Чешка и Израел испратија медицински тимови, а Романија, Луксембург, Норвешка и Финска обезбедија логистичка поддршка за транспортот на повредените.

Министерот Муцунски нагласи дека лично ги посетил болниците во Солун, Софија, Белград, Загреб, Виена и Љубљана, и најави посета на Будимпешта во наредните денови.

„Се сретнав со нивните семејства и со медицинскиот персонал, од кои добив детални информации за здравствената состојба на секој пациент. На најблиските им пренесов дека државата стои целосно зад нив, додека на здравствените работници им изразив длабока благодарност за пожртвуваноста и професионалноста во битката за спасување животи. Исто така, реализирав  средби со моите колеги министри за надворешни работи и здравство, на кои упатив благодарност за солидарноста и подготвеноста да помогнат во овие исклучително тешки моменти. Нивната поддршка ни значи многу – не само од медицински аспект, туку и како израз на блискост, човечност и пријателство“, рече Муцунски.

Тој потенцираше дека трошоците за лекувањето на пациентите се покриени од страна на државите-домаќини, додека Владата на Република Северна Македонија ги покрива сите трошоци за пат, сместување и логистика за семејствата. Министерството, преку своите дипломатско-конзуларни претставништва, е во постојана комуникација со семејствата и со надлежните здравствени институции во странство, а дежурните телефонски броеви на Министерството и Службата за општи и заеднички работи остануваат достапни за сите потреби и информации.

„Во овие моменти на длабока тага, наша обврска е да останеме целосно посветени, одговорни и хумани – насочени кон поддршка на семејствата на починатите и на повредените. Подготвени сме да продолжиме со иста решителност и ангажман во обезбедувањето на брза, ефикасна и достоинствена здравствена грижа“, додаде министерот.

На крајот, Муцунски упати благодарност до сите вработени во здравствениот систем, кои покажаа исклучителна пожртвуваност и професионалност. Тој истакна дека веднаш по завршувањето на прес-конференцијата, во Министерството ќе се одржи координативен состанок за организација на претстојната репатријација на пациентите кои ќе завршат со лекување во странство, како и на нивните семејства.

Македонија

Шести април нов датум за реизбор на Филипче за претседател на СДСМ

Published

on

На шести април СДСМ ќе ги оддржи внатрепартиските избори на СДСМ за лидер на партија, на кои единствен кандидат е актуелниот лидер Венко Филипче, објави 24Вести.

ЦО на партијата го потврдила новиот датум откако СДСМ го одложи реизборот на Филипче, поради трагедијата во Кочани, а кои требаше да се одржат токму на 16 март.

Continue Reading

Македонија

Таравари: Во „Влен“ се подготвуваме за локалните избори, останувам министер за здравство

Published

on

Министерот за здравство Арбен Таравари вечерва рече дека засега останува да биде министер за здравство, иако дел од медиумите објавија информации дека ќе ја напушти коалицијата „Влен“. 

– Засега, да. Во „Влен“ се подготвуваме за локалните избори. Нормално, внатре во коалицијата сме во процедура на договарање и во Владата мислам дека стабилна е состојбата така што продолжувам да бидам министер за здравство и се надевам дека ќе изнајдеме најдобро можно решение сите страни да бидат задоволни, изјави Таравари во вечерашното гостување во централниот дневник на телевизија „Сител“. 

Continue Reading

Македонија

22 годишно момче, втор пациент кој се лекува во странство, попладнево слета на скопскиот аеродром

Published

on

Доцна попладнево во Скопје се врати и вториот од пациентите кои беа испратени на лекување во странство, од повредените во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, објави Телма.

Министерот за здравство Арбен Таравари рече дека станува збор за 22 годишно момче, кое било лекувано на Клиниката за Пластична хирургија од која и било испратено на лекување во Атина.

Таравари напомена дека според протоколите тоа повторно ќе биде примено на Пластична хирургија и изрази надеж дека по 24 часовниот мониторинг ќе биде пуштено на домашно лекување.

 

 

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк