Connect with us

Европа

Одобрено: Германија започнува сериозно да се вооружува

Published

on

Горниот дом на германскиот парламент, Бундесрат, денеска го одобри со двотретинско мнозинство потребното изменување и дополнување на Основниот закон, што го овозможи планираното задолжување за одбрана и инфраструктура.

Ова беше последната парламентарна пречка за проектот кој предвидува попуштање на „кочницата на долгот“, поголема потрошувачка за одбрана и посебен фонд од 500 милијарди евра за инфраструктура и заштита на климата, пренесува Билд.

Двотретинското мнозинство во Бундесратот долго време се сметаше за неизвесно, бидејќи не беше јасно како ќе гласаат владите на германските сојузни покраини во кои има претставници на Левицата (Die Linke), FDP, Слободните гласачи и Сојузот на Сара Вагенкнехт (BSW).

Конзервативните демохристијани (CDU/CSU) и социјалдемократите (SPD) претходно со двотретинско мнозинство, со помош на Зелените, ја одобрија реформата во долниот дом на германскиот парламент, Бундестагот. Фаворитот за позицијата канцелар на Германија, Фридрих Мерц, тогаш изјави дека планираното зголемување на германската потрошувачка за одбрана и економски раст претставува пресврт за европската безбедност.

„Години живеевме во лажно чувство на безбедност“, изјави Мерц во обраќањето пред Бундестагот.

Тој нагласи дека одлуката за зајакнување на одбранбената подготвеност претставува „прв голем чекор кон нова европска одбранбена заедница“ во која можат да бидат вклучени и земји надвор од Европската унија.

Европа

Руски војници се отруле додека биле на тајна мисија? Доктор ги покажал последиците, светот за прв пат гледа вакво нешто (ФОТО/ВИДЕО)

Published

on

Руски војници наводно претрпеле досега невидено труење на белите дробови откако ползеле низ гасоводна цевка долга 16 километри за да ја нападнат Украина.

Тие биле испратени на необична мисија на почетокот на овој месец низ напуштена цевка близу Суџа, во руската област Курск, со цел незабележително да се приближат до непријателските линии.

Многу од војниците загинале во конфликтот, а бројни преживеани сега патат од хемиски пневмонитис – акутно воспаление на белите дробови предизвикано од вдишување на токсични супстанци. Лекарите откриле дека состојбата на војниците се влошувала со текот времето.

„The Sun“ известува дека во јавноста излезе видео на еден лекар кој изјавил дека лечел војник кој поминал низ цевката, првобитно изградена за снабдување на Европа со руски гас. Кога бил прашан дали ќе се опорави, лекарот рекол:

„Ова го гледаме прв пат. Прв пат во светот, навистина.“

Лекарот покажал снимки од отруените бели дробови на војникот, споредувајќи ги со бели дробови на лице кое има пневмонија. Еден лекар поврзан со чеченската единица Ахмат потврдил дека трупите претрпеле двоен удар – недостаток на кислород и труење со гас.

„Тие страдаа од хипоксија и труење со непознат гас во цевката. Направивме наша метода на лекување. Прво спроведовме детоксикациска терапија и ги исчистивме белите дробови на пациентите од ситни честички. Разредивме слуз до максимум и направивме честичките да излезат од белите дробови заедно со слузта“, изјавил тој.

Кремљ молчи за труењето на војниците

Тајната мисија прв пат била откриена кога се појавија снимки кои покажуваат руски трупи како ползат низ тесна цевка со пречник од 1,5 метар – проколнувајќи ги своите команданти и жалејќи за исцрпеноста.

„Глупава проклета мисија. Ни ги зедоа проклетите автоматски пушки“, се слушало како еден војник вика.

Мисијата наводно вклучувала околу 100 руски војници кои ползеле километри под првата линија на фронтот.

Киев тврди дека 80 од 100 војници загинале во нападот. Мисијата наводно траела една недела, вклучувајќи два дена ползење и четири дена чекање во заседа. Рускиот Телеграм канал „Romanov Light“ тврди дека трупите биле „отруени со метан“ и дека имале многу малку храна и вода за време на мисијата.

Continue Reading

Европа

Зеленски ги откри тајните планови на Путин: Што планираат русите напролет?

Published

on

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија се подготвува за две нови големи пролетни офанзиви во регионите Суми и Харков. Во интервју за „Фигаро“, Зеленски посочи дека рускиот претседател Владимир Путин се обидува да „купи време“ за подготовка на нова фаза од војната.

„Можам да потврдам дека Путин се обидува да добие време и се подготвува за пролетна офанзива. Ние ја следиме ситуацијата и ги гледаме подготовките за оваа иднина операција“, изјави Зеленски.

Тој додаде дека украинските разузнавачки служби ги споделиле сите информации со западните сојузници.

„Мораме да внимаваме. Путин подготвува нови офанзиви, особено во Суми и Харков“, предупреди тој.

Зеленски исто така нагласи дека Русија првично ја планирала операцијата пред осум месеци, но беше спречена од украинската контраофанзива во областа Курск.

Пред девет дена, портпаролот на украинската оперативно-тактичка група Север, Вадим Мисник, изјави дека има зголемено присуство на руски единици долж границата со Суми, кои претходно учествувале во борбите во Курск.

Два дена подоцна, на 20 март, Зеленски изјави дека Русија собира сили на фронтот кај Суми, обидувајќи се да ја пробие украинската одбрана од насоката на Курск. Во исто време, тој истакна дека украинските сили „неочекувано преземаат чекори во друга насока“.

Украинскиот функционер Андриј Демченко изјави пред три дена дека руските диверзантско-разузнавачки групи се обидуваат да ја прошируваат својата зона на операции кон внатрешноста на Сумската област, префрлајќи ги борбите од Курск на украинска територија.

Continue Reading

Европа

Бран отпуштања во Германија! Илјадници работници во неизвесност!

Published

on

Германските компании планираат отпуштања, а состојбата на пазарот на трудот се уште е тешка, е заклучокот од извештајот што денеска го објави Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен за март.

Вредноста на индексот, кој ја мери подготвеноста на компаниите за отпуштања и вработувања, благо падна во март од 93 поени во февруари на 92,7 поени.

Ситуацијата на пазарот на трудот е сè уште сложена, а невработеноста најверојатно ќе продолжи благо да расте, коментира менаџерот за истражување на IFO, Клаус Ворабе.

Најмногу отпуштања се планирани во индустријата. Овој тренд трае речиси две години и ги засега речиси сите компании од секторот.

Давателите на услуги, исто така, станаа повнимателни во планирањето на персоналот. Состојбата во малопродажбата е нешто подобра, но многу трговци сепак сакаат да го намалат бројот на вработени.

Засега не се планирани поголеми промени во градежната индустрија, јавува Танјуг.

Поради слабите економски перспективи, се очекува бројот на невработени во Германија да продолжи да расте оваа година и за прв пат по десет години да ја надмине бројката од три милиони, објавија медиумите претходно.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк