Connect with us

Спорт

Голот на Миовски е втор најубав гол во квалификациите (ВИДЕО)

Published

on

Македонската фудбалска репрезентација оствари убедлива победа од 3-0 на гостувањето против Лихтенштајн во првото коло од квалификациите за Светското првенство. Нашите фудбалери доминираа на теренот во Вадуц, а посебно внимание привлече третиот гол на натпреварот, дело на Бојан Миовски.

Голот на Миовски, постигнат по мајсторска асистенција од Бојан Илиевски, не само што ја осигура победата за Македонија, туку беше прогласен за еден од најубавите голови во ова коло, освојувајќи второ место во изборот за најатрактивен погодок.

0:00 / 0:00

15 seconds

15 seconds

Спорт

Дејан Георгиевски побеник на Опен Скопје

Published

on

Дејан Георгиевски, македонскиот олимписки медалист од Токио успеа на Македонија да донесе ново злато во таеквондо и уште еднаш да покаже дека е еден од најдобрите во светот.

Македонецот денеска успеа да го освои Опен Скопје Г1, што носи бодови за остварување на олимписката норма.

На овој турнир кој се одржа викендов во Скопје учествуваа таеквондисти од 40 земји, а денеска Георгиевски просто воодушеви со својата борбеност и победа во финалето против Куецуеексунгур од Германија, па на 2:0 за Георгиевски, противникот го предаде мечот поради повреда и тоа во втората рунда.

Continue Reading

Спорт

Реал Мадрид планира огромно засилување, замена за легендарниот Лука Модриќ

Published

on

Реал Мадрид покажува интерес за ангажман на плејмејкерот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш. Според извештаите на „Дејли Стар“, португалскиот фудбалер се гледа како потенцијален наследник на 39-годишниот Лука Модриќ на позицијата играч за врска.

Трансферот на Фернандеш во Реал Мадрид се проценува на околу 90 милиони фунти. Иако тренерот Рубен Аморим сака да го задржи играчот во Манчестер Јунајтед, клубот има за цел да генерира дополнителни приходи и да ги намали оперативните трошоци.

Во тековната сезона, Фернандеш има настапено на 44 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 16 голови и исто толку асистенции. Неговиот актуелен договор со Манчестер Јунајтед трае до летото 2027 година.

Continue Reading

Спорт

Хет-трик на Давид Тошевски за триумф на Клагенфурт!

Published

on

Македонскиот напаѓач Давид Тошевски одигра блескав натпревар во австриската Бундеслига, постигнувајќи хет-трик во победата на Клагенфурт со 2:3 на гостувањето кај Хартберг.

Тошевски беше апсолутен херој на својот тим, реализирајќи три гола со кои Клагенфурт успеа да го совлада Хартберг во драматичен натпревар. Со оваа победа, тимот освои значајни три бода, а македонскиот напаѓач уште еднаш покажа дека е во одлична форма.

Со овој перформанс, Тошевски испраќа силна порака до селекторот на македонската репрезентација, најавувајќи дека ќе биде сериозен кандидат за настап во следните меѓународни дуели.

Браво, Давид!

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк