Connect with us

Економија

Скопските станови по цени како на остров во Карипското море – сомнежи за градежен картел?!

Published

on

И покрај намалените трошоци на градежните материјали и за вработените, цените на становите продолжуваат да растат. Огромните профити на градежните инвеститори ги отвораат сомнежите за неформално „картелско градежно здружение“, велат синдикатите и дел од архитектите за „РСЕ“. Од Комисијата за заштита на конкуренција велат ќе реагираат кога ќе имаат сознанија или сериозни сомнежи за договарање меѓу конкурентни компании.

Со бели плажи, тиркизна вода и убаво време во текот на целата година, Аруба е остров во јужниот дел на Карипското море, каде со просечна плата од околу 2.300 евра може да се купи стан со просечна цена од 2.295 евра за метар квадратен, покажуваат податоците на светската дата база Нубио.

Слично како во Скопје, само без плажи и море, каде просечна цена на метар квадратен на стан во центарот на градот се движи од 2 до 3 илјади евра, ама просечната плата е 708 евра. Или, цената на квадратот е речиси иста, само што кај платите се три пати помали.

Некои од големите станови во Аруба што се полуксузни и поблиску до плажата се продаваат и за 4 илјади евра од метар квадратен, колку што е цената за квадратен метар за становите покрај Охридското Езеро или во луксузните апартмани на Водно, Карпош или пак строгиот центар на Скопје, покажуваат податоците од агенциите за недвижности.

Македонските институции веќе 4 години по ред ги кријат официјалните цени на пазарот со недвижнини, со тоа што не објавуваат извештаи од Регистарот на Агенцијата за катастар, каде просечната цена се добива врз база на склучените договори за продажба на станови.

Но, понудите од агенциите за недвижности покажуваат дека цените за метар квадратен во Скопје се движат од најмалку две илјади евра во Аеродром и Кисела Вода до 2700 во Центар и Карпош за ново изграден стан.

Три години потрага по „нормална“ цена на стан

Високите цени на становите во Скопје не ја откажаа од намерата 58 годишната штипјанка Катерина да трага по стан со „нормална цена“.

  • Пред три години кога почнав да барам стан, цената почна полека да расте, си мислев дека нема да порасне повеќе, се надевав ќе се намали. Но, баш напротив, во тие три години уште повеќе порасна цената метар квадратен. Ми се зголеми и киријата, ми требаше да купам стан, кога веќе плаќам, да и остане нешто на ќерка ми“, вели Катерина.

Економија

Тргнува исплатата на пензиите, а потоа доаѓа и ново покачување

Published

on

Согласно законот пензионерите ќе добијат пензии на првиот работен ден следниот месец, па така февруарската пензија согласно законот би била достапна на 3 март.

Сепак некои општоодговорни македонски банки пензиите ги исплаќаат предвреме.

Исто така од април, мартовската пензија се очекува да биде повисока линеарно за сите пензионери за уште 2.500 денари. За сето ова наскоро ќе одлучи Собранието, откако ќе бидат донесени измените.

Continue Reading

Економија

Доаѓа ли нов термин за евтина струја? РКЕ анализира промени во тарифите!

Published

on

evn

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) повторно разгледува можност за воведување дополнителни часови со евтина тарифа за електрична енергија. Овој процес беше одложен минатата година поради нестабилните цени на берзите, но сега се прават нови анализи за тоа дали и кога може да се прошири периодот на поевтина струја.

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски, објаснува дека во текот на денот, од 10 до 16 или 17 часот, цената на струјата на берзите е два до три пати пониска од ноќната цена, која достигнува пик во периодот од 19 часот до полноќ.

„Постои можност во текот на денот да се зголеми бројот на часови со евтина тарифа, но за сметка на намалување на евтината тарифа од 22 до 24 часот. Знаеме дека потрошувачите имаат стекнати навики, па затоа ги правиме овие анализи. Во септември ќе имаме појасна слика како ќе постапиме“, изјави Бислимовски.

Дополнително, од РКЕ најавуваат нов начин на читање на броилата, со што ќе се елиминираат паушалните сметки. Броилата ќе се читаат еднаш месечно, а во наредните две до три години сите броила ќе имаат можност за далечинско отчитување.

Минатогодишниот обид за проширување на евтината тарифа пропадна откако цените на струјата надминаа 100 евра за мегават-час. Иако Европската енергетска заедница посочи дека високиот распон на цените се должи на слабата енергетска поврзаност во регионот, РКЕ не се согласи со оваа оценка.

Во моментов, цената на струјата на берзата ХУПЕКС се движи околу 100 евра за мегават-час, а конечната одлука за евтината тарифа ќе се знае наесен.

Continue Reading

Економија

Неделен извештај за тргувањето на Македонската берза – 24.03.2025 – 28.03.2025

Published

on

Скопје, 28 март 2025 година – Македонската берза го заврши тргувањето за периодот од 24 март до 28 март 2025 година со вкупен промет од 93.083.683 денари.

Динамика на тргување и пазарни движења

Во текот на неделата беа реализирани 314 трансакции, сите на официјалниот пазар, кој бележи целосен обем на тргување во износ од 93.083.683 денари.

Најголем дел од прометот доаѓа од суперкотирачките и берзански котирачки компании, со умерена активност кај останатите котации.

Најтргувани акции

1. Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – промет од 33.124.470 денари, со последна цена на акцијата од 29.498 денари.

2. Алкалоид АД Скопје (ALK) – промет од 12.426.791 денари, со последна цена на акцијата од 27.500 денари.

3. Стопанска банка Битола (SBB) – промет од 8.052.875 денари, со последна цена од 3.300 денари.

Најголеми добитници на неделата

1. ТТК Банка АД Скопје (TTK) – пораст од 5.11%, со последна цена од 1.997 денари.

2. НЛБ Банка АД Скопје (TNB) – пораст од 1.72%, со последна цена од 59.100 денари.

3. Макпетрол АД Скопје (MPT) – пораст од 0.86%, со последна цена од 106.000 денари.

Најголеми губитници на неделата

1. Алкалоид АД Скопје (ALK) – пад од 2.65%, со последна цена од 27.500 денари.

2. Гранит АД Скопје (GRNT) – пад од 1.59%, со последна цена од 1.860 денари.

3. Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – пад од 1.01%, со последна цена од 29.498 денари.

Блок трансакции

Во овој период не се забележани блок трансакции, а целиот промет е резултат на класични пазарни трансакции на официјалниот пазар.

Неделата 24.03.2025 – 28.03.2025 беше динамична, со значаен промет и тргување кај повеќе високоликвидни хартии од вредност. ТТК Банка АД Скопје и НЛБ Банка АД Скопје беа најголемите добитници, додека Гранит и Алкалоид забележаа пад во својата пазарна вредност.

Овој извештај е подготвен врз основа на официјалните податоци од Македонска берза, а е изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк