Connect with us

Спорт

Македонија до 16: 2:0 победа над Киргистан

Published

on

Репрезентацијата на Македонија до 16 години оствари победа со 2:0 над соодветната селекција на Киргистан во вториот контролен натпревар што го одигра нашата селекција во Сиде, Анталија.

Македонија беше подобар противник во текот на целиот натпревар. Покрај двата постигнати погодоци во првото полувреме, нашите млади фудбалери пропуштија неколку извонредни прилики.

Фадил Исламовиќ со гол од пенал во 12. минута ја доведе Македонија во предност. Сонер Ракипи во 18. минута погоди за предност од 2:0, по една добра акција изведена од нашите фудбалери.

Бленди Љачка имаше одлична прилика да го зголеми нашето водство, шутирајќи одлично од 20 метри, но голманот на Киргистан со добра интервенција го сочува својот гол. Во нова добра можност за гол се најде Дејан Спасевски, но немаше среќа да погоди.

Првиот контролен натпревар во Сиде, Анталија, младата репрезентација на Македонија го одигра против Русија. На тој тест меч, селекцијата на Русија забележа победа од 3:0.

Контролен натпревар во Сиде, Анталија;

Репрезентации до 16 години:

Македонија – Киргистан 2:0 (2:0);

Македонија: Ринор Цека, Васко Папалиски, Грегоријан Михајловски, Давор Јорданов, Михаил Митревски, Дејан Спасевски, Бленди Љачка, Арда Иљазовски, Фадил Исламовиќ, Сонер Ракипи, Вулнет Амети;

Резерви: Иван Стоилковски, Лука Грчевски, Давид Лиотоски, Божидар Гогачевски, Мелдин Аломеровиќ, Аријан Рамадани, Марко Мирчевски, Горјан Петковски, Лука Георгиевски, Алекса Јазагиќ, Стефан Јордановски, Коста Бошковски Андреј Цветковски;

Селектор: Драган Начевски;

Спорт

Емотивен момент на дербито Пелистер – Вардар во Битола (ВИДЕО)

Published

on

Емотивен момент во 59. минута од натпреварот меѓу Пелистер и Вардар, во рамките на 25. коло на Првата фудбалска лига (ПМФЛ).

По 59 минути тишина, како почит за жртвите на трагедијата во Кочани, навивачите од „Чкембарите“ започнаа со колективен аплауз, кој беше поддржан од сите присутни гледачи. Се обележи момент на солидарност, а со оглед на тоа што натпреварот беше во прекин (Вардар се подготвуваше да изведе корнер), актерите на теренот ја поддржаа оваа емотивна гест, аплаудирајќи заедно со публиката во траење од речиси две минути.

Погледнете го видеото:

0:00 / 0:00

15 seconds

15 seconds

Continue Reading

Спорт

Салах доби огромна понуда од Саудиска Арабија: Колку ќе заработува Салах на секои 60 минути доколку се согласи на ова?

Published

on

Мохамед Салах сè уште не го потпишал новиот договор со Ливерпул, што значи дека на лето може да замине како слободен агент.

По заминувањето на Нејмар, клубот Ал-Хилал од Саудиска Арабија има амбиции да доведе нова голема ѕвезда, а изборот е токму египетскиот репрезентативец.

Ал-Хилал му понудил неверојатни 100 милиони евра годишно, понуда која тешко ќе може да се одбие.

Очигледно, Ливерпул и ниту еден друг европски клуб нема да бидат во можност да му понудат слична понуда, што значи дека Салах најверојатно ќе се пресели во Саудиска Арабија.

Доколку прифати понудата, тој ќе заработува приближно 11.400 евра секој час.

Continue Reading

Спорт

ВИДЕО: Нокаут кој се гледа само еднаш во 100 години! Како е возможно вакво нешто?

Published

on

На синоќешниот настан „Xtreme Fighting Championship 52“ во Ајова, САД, се случи спектакуларен нокаут што веднаш стана хит на социјалните мрежи.

Дебитантскиот настап на 25-годишниот Американец, Јарон Латроп, ги воодушеви сите љубители на боречките спортови. Тој го нокаутираше Украинецот Евгениј Шинкаревски на неверојатен начин.

Шинкаревски, кој настапуваше под знамето на Израел и досега имаше две победи без пораз, не успеа да издржи ниту една рунда против Латроп. Американецот ја заврши борбата во првата рунда со фантастичен потег. Кога Шинкаревски го блокираше неговиот „среден удар“, Латроп се сврти со неверојатна техника и со десната нога го удри противникот во глава.

Иако Шинкаревски сѐ уште беше свесен, Латроп не ја пропушти шансата и веднаш се упати кон него, продолжувајќи со дополнителни удари, што ја заврши борбата.

Сето ова предизвика неверување кај коментаторите, а видеото од овој неверојатен момент стана вирално.

Погледнете го видеото во продолжение:

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк