Connect with us

Балкан

Милорад Додик побегна од налогот за апсење, откриено е и во која држава се наоѓа во моментов

Published

on

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, соопшти дека се наоѓа во Израел, пренесува БГНЕС. На 24 март, тој беше во Белград заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ, каде ја одбележаа годишнината од воздушната операција на НАТО против режимот на Слободан Милошевиќ во Сојузна Република Југославија.

Не е јасно кога точно Додик отпатувал за Израел, но во моментот се наоѓа во Ерусалим. Ова патување се случува по издавањето на налог за апсење од Судот на Босна и Херцеговина (БиХ), поради обвиненијата за поткопување на уставниот поредок.

„Израел покажува дека слободата и безбедноста немаат цена, а народот кој знае кој е, нема да дозволи да биде мета или потчинет. Како што Израел се брани без извинување, така и Република Српска ја брани својата независност и правото да одлучува за својата иднина, чувајќи го заветот на своите предци. Србите и Евреите споделуваат истата историја на преживување на обиди за уништување, и затоа се разбираме и сме заедно“, изјави Милорад Додик во соопштение објавено од неговата партија СНСД.

Во исто време, Граничната полиција на Босна и Херцеговина започна истрага за тоа како Додик ја преминал државната граница со Србија.

На 24 март во Бања Лука, Додик најави „дипломатска офанзива“ од политичкото раководство на Република Српска, која вклучува средби со „светски лидери“, за да ги објасни своите политички потези, кои доведоа до најголемата криза во БиХ по потпишувањето на Дејтонскиот договор во 1995 година. Властите на Република Српска усвоија низа антиуставни закони со кои се забранува работата на државните и судските институции на БиХ на територијата на српскиот ентитет.

Балкан

Амабсадорот на САД во Белград ги крстил своите кучиња “РАКИЈА” и “ПИВО”

Published

on

Марк Брнович беше предложен од американскиот претседател Доналд Трамп за амбасадор на САД во Србија. Брнович изјави дека отсекогаш имал сон народите од Балканот да имаат претставник во Вашингтон, како дел од неговата визија за подобрување на врските меѓу регионот и САД.

Новиот амбасадор на САД во Србија, Марк Брнович, откри дека неговите кучиња се викаат „Ракија“ и „Пиво“. Ова го сподели во една од неговите објави, додавајќи дека тие се дел од неговото семејство и лична приказна.

Брнович има татко Црногорец и мајка Хрватка, и се гордее со своето балканско потекло. Неговата мајка емигрирала во САД за да избега од комунизмот, а Брнович како дете живеел во Аризона.

Continue Reading

Балкан

Масовни протести во Истанбул поради апсењето на Имамоглу: Се намалува поддршката за Ердоган

Published

on

Истанбул е во центарот на политичките тензии, откако стотици илјади луѓе излегоа на улиците во знак на протест против апсењето на градоначалникот Екрем Имамоглу. Демонстрациите, иницирани од лидерот на истанбулскиот огранок на опозициската Републиканска народна партија (CHP), Озгур Челик, се претворија во масовно движење кое добива поддршка низ цела Турција.

„Можат да нè затворат, но џабе“

Насобраните граѓани скандираа „Сè ќе биде во ред“, реченица која долго време е поврзана со Имамоглу, кој на 19 март беше приведен и суспендиран од функцијата. Пораката на протестот беше јасна: народот нема да молчи.

Иако властите не објавија официјални бројки, организаторите тврдат дека околу два милиона луѓе излегле на улиците, но независни проценки наведуваат бројка од околу 500.000.

Најневообичаен момент на протестите беше „присуството“ на самиот Имамоглу преку говор што беше емитуван со помош на вештачка интелигенција. Неговата порака беше јасна: „Можат да нè затворат, да нè судат – колку сакаат. Но, народот покажа дека е вистинскиот сопственик на државата“.

Зголемен притисок врз власта

Според турското Министерство за внатрешни работи, од почетокот на протестите биле приведени околу 1.900 лица, меѓу кои и неколку новинари. Властите уапсиле 260 демонстранти, но тоа не го спречи растечкиот револт против претседателот Реџеп Таип Ердоган.

„Економската ситуација е тешка, а правосудниот систем не функционира. Турција не може да напредува без правна сигурност“, изјави градоначалникот на Анкара, Мануср Јаваш, кој исто така побара ослободување на Имамоглу.

Поддршката за Ердоган опаѓа, а според најновите анкети, мнозинството граѓани ги поддржуваат протестите.

Опозицијата најавува нови чекори

CHP нема намера да застане – партијата најави продолжување на протестите, кои секоја среда ќе се одржуваат во Истанбул, а секоја сабота во различни градови низ Турција. Покрај тоа, ќе се спроведе кампања за собирање потписи со барање за оставка на Ердоган.

„Денес ја пишувате историјата и ја преземате иднината на Турција во свои раце“, изјави лидерот на CHP, Озгур Озел, нагласувајќи дека партијата ќе продолжи да се бори за демократија.

Во меѓувреме, CHP ја отвори внатрепартиската номинација за претседателски кандидат на целата јавност, а според нивните податоци, над 15 милиони граѓани веќе го поддржале Имамоглу како потенцијален противкандидат на Ердоган.

Турција влегува во нова ера на политичка неизвесност, а исходот од оваа криза би можел значително да го промени идниот политички пејзаж на земјата.

Continue Reading

Балкан

Состојбата во Босна и Херцеговина е алармантна: Започната евакуација во Приједор, поплавени повеќе од 800 објекти

Published

on

Ова го потврди началникот на Одделот за цивилна заштита во Приједор, Мирослав Крнета, за РТРС.

„Реката Сана започна да опаѓа. Водостојот беше 515 сантиметри, а сега е 456 сантиметри. Истото се случува и со реката Гомјеница. Реката Милошевица овој пат не предизвика проблеми благодарение на изградениот потпорен ѕид. По завршувањето на анализата на настапената штета, ќе имаме повеќе информации“, изјави Крнета.

Тој додава дека нов проблем се подземните води, кои започнале да излегуваат на места каде што досега не било случај. „Евакуирани се околу 145 лица, а оние кои немале каде да одат се сместени во хотелот Приједор. Поплавени се околу 800 објекти, а официјални податоци ќе имаме кога Град Приједор ќе формира комисија која ќе излезе на терен“, истакна Крнета.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк