Connect with us

Македонија

Плакета за храброста и стипендија за високо образование за Јован, предлог одлуката утре на седница на Советот на општина Виница

Published

on

На утрешната седница на Советот на Општина Виница ќе биде разгледан Предлог-актот со кој градоначалникот Миле Петков предлага да се додели Плакета за храброста и хуманоста на младиот Јован, во врска со трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Во истиот Предлог-акт се предлага советниците да го одобрат и да се додели стипендија за високо образование на Јован за период од 4 години.

-Сметам дека тоа е најмалку што можеме да направиме за нашиот херој кој спаси дваесетина лица во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, се вели во објавата на виничкиот градоначалник Петков.

Македонија

Ѓорѓиевски: Убеден сум во победа на изборите уште во првиот круг

Published

on

Одлуката за тоа кој ќе биде новиот градоначалник на Скопје ќе ја донесe Претседателот на партијата, анкетите, партиските органи како што доликува во демократскиот процес.

Сосема сум уверен дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја постигне победата на локалните избори, а во однос на тековните случувања во рамките на партијата, мислам дека не треба да се гледа на тоа како на внатрепартиска битка, туку како на процес на конструктивна конкуренција во кој сите вклучени личности се натпреваруваат преку конкретни покажани резултати, успешно спроведени проекти, иновации и идеи кои имаат реален придонес за доброто на граѓаните и развојот на градот.

Ова во интервју за ПРЕС24 го истакнува градоначалникот на Кисела Вода и прв човек на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски.

-Тоа што се случува во ВМРО ДПМНЕ, секако, се претставува како показател за партија која има здрав демократски капацитет, кој е основа за понатамошно продлабочување на политичката култура и издигнување на нивото на ефективноста на локалната самоуправа. Овој процес е доказ за зрелоста на партијата и е нешто што е во интерес на граѓаните, бидејќи само така ќе можеме да обезбедиме стратешки идеи и концепти кои ќе бидат реално имплементирани за напредокот на општеството, рече тој.

ПРЕС24: Годинава се локални избори. Ако ве прашам колку сте задоволни од мандатот, секако ќе кажете многу. Затоа ќе Ве прашам од што не сте задоволно, што не е сработено овие 4 години и зошто?

ЃОРЃИЕВСКИ: Во овие три години од мојот мандат, успеав да реализирам повеќе од 90 проценти од ветеното во програмата, и до крајот на мандатот целосно ќе ја реализирам целата програма. Меѓутоа, ако треба да посочам нешто што не сум задоволен, тоа се проектите кои требало да се реализираат во соработка со Град Скопје или оние што зависеле од Градот Скопје. Сметам дека целосното неработење и неактивноста на Град Скопје ја грди сликата на нашиот град и негативно влијае на развојот на одредени проекти кои не можевме да ги спроведам поради недостиг на ингеренции или соработка. Се надевам дека со локалните избори што доаѓаат оваа есен, за Скопје и за нашата општина ќе дојдат подобри времиња и подобра соработка, што ќе овозможи реализација на сите оние важни проекти кои сè уште чекаат на имплементација.

ПРЕС24:  Но, јавноста одамна препознава барем двајца претенденти за наследник на Данела Арсовска. Вие и Златко Перински. Кој ќе пресуди на крај?

ЃОРЃИЕВСКИ: Одлуката за тоа кој ќе биде новиот градоначалник на Скопје ќе ја донесe Претседателот на партијата, анкетите, партиските органи како што доликува во демократскиот процес. Истражувањата на јавното мислење, како и резултатите и досега постигнатото од секој поединец, ќе бидат од клучно значење. Работливоста, посветеноста, способноста да се завршуваат обврските и да се исполнуваат очекувањата на граѓаните, како и конкретните резултати во служба на истите граѓаните ќе бидат она што на крајот ќе пресуди и јас искрено верувам во нивната мудрост и проценка.

ПРЕС24: Му замерувате ли на премиерот што речиси секојдневно е во некаква пред кампања во која при посетите на општините десно од него е постојано присутен министерот. Точно тој ја има улогата на министер од оваа област, но, сепак, тоа може да се толкува како индиректна наклонетост?

ЃОРЃИЕВСКИ: Напротив, му се восхитувам на Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, кој од еден руиниран систем се обидува да создаде модерна држава и притоа да ја унапреди соработката меѓу централната и локалната власт. Неговото секојдневно присуство на терен, помеѓу граѓаните во различни општини, особено во презентирањето на новите проекти и отпочнувањето на нивната реализација, е доказ за неговата посветеност и ангажман за постигнување на резултати кои се во интерес на сите граѓани. Затоа, сметам дека оваа форма на соработка е и повеќе од добредојдена, бидејќи истовремено ја покажува сериозноста и одговорноста на Владата во напорите за модернизација на државата. Во Кисела Вода, како што многу добро знаете, со оглед на динамиката на нашата работа, Претседателот на Владата беше присутен во изминатите месеци неколку пати, придружуван од неколку министри кои на некој начин беа поврзани со проекти кои ги реализираме, што уште еднаш покажува дека заедничкото и координирано работење на локалната и централната власт е клуч за напредок и креирање на напредна и модерна држава.

ПРЕС24: Ако не победите за Скопје, ќе останете ли во игра за нов мандат во Кисела Вода?

ЃОРЃИЕВСКИ: Убеден сум во победа на изборите уште во првиот круг.

Целото интервју со него прочитајте го на ПРЕС24

Continue Reading

Македонија

19 километри незавршени: Одронот на земјиште дополнително ја одложува изградбата на патот Кичево-Дебар

Published

on

Патот Кичево-Дебар требаше да биде готов во 2015 година. По долго одложување, рокот првично беше одложен за ноември 2023 година. Потоа во 2024 година надлежните соопштија дека се работи за неколку месеци. На крајот, поради голем одрон, рокот беше до февруари 2025 година.

-Се наоѓаме на регионалниот пат Кичево-Дебар, поконкретно од село Извор до Дебарскиот мост. Овој пат е долг само 19 километри . Пред подолго време е започнат меѓутоа не е завршен. Пред 7 месеци градежната фирма за ТВ21 изјави дека февруари е рокот кога оваа улица ќе биде асфалтирана и дека ќе се пушти во употреба, но сега е месец март и дојдовме да видиме до каде се работите но како што се гледа патот не е асфалтиран и изграден е само еден дел, пренесува репортерката на ТВ21, Салије Садику Пињоли.

Од претпријатието „Илинден“ кое ги изведува работите велат дека рокот повторно е продолжен поради свлечиште, што го оневозможило асфалтирањето на отворената траса. Според нив, за надминување на овој проблем треба да се постават заштитни ѕидови со што ќе се зголеми цената за оваа улица.

Целиот текст на ТВ21

Continue Reading

Македонија

Приведен 23-годишен скопјанец: Од возило во движење испукал неколку куршуми во воздух

Published

on

Лишено од слобода лицето кое пукаше со пиштол во скопски Чаир.

На 30.03.2025 околу 08.00 во часот во СВР Скопје било пријавено дека било забележано дека на ул.”Цветан Димов” во населба Чаир, од возило “ауди а3” во движење со скопски регистарски ознаки биле испукани неколку куршуми во воздух.

Полициски службеници го обезбедиле местото и биле пронајдени пет чаури од гасен пиштол, додека по преземени мерки, бил пронајден А.Д.(23) од Скопје, лицето кое го управувало возилото. Со него бил извршен службен разговор, при што појаснил дека пукал од гасен пиштол “Зораки”, кој се наоѓал во неговиот дом на подрачјето на Чаир. По насоки од јавен обвинител, пиштолот бил одземен и против лицето се поднесени соодветни поднесоци.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк