Connect with us

Спорт

Македонија на чекор до победа, но Велс израмни во последната секунда

Published

on

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра 1-1 против Велс во второто коло од квалификациите за СП 2026, во натпревар полн со емоции, борбеност и драматична завршница.

По мирно прво полувреме, вистинската возбуда дојде во вториот дел. Дарко Чурлинов имаше одлична шанса во 65. минута, но голманот Карл Дарлоу одбрани. Велс возврати преку Бренан Џонсон, но Висар Муслиу спречи сигурен гол со блокада на самата гол-линија.

Македонија поведе во 90. минута по голема грешка на велшката одбрана, која ја искористи Бојан Миовски, стрелец што не простува такви прилики. Но, победата ни избега во последната секунда, кога Дејвид Брукс успеа да погоди за конечни 1-1.

По ова коло, Македонија и Велс имаат по четири бода, но нашата репрезентација е на првата позиција поради подобра гол-разлика. Во другата средба, Казахстан славеше против Лихтенштајн со 0-2.

Спорт

Хет-трик на Давид Тошевски за триумф на Клагенфурт!

Published

on

Македонскиот напаѓач Давид Тошевски одигра блескав натпревар во австриската Бундеслига, постигнувајќи хет-трик во победата на Клагенфурт со 2:3 на гостувањето кај Хартберг.

Тошевски беше апсолутен херој на својот тим, реализирајќи три гола со кои Клагенфурт успеа да го совлада Хартберг во драматичен натпревар. Со оваа победа, тимот освои значајни три бода, а македонскиот напаѓач уште еднаш покажа дека е во одлична форма.

Со овој перформанс, Тошевски испраќа силна порака до селекторот на македонската репрезентација, најавувајќи дека ќе биде сериозен кандидат за настап во следните меѓународни дуели.

Браво, Давид!

Continue Reading

Спорт

Емотивен момент на дербито Пелистер – Вардар во Битола (ВИДЕО)

Published

on

Емотивен момент во 59. минута од натпреварот меѓу Пелистер и Вардар, во рамките на 25. коло на Првата фудбалска лига (ПМФЛ).

По 59 минути тишина, како почит за жртвите на трагедијата во Кочани, навивачите од „Чкембарите“ започнаа со колективен аплауз, кој беше поддржан од сите присутни гледачи. Се обележи момент на солидарност, а со оглед на тоа што натпреварот беше во прекин (Вардар се подготвуваше да изведе корнер), актерите на теренот ја поддржаа оваа емотивна гест, аплаудирајќи заедно со публиката во траење од речиси две минути.

Погледнете го видеото:

0:00 / 0:00

15 seconds

15 seconds

Continue Reading

Спорт

Салах доби огромна понуда од Саудиска Арабија: Колку ќе заработува Салах на секои 60 минути доколку се согласи на ова?

Published

on

Мохамед Салах сè уште не го потпишал новиот договор со Ливерпул, што значи дека на лето може да замине како слободен агент.

По заминувањето на Нејмар, клубот Ал-Хилал од Саудиска Арабија има амбиции да доведе нова голема ѕвезда, а изборот е токму египетскиот репрезентативец.

Ал-Хилал му понудил неверојатни 100 милиони евра годишно, понуда која тешко ќе може да се одбие.

Очигледно, Ливерпул и ниту еден друг европски клуб нема да бидат во можност да му понудат слична понуда, што значи дека Салах најверојатно ќе се пресели во Саудиска Арабија.

Доколку прифати понудата, тој ќе заработува приближно 11.400 евра секој час.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк