Connect with us

Свет

Трамп предлага прекинување на финансирањето за медиумските сервиси

Published

on

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека „многу би сакал“ да го прекине финансирањето на американскиот јавен радио сервис Ен-пи-ар (NPR) и јавната телевизија Пи-би-ес (PBS), кои ги обвинува дека се „многу пристрасни“.

-Ќе ми биде чест да ставам крај на тоа – им рече Трамп на новинарите во Белата куќа.

Американските јавни медиуми, со понизок рејтинг од нивните европски колеги, долго време се мета на клевети од конзервативците, кои ги обвинуваат дека се „премногу левичарски“.

-Сите тие пари се фрлаат… И тие имаат многу пристрасен став – рече републиканскиот претседател.

Во истото обраќање до медиумите, Трамп го нападна главниот уредник на магазинот „Атлантик“, Џефри Голдберг, кој во понеделникот откри недостатоци во воената безбедност.

Според веб-страницата на јавниот радиодифузен сервис Пи-би-ес, структурата што ги дистрибуира федералните субвенции има буџет од приближно 500 милиони долари годишно, што беше одобрено од Конгресот за време на гласањето за буџетот.

Таа структура, Корпорацијата за јавна радиодифузија, наведува дека дава „повеќе од 70 отсто“ од своите субвенции на бројни локални радио и телевизиски станици, кои пак ги откупуваат правата за реемитување програми произведени од националните структури, Ен-пи-ар и Пи-би-ес.

Националната структура на Ен-пи-ар од своја страна наведува дека добива „околу еден процент“ од директните федерални субвенции и живее главно од реклами и програми купени од локалните станици.

Ен-пи-ар проценува дека 41 милион Американци, од вкупно 340 милиони жители, ги слушаат неговите програми секоја недела. Пи-би-ес проценува дека 36 милиони луѓе гледаат локална телевизија на нејзината мрежа секој месец.

Администрацијата на Трамп неодамна одлучи да ја распушти владината агенција која ги надгледува радио станиците Глас на Америка (ВоА), Радио Слободна Азија и Радио Слободна Европа/Радио Либерти.

Свет

Шведска инвестира 10 милиони долари за засолништа во случај на војна

Published

on

Шведска, која неодамна предупреди дека земјата треба да се подготви за можни конфликти, најави вложување од 10 милиони долари за проверка и обнова на засолништата за цивилна заштита.

По руската инвазија на Украина и загриженоста за поддршката на НАТО од страна на американскиот претседател Доналд Трамп, Шведска значително ги зголеми инвестициите во одбраната. Земјата располага со 64.000 засолништа, повеќе од која било друга држава, со капацитет за речиси седум милиони луѓе.

Агенцијата за цивилна заштита ги засили инспекциите на засолништата, кои обезбедуваат заштита од експлозии, радиоактивност, како и од хемиски и биолошки закани. Започнат е голем проект за модернизација на нуклеарните засолништа, кој ќе трае две до три години, а во 2025 година се планира замена на филтрите за заштита од хемиски и радиолошки опасности.

Премиерот Улф Кристерсон изјави дека Шведска „не е во војна, но нема ни мир“, посочувајќи на хибридни напади и потенцијални акти на саботажа. Владата планира да ја зголеми воената потрошувачка за 30 милијарди долари во следната деценија, а зајакнувањето на цивилната одбрана е дел од стратегијата за „целосна одбрана“ која беше обновена по анексијата на Крим во 2014 година.

Во меѓувреме, Данска најави набавка на нови ракети и 130 оклопни возила, што укажува на зголемена подготвеност на регионот за можни безбедносни закани.

Continue Reading

Свет

Американски милијардер со предупредување: Планот на Зеленски ќе резултира со само едно нешто

Published

on

Американскиот милијардер Дејвид Сакс верува дека планот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за завршување на конфликтот би можел да доведе до избувнување на Третата светска војна.

„Зеленски дојде во САД за да му го претстави својот широко рекламиран ‘план за победа’ на претседателот Бајден. Што вклучува овој план? 1) Итно членство на Украина во НАТО. 2) Ракетни напади со долг дострел. Со други зборови, трета светска војна“, напиша Сакс на својот профил на социјалната мрежа Х.

Сакс изрази надеж дека американскиот претседател се сеќава на причините поради кои одбил да го спроведе овој план на Зеленски.

Претходно, Зеленски изјави дека има план за прекин на конфликтот, но истовремено ја префрли одговорноста за неговото остварување на Бајден.

Рускиот претседател Владимир Путин истакна дека Украина не би можела да изведува напади длабоко во руска територија без помош од Западот, бидејќи тоа е возможно само со користење на разузнавачки податоци од сателити, кои Украина не ги поседува, но НАТО ги има. Путин нагласи дека земјите на НАТО не само што ја разгледуваат можноста за користење западно оружје со долг дострел од страна на Киев, туку фактички одлучуваат дали ќе се вклучат директно во украинскиот конфликт или не. Рускиот лидер истакна дека Москва ќе носи одлуки врз основа на заканите што ќе бидат создадени за Русија.

Continue Reading

Свет

Вознемирувачко видео: Баба и две девојчиња останале со денови заробени под рушевините, снимиле видео кое ја покажуваат нивната агонија

Published

on

Снимка по разорниот земјотрес во Мјанмар ja открива агонијата низ која поминала семејството заробено под урнатините од зградата.

Снимката покажува две девојчиња на 13 и 16 години, како и нивната крвава баба во просторија полна со урнатини, по силниот земјотрес што го погоди Мјанмар во петокот.

Тие останале заробени додека бегале од својот стан на шестиот кат во вториот најголем град во земјата, Мандалај, близу до епицентарот на земјотресот, и трчале кон скалите за итни случаи.

Таткото на девојчињата во почетокот мислел дека неговите ќерки и мајка му загинале и испратил апел на социјалните мрежи да се најдат нивните тела.

Среќа што тие биле живи и успеале да земат телефони пред зградата да се урне.

„Моите ќерки снимија видеа, мислејќи дека ако тие и баба им загинат, можеби нивните телефони ќе бидат пронајдени и дека ќе ги видат родителите“, напишал таткото.

Тој рекол дека тие дури чуле и други луѓе заробени под нив во урнатините од зградата.

„Тие се повикуваа едни на други одозгора и одоздола, но не беше можно да се чуе звук однадвор. Како што поминуваа часовите, тие беа разочарани и се држеа за раце со баба им, плачејќи“, рекол тој.

Среќа што по неколку часа драма, спасувачите успеале да ги најдат и со помош на чекан направиле мала дупка за да им достават вода, но морале да отидат по дополнителна опрема.

Оставени сами на некое време, девојчињата ја презеле контролата во свои раце и со чекан направиле отвор за своето бегство.

„Тие сакаа да направат поголем отвор за баба им, но големите камења биле премногу тешки и двете сестри не можеле да ги поместат“, пишува во објавата на таткото.

Спасувачите се вратиле и успеале да ги спасат девојчињата. Нивната баба (75) се борела за воздух и не можела да помине низ отворот, но на крајот и таа била спасена.

Ќерките, по спасувањето, му раскажале на таткото што поминувало низ нивните глави.

„Во моментот кога цела надеж беше изгубена, ја наведнав главата во знак на почит и благодарност кон Буда што ни овозможи нашето семејство да преживее заедно“, му рекла една од ќерките.

Според последните податоци, повеќе од 2.700 луѓе загинале во Мјанмар по земјотресот, додека најмалку 18 лица загинале во Тајланд.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк