Connect with us

Македонија

Кривична пријава против четворица охриѓани за сторено кривично дело лихварство, изнудиле скоро 18 милиони денари

Published

on

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.С.(34), А.Б.(28), Е.Б.(30), Н.Ј.(33), сите од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „лихварство“ по член 260 од кривичниот законик.

Во периодот од 2021 до 2024 година, пријавените во повеќе наврати на лице од охридско, преку неговата невенчана сопруга, му давале пари на заем, а после тоа договарале за себе несразмерна противправна имотна корист и со присилба им изнудиле вкупно 17.990.000 денари.

Парите, освен што биле уплаќани на сметките на пријавените, биле уплаќани и на сметките на други лица.

Македонија

Драма во судница: Палчо исфрлен од рочиштето!

Published

on

Игор Ефтимов, адвокатот на Влатко Кешишев, побара првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо да не присуствува на денешното рочиште во кое Кешишев треба да даде исказ за настанот околу грабнувањата и убиствата на Панче Жежовски и на Вања Ѓорчевска.

Адвокатот Ефтимов го побара ова поради тоа што како што кажа „пред него Кешишев немало да ја зборува вистината“. 

Адвокатот на Палчо, Јовица Страшевски се противеше на ова барање.

„Јас се противам на ваквиот предлог од причина што нема потреба од вакви драми и сцени. Истиот може да ја зборува вистината ако ја знае и искрено да си ја каже. А, на Љупчо Палевски мислам дека со тоа би му било оневозможено да го следи исказот и потоа да поставува прашања. Едно јас како бранител да го следам исказот, а друго е кога обвинетиот би го следел и би поставувал прашања кон обвинетите“, рече Страшевски. 

Палевски, пак реагираше дека Кешишев се служи во невистини.

„Изнесува факти кои не постојат. Заборави да приложи писмо или пишана изјава од мене со која сум го терал Кешишев да ја потпише. Ова е вторпат пред судот да изнесува лаги, без притоа да приложи било каков доказ дека јас сум давал искази/писма кои требало да се препишат во име на обвинетиот. И затоа го молам судот да бидам присутен, бидејќи на претходните испрашувања не добив ниту еден укор дека сум прекинувал или влијаел на процеси на давање на исказ на обвинетите. Може и со грб кон мене да биде свртен, мене не ми е важно да слушнам што ќе каже“, рече Палчо. 

Согласно член 391 став 4, Судот донесе решение обвинетиот Љупчо Палевски – Палчо се оддалечува од судница, рече судијата Ивица Стефановски. 

На 25.11 Палчо му дал на Кешишев изјава да ја препише и да ја достави до судот додека во комбе се превезувале од затвор кон суд. Со тоа Палчо влијаел врз Кешишев и поради тоа судот одлучи за мерка за оддалечување на Палчо од судницата.

Адвокатот на Палчо, Страшевски исто така најави напуштање на судењето. 

„Јас ќе го напуштам судењето. Ниту е утврден стравот од доктор или вешто лице, но судот да носи вакви одлуки е срамно. Срамот е само на збор кажан, без докази. Ова е само една приказна, која за жал, судот ја прифати. Невозможно е вакво решение да се носи само со зборови од една страна. Во ваква атмосфера јас како бранител на Палевски не можам да учествувам во ваква хајка и драма која непотребно се прави. Барам да повикаме вешто лице да изврши испитување и да видиме дали има страв да говори пред Палевски, а нема страв и понатаму да одговара во постапката на прашања од Палевски“, рече Страшевски. 

Судија Стефановски: „Судот го предупредува адвокатот дека ќе биде парично казнет доколку го напушти судењето, и ќе биде избран судија по службена должност. 

Судот донесе решение дека не се прифаќа предлогот на адвокатот Страшевски да се донесе вешто лице за да се утврди дали на обвинетиот му е страв.

Извор: ТВ21

Continue Reading

Македонија

Изгласани измените за забрана за употреба на пиротехника во затворен простор

Published

on

Собранието доцна синоќа донесе девет закони по скратена постапка. Меѓу нив и измените со кои се воведува забрана за употреба на пиротехника во затворен простор, како одговор на трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 59 лица.

Со измените се предвидува зголемување на прекршочните глоби, а повторен прекршок носи и притвор. Полицијата ќе има зголемени надлежности за превенција на нарушувања на јавниот ред.

Донесени се и други измени, вклучително во законите за образованието, субвенциониран студентски оброк и безбедност и здравје при работа. Не беа прифатени амандманите за зголемување на субвенцијата за студентски оброк, а дел од пратениците ги критикуваа и промени во Законот за основно образование.

Continue Reading

Македонија

ВИКЕНДОВ „СИБИР“ ДОАЃА КАЈ НАС: Се очекува и снежна прекривка!?

Published

on

Метеоролозите предупредуваат. Многу студен, сибирски бран пристигнува на Балканот и во Македонија.

Со слична прогноза се и од УХМР, од каде велат дека од недела ќе имаме пад на температурите.

Со подетални прогнози излегоа Славчо Попоски и балканските метеоролози. Велат дека ќе имаме и снежна прекривка.

„Како среде зима, многу ладниот период, вообичаен за декември и за јануари почнува од овој викенд…на Метеоролошката карта можете да ја видете очекуваната снежна покривка за време на овој многу ладен воздух кој ќе се спушти кај нас директно од Сибир“, вели Попоски.

„За жал за сите овоштари, лозари, земјоделци и пчелари, нема промени или олеснувања во моделите во однос на упадот на поларниот вртлог кој ни доаѓа директно од Сибир во недела на 6.04.2025 година, и ќе остави многу траги на вашата вегетација“, велат метеоролозите од Балканот.

од УХМР го најавуваат истото. 

„Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Утре и во четврток ќе има изолирана појава, а од петок на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Од недела температурите ќе бидат во опаѓање“, велат од УХМР.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк