Connect with us

Магазин

Македонија меѓу земјите со најголем напредок во демократијата во 2024

Published

on

Според Индексот на демократија за 2024 година на Economist Intelligence Unit, најголем пораст на демократијата е забележан во следните земји:

1. Либија – пораст од 0.53 поени (од 1.78 на 2.31)

2. Сенегал – пораст од 0.45 поени (од 5.48 на 5.93)

3. Португалија – пораст од 0.34 поени (од 7.75 на 8.08)

4. Латвија – пораст од 0.28 поени (од 7.38 на 7.66)

5. Литванија – пораст од 0.28 поени (од 7.31 на 7.59)

6. Македонија – пораст од 0.25 поени (од 6.03 на 6.28)

7. Демократска Република Конго (ДР Конго) – пораст од 0.24 поени (од 1.68 на 1.92)

8. Јордан – пораст од 0.24 поени (од 3.04 на 3.28)

9. Чад – пораст од 0.22 поени (од 1.67 на 1.89)

10. Полска – пораст од 0.21 поени (од 7.18 на 7.40)

Извор: Economist Intelligence Unit – Democracy Index 2024

Дизајн: Visual Capitalist (Voronoi)

Магазин

Овој хороскопски знак има 1.000 лица – токму поради ова го обожаваат сите жени!

Published

on

Тоа е како да имате впечаток дека тој има ист вкус како и вие, се смее на истите шеги, се облекува исто и го сака истиот амбиент.

Со Водолија имате чувство дека сте нашле личност со многу широки интереси, афинитети и суптилни желби: кога разговарате со него, веднаш забележувате дека „говорите ист јазик“.

Тој на изглед има исти вкусови како и вие, се смее на истите шеги, се облекува исто и ужива во истите работи.

Никогаш не ви е тешко да се согласите со него и неговото присуство ви годи.

Со други зборови, со Водолија стекнувате впечаток дека сте во друштво на „вистинската личност“.

Меѓутоа, проблемот е што со него така се чувствуваат сите жени, и затоа нема ништо што е различно или посебно за вас.

Водолија е вистински камелеон кој се труди да угоди на сите и да направи секој да се чувствува добро во негово друштво.

За да го запознаете подобро, мора да поминете низ оваа втора фаза: еден ден ќе покаже незаинтересираност за нешто што ви се допаѓа или ќе изрази желба која вам не ви одговара, што значи дека полека започнува да се отвора.

Но, дури и тогаш, ќе се обиде да ви покаже само дел од она што навистина мисли или чувствува.

Неговата тенденција е да живее неколку живота одеднаш – по еден за секој амбиент, за секоја група пријатели или за секоја од неговите желби и интереси.

Ако сакате да го видите вистински заљубен, ќе мора да го почекате денот кога ќе биде подготвен да ви се покаже целосно, без никакви цензури, со сите негови илјада лица и кога ќе ви раскаже што прави и како се чувствува кога не е со вас.

Continue Reading

Магазин

Навлекува беда и долгови: Многу луѓе ја чуваат оваа работа во паричникот, а не знаат дека носи сиромаштија

Published

on

Дали и вие го имате во вашиот паричник?

Ако сакате да ви доаѓаат пари сами од себе, тогаш треба да ги почитувате, пренесува „Atma“.

Постојат некои работи на кои треба да внимавате, а една од нив е да во паричникот никогаш не носите сметки! Тоа привлекува енергија на плаќање во вашиот живот и постојано ќе морате да трошите пари за нешто.

Во паричникот треба да имате само пари и банкарски картички, а сè друго е најдобро да го носите во нешто друго. Важно е и да во него секогаш имате малку повеќе пари од планираното. Ова привлекува подобри финансии во вашиот живот.

Исто така, не е сеедно дали сте го купиле паричникот сами или ви бил даден како подарок. Препораката е сами да го изберете и купите, за да го сакате и со радост да чувате пари во него. Секако, избегнувајте да купувате веќе користени паричници, бидејќи никогаш не знаете каков претходен сопственик имал и каква енергија носи.

Меѓутоа, експертите истакнуваат дека постои уште една важна работа кога станува збор за паричникот – а тоа е бојата! Според елементот на вашиот хороскопски знак, треба да изберете боја за паричникот.

Црвена – за луѓе чиј елемент е оган или земја (за вода и метал има послабо дејство) – оваа боја од минатото е позната по тоа што привлекува богатство и изобилие. Брзо ја неутрализира негативната енергија.

Темно сина – за луѓе чиј елемент е дрво или вода – оваа боја симболизира изобилие, а паричникот во оваа боја не треба да го имаат луѓе родени во елементот оган или метал.

Црна – за луѓе чиј елемент е дрво или вода – во паричникот од оваа боја треба да ги чувате парите ако сакате да привлечете благосостојба во вашиот живот.

Кафеава – за луѓе чиј елемент е земја или метал – оваа боја носи богатство и е најчеста кај паричниците, но не треба да ја имаат луѓе родени во елементот оган или вода.

Зелена – за луѓе чиј елемент е дрво или оган – оваа боја е одличен избор ако сакате нов финансиски почеток, без оглед на тоа што се случувало во минатото, пишува „Најжена“.

Continue Reading

Магазин

Луѓето кои го имаат овој број во датумот на раѓање се миленици на судбината, ги чека само среќа и благосостојба

Published

on

Лудa среќа и благосостојба во животот ги придружуваат сите оние кои во датумот на раѓање го имаат овој број.

Нумеролозите истакнуваат дека низите на броеви во датумот на раѓање можат да влијаат на нашата судбина, иднина, карактер и односи.

Сепак, меѓу разноврсните низи, броеви и комбинации на цифри, посебно се издвојуваат броевите 1, 2, 12, 21, 11 и 22.

Низите на броеви со единица и двoјка се сметаат за ангелски низи – броеви кои симболизираат почеток, рамнотежа, хармонија и добра надеж.

Нумерологијата открива каква среќа ги придружува во животот оние кои во датумот на раѓање имаат броеви 1, 2, 12, 21, 11 и 22!

Број 1 во датумот на раѓање

Енергијата на бројот 1 симболизира зголемени способности за управување и лидерски квалитети. Лицата со овој број имаат зголемено самопочитување и сила на волјата, но и оригинален пристап во сè што прават во животот. Имаат остро око за детали, па својот живот најчесто го бојат со позитивни и убави нијанси на оптимизам. Често се чувствителни и склонни кон скривање на чувствата, но во љубовта се искрени, отворени и верни.

Број 2 во датумот на раѓање

Ова се чувствителни души со развиена интуиција. Имаат топла природа и големо срце, а нивната најубава особина е разбирањето, што ги прави одлични пријатели. Двојките се многу социјални и отворени за нови познанства. Често се во центарот на вниманието, но никогаш не паѓаат во замката на егото. Нивната тајна се крие во неверојатната харизма.

Број 11 во датумот на раѓање

Лицата кои се родени на 11-ти ден од месецот се големи сонувачи, но и одлични лидери во својот бизнис. Нивната природа има силна духовна страна и многу се чувствителни. Имаат силен темперамент, но сè што прават претходно добро го проценуваат и размислуваат. Тоа се креативни души кои вечно живеат во некој свој, посебен свет, но знаат кога е време да се вратат во реалноста и да го остварат својот сон.

Број 12 во датумот на раѓање

Тие се одликуваат со неверојатна физичка и ментална енергија и опуштена природа. Собирањето на бројките 1 и 2 го дава еден од најсреќните броеви – тројката. Тоа значи дека овие личности имаат среќен дух, но се и многу решителни и храбри. Имаат способност да се претстават во најдобро светло и да остават добар впечаток. Нивниот талент најчесто е поврзан со комуникација или пишување. Во љубовта се многу нежни и емотивни, но имаат и развиена еротска енергија и страст.

Број 21 во датумот на раѓање

Вашата немирна и авантуристичка природа постојано ве поттикнува да истражувате нови хоризонти на животот. Соочени со проблеми, покажувате опуштен став и, наместо да паничите, наоѓате начини да дојдете до решение. Одлични сте соговорници и енергични. Подложни сте на успони и падови, но кога паѓате, полесно се издигнувате.

Број 22 во датумот на раѓање

Способни сте за големи работи во животот и преземате одговорност напорно работејќи на своите цели. Во раниот дел од животот сте склонни да бидете тврдоглави и да ги потиснувате чувствата, но зрелоста ви носи леснотија на духот. Имате моќна внатрешна сила и харизма. Овие личности се стремат кон креирање на подобар свет и убаво утре. Нивната мисија секогаш е за општото добро.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк