Connect with us

Економија

Неделен извештај за тргувањето на Македонската берза – 24.03.2025 – 28.03.2025

Published

on

Скопје, 28 март 2025 година – Македонската берза го заврши тргувањето за периодот од 24 март до 28 март 2025 година со вкупен промет од 93.083.683 денари.

Динамика на тргување и пазарни движења

Во текот на неделата беа реализирани 314 трансакции, сите на официјалниот пазар, кој бележи целосен обем на тргување во износ од 93.083.683 денари.

Најголем дел од прометот доаѓа од суперкотирачките и берзански котирачки компании, со умерена активност кај останатите котации.

Најтргувани акции

1. Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – промет од 33.124.470 денари, со последна цена на акцијата од 29.498 денари.

2. Алкалоид АД Скопје (ALK) – промет од 12.426.791 денари, со последна цена на акцијата од 27.500 денари.

3. Стопанска банка Битола (SBB) – промет од 8.052.875 денари, со последна цена од 3.300 денари.

Најголеми добитници на неделата

1. ТТК Банка АД Скопје (TTK) – пораст од 5.11%, со последна цена од 1.997 денари.

2. НЛБ Банка АД Скопје (TNB) – пораст од 1.72%, со последна цена од 59.100 денари.

3. Макпетрол АД Скопје (MPT) – пораст од 0.86%, со последна цена од 106.000 денари.

Најголеми губитници на неделата

1. Алкалоид АД Скопје (ALK) – пад од 2.65%, со последна цена од 27.500 денари.

2. Гранит АД Скопје (GRNT) – пад од 1.59%, со последна цена од 1.860 денари.

3. Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – пад од 1.01%, со последна цена од 29.498 денари.

Блок трансакции

Во овој период не се забележани блок трансакции, а целиот промет е резултат на класични пазарни трансакции на официјалниот пазар.

Неделата 24.03.2025 – 28.03.2025 беше динамична, со значаен промет и тргување кај повеќе високоликвидни хартии од вредност. ТТК Банка АД Скопје и НЛБ Банка АД Скопје беа најголемите добитници, додека Гранит и Алкалоид забележаа пад во својата пазарна вредност.

Овој извештај е подготвен врз основа на официјалните податоци од Македонска берза, а е изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје.

Економија

Пијалаците и рестораните поскапуваат – цените на ноќевањата исто растат!

Published

on

Државниот завод за статистика (ДЗС) објави дека индексот на цените на угостителските услуги во март 2025 година во однос на истиот месец лани е зголемен за 6,9 отсто, а во споредба со февруари 2025 година, е зголемен за 1 процент.

Поскапени се алкохолните, безалкохолни пијалаца, ноќевањата.

Истото важни и за храната во рестораните. Статистика со месеци регистрира поскапувања во овој сектор.

Continue Reading

Економија

Трамп испрати важна порака до светот, доколку сакате да се збогатите, сега е вистинското време

Published

on

Американскиот претседател Доналд Трамп денес им се обрати на инвеститорите, истакнувајќи дека, во услови на нестабилност на пазарите предизвикана од неговите нови царини кои ги воведе ширум светот, сега е идеално време за инвестирање во Соединетите Американски Држави.

„За сите инвеститори кои доаѓаат во САД и вложуваат големи суми пари – моите политики нема да се променат. Ова е одлично време за збогатување, повеќе од било кога досега!“, напиша Трамп на платформата Truth Social.

Неговата изјава следува во период кога глобалните пазари бележат пад поради ескалацијата на трговската војна помеѓу САД и Кина, а значителни загуби се регистрираат на клучните берзи во Лондон, Франкфурт и Њујорк.

Continue Reading

Економија

Фамилија Ѓорѓиевски од Скопје се преселиле во село – денес се пример за успех во земјоделството и инспирација на младите

Published

on

Пред десет години, Далибор и Виолета Ѓорѓиевски ја напуштиле својата државна работа во Скопје и се преселиле во родното село на Виолета, Браилово, Општина Долнени, со една цел – да создадат свое земјоделско стопанство. Одлучиле да започнат од нула, со визија за стабилна и независна иднина преку земјоделска работа.

Денес, нивниот син Ивица (25) и неговата сопруга Валерија (22) се веќе втора генерација млади земјоделци кои со гордост го продолжуваат семејниот пат.

„Моите родители беа вработени во јавниот сектор, но платите доцнеа и немаа сигурност. Затоа решивме да се вратиме на земјата, да работиме свое и да си градиме иднина со сопствени раце“, раскажува Ивица за Agrotim.mk

Фото- Агротим.мк

Тутунот – главен двигател на успехот

Поради недостиг на сопствена земја, фамилијата Ѓорѓиевски изнајмувале од 3 до 5 хектари за производство на тутун. Во последните години ја зголемиле површината за тутун и ангажираат и сезонски работници. Минатата година произвеле дури 12 тони висококвалитетен тутун, со влажност од 15%, што според Ивица е резултат на континуирани вложувања во скелиња, најлони и други репроматеријали.

„Задоволни сме од производството – се исплати. Има добра цена и субвенции, но за да се добие квалитет, мора да се вложи. Целта ни е секогаш врвен квалитет, кој треба и да биде соодветно платен“, вели Ивица за Agrotim.mk

На само 25 години, Ивица и 22-годишната Валерија целосно му се посветиле на земјоделството. За нив, животот во село нуди повеќе можности отколку работата во фабрика или заминувањето во странство.

фото – принтскрин агротим.мк

Иднината е во село

Фамилијата Ѓорѓиевски нема дилеми околу својата иднина. Селото Браилово, кое е на само 18 километри од Прилеп, им нуди сѐ што им е потребно – добра инфраструктура, вода, продавници и мирен живот.

Во новата сезона веќе имаат подготвен расад и планираат да ги зголемат обработливите површини. За да го зголемат квалитетот и рентабилноста на производството, неодамна со сопствени средства купиле нов трактор.

Со вакви млади семејства, кои со љубов, визија и труд го градат својот пат, македонското земјоделство би имало силна надеж и светла иднина.

Целата инспиративна приказна на семејството Ѓорѓиевски може да ја прочитате на Agrotim.mk.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк