Connect with us

Република

Коњановски од трибините: Поддршка за Пелистер во дербито против Вардар!

Published

on

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, беше меѓу најгласните поддржувачи на фудбалскиот клуб Пелистер во големото македонско дерби против Вардар.

„Пелистер е гордост наша! Поддршка за уште една победа во дербито на Македонија против големиот ривал Вардар! Само еден тим! Само еден град! Само Пелистер! Само Битола!“, напиша Коњановски, истакнувајќи ја својата верност кон битолскиот клуб.

Дербито помеѓу Пелистер и Вардар отсекогаш било повеќе од обичен натпревар – тоа е судир на традицијата, гордоста и фудбалската историја. Со преполни трибини и атмосфера на вриење, Битола уште еднаш докажа дека живее за фудбалот.

Република

Вработување во Тетово со средно: Плата 29.000 денати плус бонуси

Published

on

Експанда ДООЕЛ е водечка дистрибутерска компанија во Македонија и ексклузивен дистрибутер на Филип Морис ТКП од 2014 година. Нашиот успешен тим е составен од вработени кои имаат знаења, вештини и тежнеат кон тимската работа па со своите резултати поставуваат високи стандарди во компанијата. Во моментот бараме мотивирани кандидати кои би се приклучиле на тимот за продажба на IQOS™ уред од категоријата производи со намален ризик на компанијата Philip Morris International. 

Што претставува IQOS™?

IQOS™ е револуционерен производ на компанијата Philip Morris International кој, за разлика од обичните цигари кои го согоруваат тутунот, работи на принцип на загревање на тутунот. За повеќе информации за производот посетете го сајтот www.pmiscience.com/our-products/platform1.

Како IQOS™ Продажен експерт ќе бидете одговорни за:

  • Едукација на полнолетни пушачи за IQOS/LIL SOLID на продажното место; 
  • Продажба на IQOS/LIL SOLID уреди и други поврзани производи во согласност со планот за продажба;
  • Овозможување корисничка поддршка за купувачите на IQOS/LIL SOLID уредот;
  • Грижа за асортиманот и уредите на продажното место.

Доколку сте:

  • Комуникативни, убедливи и ориентирани кон потребите на потрошувачите;
  • Насочени кон остварување резултати, организирани и структурирани во работењето;
  • Ориентирани кон иновации и нови технологии;
  • Тимски ориентиран со желба за работа во динамична средина.

И поседувате:

  • Најмалку IV степен стручна подготовка (пожелно универзитетска диплома);
  • Познавање англиски јазик (основно ниво на познавање);
  • Познавање други јазици (албански, турски-пожелно но не обврзувачки);
  • Познавање MS Office (основно ниво на познавање);
  • Искуство во продажба или маркетинг (пожелно во малопродажба).

Ние ви нудиме: 

  • Одлични услови за работа, иновативна средина и развој во динамичен тим; 
  • Нето месечна заработка од 29.300 МКД + атрактивен месечен бонус до 18.000 МКД во зависност од работниот учинок;
  • Работно време: 40 часа неделно, во смени. 

Пријавете се со праќање на вашата лична биографија преку полето Брза. Рок за доставување пријави e до 19.04.2025. година.

Доколку сте заинтересирани може да аплицирате тука

Continue Reading

Република

Битолскиот Музеј блеска со реконструираната фасада

Published

on

Битолскиот Музеј доби нов, свеж изглед со реконструираната фасада, која ја врати некогашната величественост на ова значајно културно-историско здание. Со обновени декоративни елементи и автентична боја, објектот повторно станува архитектонски бисер на градот.

Погледнете ја галеријата со фотографии од обновениот музеј:

Фото: Апла.мк

Continue Reading

Република

Градоначалникот Коњановски на средба со Советот за превенција од детско престапништво

Published

on

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес имаше средба со претседавачот на Општинскиот совет за превенција од детско престапништво, м-р Жанета Ристевска, и членовите на ова тело, на која беа разгледани Програмата на Советот и планираните активности за 2025 година.

Средбата се фокусираше на важноста од континуирано делување за проценка на состојбата со малолетничко престапништво на територијата на општината и подигнување на свеста во заедницата за оваа проблематика. Акцентирано беше и на воспоставување координирана соработка со институциите кои го третираат овој проблем на национално, регионално и општинско ниво.

Градоначалникот Коњановски го поздрави и успешниот уметнички настан што се одржа синоќа во Офицерскиот дом, организиран од Советот за превенција од детско престапништво Битола и Центарот за поддршка на деца и лица со попреченост „Сложувалка срце“. Овој настан им овозможи на учениците од основните училишта „Св. Кирил и Методиј“, „Коле Канински“ и ресурсниот центар „Кочо Рацин“ да ги оживеат познатите уметнички дела во 3Д перформанс, покажувајќи огромен талент и креативност.

Во своето обраќање, м-р Жанета Ристевска истакна дека настанот беше резултат на трудот и мотивацијата на сите учесници, со цел да се стимулираат децата да го искористат своето слободно време за градење креативни и трајни уметнички дела. Таа нагласи дека ваквите активности играат клучна улога во превенцијата од детското престапништво, поттикнувајќи ги децата да го насочат својот потенцијал на позитивен начин.

Градоначалникот Коњановски им честита на сите кои беа дел од организирањето на овој значаен настан и нагласи дека Општина Битола продолжува да ја поддржува оваа важна иницијатива, која има значаен придонес за развојот на младите и за нивната интеграција во општеството.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк